Overclocking

  • Креатор на темата STOLE_MKD
  • Време на започнување

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
[Променет цитат, грешка беше претходниот :) ]

Мерак , не да си ќарил .
Твоја среќа. И гтс 250 е доста подобра од 8800ГТ .
А во која фирма се толку дарежливи , кажи , да купувам и ја тамо од сега.

И прв пат да чујам така од ич ништо да цркне графичка .
Си правел оверклок ???
Ако ме прочиташ убаво, ќе видиш дека никаде не сум пишал ДЕКА МИ ЦРКНАЛА ГРАФИЧКАТА :)

Јас ти викам, кажав дека нема звук од матичната, па они нешто испомешале (инаку графичката ми беше солза, за мерак, без никаков проблем) и се сјебале нешто дека демек ми е зезната графичката, и ми ја сменија :)

Само што ми ја сменија, доаѓам дома, гледам СУПЕР, нова графичка, ама звукот не го ни чепнале :) Им отидов пак, и сеа ми ставија и P5Q P45 матична :) (имав P5K SE P35)
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492

ЛОЛ солиден апгрејд поготво матичната, каде поточно се случи тоа?
Која фирма е дарежлива?
 
Член од
13 март 2007
Мислења
32
Поени од реакции
0
Која верзија на P5Q ти подариа :) , ја имам P5Q PRO , и имам проблеми на Windows 7 , ми блокира. Има ли некој искуство со Windows 7 ???
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Која верзија на P5Q ти подариа :) , ја имам P5Q PRO , и имам проблеми на Windows 7 , ми блокира. Има ли некој искуство со Windows 7 ???
P5Q SE, ми нудеа и P5Q PRO ама немав пари за да доплатам а и не ми беше нешто многу важна разликата од мојата до таа матична, па отидов со оваа.

Што те зеза Windows 7 и од кај си сигурен дека е до матичната? Јас користам Windows 7 неколку месеци, сум немал никаков проблем до сега со ништо.
 
Sephiroth

One-winged angel
Член од
28 април 2006
Мислења
4.034
Поени од реакции
130
Корун бе, па немора лепенка да имаш за да ти ја испочитуваат гаранцијата на некоја компонента. И мене ми ги правеле истите работи (ако некој дел е застарен и го немаат на лагер да ми го заменат, ми даваат понова генерација). Тоа е стандард.
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Корун бе, па немора лепенка да имаш за да ти ја испочитуваат гаранцијата на некоја компонента. И мене ми ги правеле истите работи (ако некој дел е застарен и го немаат на лагер да ми го заменат, ми даваат понова генерација). Тоа е стандард.
Јас ги прашав, така ми одговорија. Одкога ми ја направија “грешката“ со графичката, гледам дека тоа сервисерите врска си немаат, и си прашав дали може се јас сам да си правам а они само делови да ми сменат ако има потреба... и ми вика така не важи гаранцијата, мора од овластено лице на сервисот бла бла.... нека им биде, ја си ќарив матична и графичка :)

За матичната што ми ја сменија со понова, сваќам, застарен дел, сега нов, иста цена би му дошло па го ставиле..... ама графичката??? Нити сум се пожалил, нити сум им кажал да ја проверат, нити ми сметаше нешто кај неа :)
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Што кулер имаш?
До 3000mhz, може без да кренеш vcore. Најголем број од Q6600 работат на оваа фреквенција без проблем, сепак тестирај.
Prime95, smallFFT, е моја препорака.
Гледај да не помине 65C, мери исклучиво со coretemp.

Не зема кулер?
Обичен некој DeepCool мислам дека беше. Еднаш го дигнав на 3000 мега ама и дигнав волтажа и мислам напојувањето ко да се мачеше ептен дека слабо е 350 вати реална моќ. И пред да го дигнам клокот супер си работеше, на сите игри скоро се ставам на макс освен антиалајзинг (9800gtx+ Superclocked графичка имам) така да сега го дигнав од мерак и ќе го дигнам на 3000 онака да го тестирам само, не планирам да го држам нон стоп на толку да не го малтретирам џабе + не гасам скоро никогаш компјутер.

Core 2 е закон технологија , демократска , колку го клокнеш толку ке си работи и ке си ќути.
Ја имам Core 2 DUO E4400 2.00GHZ , веќе 2 години работи на 2.7.
Сега го пребацив кај сестра ми , кај мене стаив Е4500 , од 2.2 GHZ ,оверклокуван е на 2.89 GHZ.
Исто така , веќе некое време си стои без разлика дали играм игра , даунлоадирам нешто од интернет или програмирам.
Значи не само што користам тој најобичен кулер , него и му е намалена брзината , да не е гласен многу.
Компјутерот никогаш не го гасам , работи 24/7 , и нема никакви слабости , ни да блокира ни ништо.
Кој знае колку дена веќе не е ни рестартиран .
Затоа АМД процесорите го изедоа од Core 2.
Пред овој имав AMD Athlon 64bit 3ghz + оверклокуван и тој не беше исклучен едно 3-4 години и немаше гајле. Уште работи ко нов, не покажува слабост кај типот на кој што му ја продадов стара конфигурација.
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Колку ти беше оверклокуван АМД процесорот ?
Малце +300 мегахерци или рамот или напојувањето ме кочеше. Гледав ненормални оверклокувања на истиот процесор али не ми се даваше пари за напојување, ладење (дека имав сток кулерче) едно друго. Матичната плоча ми беше мн добра, штета што не ја искористив како што треба (Abit AN-8 Fatal1ty мислам дека беше).
 
Член од
13 март 2007
Мислења
32
Поени од реакции
0
Несум сигурен колку има везе напојување со оверклок. мислам ти треба пристојно напојување , ама не некое екстра за да оверклокуваш .
Ти треба само добра матична и добар кулер.
Значи си постигнал 2300 мега херци , колку што знам АМД 3000+ работат на такт од 2000 мхз и некои има на 2200 мхз
 
Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
148
Обичен некој DeepCool мислам дека беше. Еднаш го дигнав на 3000 мега ама и дигнав волтажа и мислам напојувањето ко да се мачеше ептен дека слабо е 350 вати реална моќ. И пред да го дигнам клокот супер си работеше, на сите игри скоро се ставам на макс освен антиалајзинг (9800gtx+ Superclocked графичка имам) така да сега го дигнав од мерак и ќе го дигнам на 3000 онака да го тестирам само, не планирам да го држам нон стоп на толку да не го малтретирам џабе + не гасам скоро никогаш компјутер.
Обично нема потреба од корекција на Vcore, за да работи на 3.0Ghz, но зависи и каков vid има самиот чип и која ревизија е, како и од самиот примерок.
Поголем vid во принцип бара поглолем Vcore, за стабилен клок, понатаму зависи и колкав Vdrop i vdroop има матичната.
Што поголеми се овие две вредности поголем vcore треба.
Следствено поголеми температури, следствено подобар кулер+напојување. :)

со 350w реална моќ, немаш многу место за маневрирање.

Несум сигурен колку има везе напојување со оверклок. мислам ти треба пристојно напојување , ама не некое екстра за да оверклокуваш .
Ти треба само добра матична и добар кулер.
Значи си постигнал 2300 мега херци , колку што знам АМД 3000+ работат на такт од 2000 мхз и некои има на 2200 мхз
Везе има многу.:icon_lol:
Недоволно стурја од напојувањето = > random bsod, random crashes, нестабилен оверклок.

Голем ripple = > оштетување на компонентите.

Добар оверклок = > ~уметност. :icon_lol:
 
Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.045
Поени од реакции
6.072
Колку можам да го Клокнам Е2180 2.00 со обичен кулер, и 550W Codegen(или како и дае).
И како? Ја глеав нешо у биосот без да с еобидам да чепнам и ако добро видов нема опција која би ми дозволила да го Клокнам.
Матична MSI P45neo-F
Bios V1.3
 
Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Несум сигурен колку има везе напојување со оверклок. мислам ти треба пристојно напојување , ама не некое екстра за да оверклокуваш .
Ти треба само добра матична и добар кулер.
Значи си постигнал 2300 мега херци , колку што знам АМД 3000+ работат на такт од 2000 мхз и некои има на 2200 мхз
АМД 3000+ работи на 1800 мега херци. 3200+ работи на 2000 мега херци. Јас стигнав до кај 2000 и нешто ситно. Има многу врска напојувањето ко што ти кажа Елф :)

Обично нема потреба од корекција на Vcore, за да работи на 3.0Ghz, но зависи и каков vid има самиот чип и која ревизија е, како и од самиот примерок.
Поголем vid во принцип бара поглолем Vcore, за стабилен клок, понатаму зависи и колкав Vdrop i vdroop има матичната.
Што поголеми се овие две вредности поголем vcore треба.
Следствено поголеми температури, следствено подобар кулер+напојување. :)

со 350w реална моќ, немаш многу место за маневрирање.

Везе има многу.:icon_lol:
Недоволно стурја од напојувањето = > random bsod, random crashes, нестабилен оверклок.

Голем ripple = > оштетување на компонентите.

Добар оверклок = > ~уметност. :icon_lol:

Тогаш дека читав кој што како има го има оверклокуавно процесорот и видов еден тип на колку ја имаше наместено волтажата и дека немав многу време за експериментирање мерак ми беше само да го наместам и да го подигнам и да поработам 5 минути зошто се брзав морав да излезам :) И после го исклучив компјутерот и кога се вратив си вратив се ко што си беше во биосот. Еве денес завршив со колоквиуми и ќе имам малце повеќе време за експериментирање па ќе пишам што како сум направил :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom