Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сакам да се искапам само ама никако неможам да ја убедам мама:nesum:. Та немојт во лето да се капи од шо и е ладна водана, а не пак јас со моиве идеи.
Ак не планирам да се сопнам некако и така да си се искапам:pipi:
 
За сите охридски-туризам-хејтери

За Водици хотелските цени на пола

vodici.jpg

Охридските хотели, кои се членки на здружението ХОТАМ, ќе одобруваат попуст од 50 отсто на рецепциските цени за ноќевање со појадок за време на наредниот викенд, јави новинската агенција Макфакс.
ХОТАМ на овој начин сака да даде придонесе за традиционалната манифестација, што секоја година се одржува во Охрид по повод верскиот празник Водици и која во изминатите години беше масовно посетувана.

Попустот ќе важи од 17-20 јануари, а во тој период во Охрид ќе се организира и првиот меѓународен саем за туризам во Македонија.

Подетални информации може да се добијат на веб страната www.hotam.org а за резервациите може да се извршат преку директно телефонско јавување кај хотелите, соопшти Макфакс.


ohridnews.com
 
Секо лично мнение е субективно.
Летос бех на отмор во Македониа и сакам да кажем ,дека наимного ми ареса Охрид-чист , подреден, приатен, симпатични хора.
На второ место слагам Битола.
 
Уффф како би седнала во кола и би отишла чисто за еден ручек.

Расположени охриѓани за празников?:helou:
Некое местенце да препорачате, има нешто ново?
 
Кажете денес кој го фати крстот? :)

И да поможит празников охриѓани, за многу години да е :smir:
 
Крстот го фати Митко Топењчаров, по 4ти пат! Нека му е напомош!!!:smir:
 
Крстот го фати Митко Топењчаров, по 4ти пат! Нека му е напомош!!!:smir:

Нек му е напомош. Пошо четврти пат го фаќат, предлагам за архиѓакон да го поставиме, пошо е многу побожен чоек галиба. Или место Тимотеја, да го фрљат крстон догодина :)

За ногу години.
 
Господ знајт колку телевизори имат дома му Митко:icon_lol:

:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

Ај море,шо не е праведно,не е праведно. Од 100 души да се пријавет да скокет по крстон, и меѓу нив ниту еден Варошанец да немат,пак Варошанец ќе го фатит. Ај,нек му е бериќетна годинава и се то, ама '' останативе смртници'' ( читај, љуѓе шо не се од Варош ), не может на ред да дојдет
 
Еј господ да му е на помош... Ај нек му е, ама ако се толкави христијани ко шо се прает барем нека бидит фер плеј. Колку е христијански крстот со тактики и планирано да го фатиш?
 
Си ја бранат бе честа на варошон...
И после ќе сме го праеле Охрид атракција за водици?

NOT!

Дури вака немојме да се договориме..:pipi:
Абе искрено џабе другиве се фрлаат(обичните смртници) за водици кога се знајт шуш буш варошани аген:jaj:
 
Глеам ги ругате Варошаните..немат некој на форумов од таму? освен горенаведениот? :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom