Мистичен напиша:
Фаци у парк имало отсекогаш, искачањето у парк не е изум на помладиве генерации. И во мое време се "искачаше" и пред парк, и пред црква и пред "коцка" (легендарната коцка кај што е сега недовршената зграда на плоштад беше главна даркерска збирштина кога ти си имала 2 години). Али, никад не сум можел да го разберам тој животен стил, секогаш ми бил одбивен, како и фаците.
За ова болдираново, ќе вииш ти, расист!!! И со брат ти што ги реметефте Џанглис Мувмент коа играфме футбал у ЈБТ, уште ти неам простено!!!
Маја, убаа е темава, со старите форумџии исто така се муабетеше на темава, мило ми е што и на голем дел од новите деца им е по ќејф паркот.
Внуче и Псајтисфекш‘н дадоа ептем убави постови. БРАВО.
Хеппа Мистик, Маседонијан, рандом форумџика со фенси аватар4е... шо да ви праам вие продужете си на вашите фенси места, прајте стручен муабет за тоа кои акции ќе скокнат на берзата а кои ќе паднат, фаќајте врски за градежна дозвола и полемизирајте за тоа кој поквалитетно мести утакмици, старите магариња од Победа Прилеп или газдата на Македонија кој пропушти пола миљон евра од Шкендија на ланскиот куп.
Девојчињата не знам шо муабет праам, никогаш не сум можел да ги сфарам шмизлите шо за искачање од саат два се спремаат 3-4 саати и на крај ќе поделат 3-4 корпи и ќе се егонатрипаат до ПЛАФОН!
Ухх ептен накурч испадна мојоф пост.
Сајбер Боб, у Кочани убаво место е дворот на гимназијата, бидејќи тамошниот парк го запоседнаа фаци ко Мистичен и Маседонијан, т.е. нивните кочански верзии.
Сепак Споменикот горе на ридот е ULTIMATE THING!