Oscars 2010

  • Креатор на темата Креатор на темата MyloXyloto
  • Време на започнување Време на започнување

Кој од следниве филмови ќе го добие Оскарот за најдобар филм?


  • Вкупно гласачи
    161
  • Гласањето е завршено на .
Бев за Неславните копилиња.The Hurt Locker не ми е гледан и нема да коментирам за него.Но драго ми е што тој го зема отколку Аватар.Било кој да победеше пак ќе бев само Аватар не.

Не знам зошто го мразам Аватар ама ич не ми се допадна, дали бидејќи го гледав на лоша снимка па ми се створи одбивност спрема него (ретко гледам на лоша снимка).

The Hurt Locker зема многу оскари па тоа е одлична препорака за гледање.
 
Не знам зошто го мразам Аватар ама ич не ми се допадна, дали бидејќи го гледав на лоша снимка па ми се створи одбивност спрема него (ретко гледам на лоша снимка).

Никако глеање на лоша снимка, посебно таков филм. Не си го искусил ко шо треба. :)
 
Секоја година ТОП 4 филмовите кој се во трка за оскар ги зимам и ги гледам еден по друг. Пробајте го ова. Празник за филмските фанатици.

Бев за Неславните копилиња.The Hurt Locker не ми е гледан и нема да коментирам за него.Но драго ми е што тој го зема отколку Аватар.Било кој да победеше пак ќе бев само Аватар не.

Не знам зошто го мразам Аватар ама ич не ми се допадна, дали бидејќи го гледав на лоша снимка па ми се створи одбивност спрема него (ретко гледам на лоша снимка).

The Hurt Locker зема многу оскари па тоа е одлична препорака за гледање.

Аватар е ЕКСТРА филм. До сега 3 пати го гледав. Иди на зелено пазарче, типот што продава филмови од страната на цветен пазар има ЕКСТРА копија
 
Ќе ве пукам за Сандра озбилно!! Во Blind Side беше одлична и т о ч к а .
 
ГО ПОГОДИВ THE HURT LOCKER ДЕКА ЧЕ БИДИ НАЈДОБАР ФИЛМ. :)
Милка че кркам...
 
Секоја година ТОП 4 филмовите кој се во трка за оскар ги зимам и ги гледам еден по друг. Пробајте го ова. Празник за филмските фанатици.

Повеќето од номинираните за Оскар ги иам глеано, освен Проклетниците, Едукејшн, Блајнд Сајд и Прешс, Д Хрт Локер.

А Прешс не ни планирам да го глеам, со дебелана у главна улога. :pos:

А овој шо зема за најбољи филм ќе го симнам. :)
 
Ќе седнам некој ден да го гледам The hurt locker, само тој не ми е гледан и тој освоја оскар
 
aj nekoj neka mi dade torent od oskarite na pp:salut:
 
Колку и да се потсмевате на Џемс Камерон и Аватар што не добија оскари тој со филмот си направи огромна работа на финансиски план и прилично добро филмот го прифаќаа ширум светот низ 3-д кината.Доволен е фактот што ќе остане со најголема заработувачка и за понатаму нема да има некој конкурент.На крајот пак ќе се зборува за Аватар него за другите филмови.Ако има и второ продолжение на филмот како што најавуваше Камерон пак би имало голема заинтересираност за филмот.И лани победи нискобуџетен филм али јебига може сега иде ерата на ниско буџетните филмови.

Па за потсмевање е работата, долги години работел на овој филм, на крај ништо. Тоа што е добар на финансиски план не мора да значи дека е и добар филм. Тврдам дека толкава заработувачка и гледаност имаше пред се поради огромната прашина која се крена околу него како прво, а второ сите сакаа да ја погледнат завршената работа на суперкомјутерите во 3Д на Имакс.

Единствено криво ми е за Basterds, The Hurt Locker во ниеден случај не е подобар филм од него. Али тоа е тоа.
 
Сандра Булок е ЕКСТРА глумица. Згодна, Смисла за Хумор и опасна глумица кога се во питање сериозни улоги.
 
Avatar не стигнав да го изгледам, 2 пати немаше карти, ама немам ни желба нешто да го гледам, a не верувам ни дека ќе го бендисам, добра прича ја барам, не анорексични 3D животињи.

Inglourious Basterds, ретко ги свиѓам филмовите од Тарантино, а овој не спаѓаше во таа категорија. Најдоброто нешто во филмот беше глумата на Christoph Waltz, имаше и некои интересни моменти, ама приказнава, нешо да не бил надуван Тарантино. Решетењето на Хитлер беше WTF моментот, ај уметничка слобода и сè тоа, ама ова беше претерано, ај нека напраат втор дел титаник со Брус Вилис, so we can be even.

Го немам гледано и филмов од Булок, ама знам дека има акал во глата и верувам дека е заслужено.

Џеф Бриџис за мене е најголем манга, HE'S THE DUDE, таков актер ретко се раѓа, го немам гледано The Hurt Locker, ама веројатно тоа ќе се случи набрзо. Не знам колку е заслужено за филмот, ама за улогата на Бриџис не се сомневам.

Од негледањево на оскариве единствено жалам заради пропуштениот сеир, а ако некој ја најде споменатата заебанција за Paranormal Activity, нека става линк одма.
 
Добро прогнозирав, Хртлокер заслужено ги доби оскарите за најдобар филм, сценарио и режија. Добро кажа тој спикерот од ХРТ1 за Аватар, дека филм кој што не е ниту номиниран за оскар за најдобро сценарио, нема шанси да земе оскар за најдобар филм. Сепак останува моето дека Хртлокер и Аватар се најдобри филмови од номинираните за оваа година, барем мене не ме фати досада на сред филм само кај овие два споменати. Особено ми се направи ќеиф кога Хртлокер зема за најдобро сценарио наместо фаворизираниот Неславните копилиња, што реално земено и е прилично објективно. Единственото вредно во Неславните копилиња беше Кристоф Валц, кој му го даде целиот шмек на филмот за што заслужено си ја доби и статуетката. Како и да е сметам дека оваа година е избран подобар филм и филм кој е достоен за Оскар, наспрема лани кога беше направен најлошиот избор во целата историја на Оскарите, со тоа што го одбраа Сламдог милионер, а не ни номинираа филм како што е 7 pounds.
 
Од негледањево на оскариве единствено жалам заради пропуштениот сеир, а ако некој ја најде споменатата заебанција за Paranormal Activity, нека става линк одма.

Повелеле...

 
Јас никад не сум ги сакала нешто посебно Оскарите и никогаш Оскарите не ми биле репер за тоа што е добар филм или добар актер/актерка. :smir: Некогаш ќе се погоди, некад не... обично не се погодува со мојот вкус. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom