Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Точак? најубаво нешто .. не се замараш кај да паркирам со да паркирам нит ништо, башка здраво за телото,одамна не сум возел али после ова сигурно ќе го извадам од подрум и ќе напраам некој круг :smir:
 
obozavam da vozam velosiped ali u posledno vreme slabo se neso neam vreme... :nesum:
 
секој ден сум на бајк качен... идам до школо и назад, за до маало, пошо црниче живеам идам на Водно... не можам без точак... имам асален бајк за стреет вожња за скокање и сеа треба да го опраам да зеам виљушка нова оваа ја пукнав... ако е некој за низ скопјево и пошироко за вожња нека каже ке се собереме некој пат...
 
KkIRe9 ај стави слику од твојот бајк ако не ти е тешко и јас доста го користам мојот бајк ваму таму по градот. Поздрав
 
Лани извозив околу 3,000км со велосипед. Со претходниот велосипед имав поминато 10,000+ км.
Оваа сезона се подновив со нов алуминиумски CROSS, 24 брзини, перфориран диск, амортизер (магнезиум), Shimano Acera опрема, Кенда гуми, дома имам опрема за бајкинг, ракавици, дрес и тн...:duel:


Браво за ентузијазмот. ама веќе кога купуваш можеш да набавиш нешто поасално. Наведи модел на Амортизерот , и дисковите?


А јас претежно возам Downhill и крос-кантри.. Далеку повеќе адреналин има него ли во обичното возење бајк на стаза.. а кога возам низ град возам крајно опасно , меѓу сообраќај се бутам , на места каде што никако не би помислил обичниот бајкер да вози (скали , ѕидчиња и тако даље)

кој не знае што е downhill , слободно нека го погледне видеово. ќе му стане јасно:D


Мене возење на велосипед ми е забрането со закон, бидејќи последниот пат заврши трагично:kesa:. Од тогаш никако да ги убедам моите да ми земат нов велосипед бидејќи не сакаат да ме носат на душа :pos2::pos2:

хахаха , онда ја би требало да лежам затвор.. колку пати сум паднал со бајкот .. колку карпи сум искршил на водно со брада.. ама наравоучение , си изнакупив боди армори , штитници за нозе , за раце , кациги.. хахаха..
 
Ете слика од велосипедот горе поставив. Сепак DH е многу посериозен и бара скапа опрема, често само вилушката вреди како цел еден просечен велосипед. Мене не ми се даваа премногу пари за велосипед ми требаше само нешто ново, да е под гаранција. Деловите не се нешто посебно или некоја позната марка

Вилушката е ZOOM EGO
-магнезиум
-врат 1,1/8" и 100мм од
-штелување на тврдина



Менувачите се Shimano Acera 3 x 8 брзини

Гумите Kenda Desert 2.1 x 26 крампони со различна шара напред и назад

Инаку CROSS ги монтираат во Собим-Куманово само што разликата меѓу овој крос и овие Собим е огромна.
 
па знам , затоа сакав да видам шо амортизер и друг асортиман има на точакот.. бидејки откако сфатив дека се што е ефтино не е толку безбедно и добро станав на алергичен на точаци за 100 евра од вучко и собим.. кој возел од таму точак знае колку кварови имаат на неделна база..
иначе , со здравје да си го возиш точачето , и ако не го траскаш многу ќе ти потрае.. совет за амортизерот , најди си некој добар вело-сервисер кој ќе ти го отвара еднаш на 2-3 месеца заради контрола и преподмачкување , ако сакаш да се осигураш да ти работи океј или ако мислиш дека си способен сам да го напраиш тоа.. инаку јас возам Rock Shox tora 318 U-turn , И да ти кажам , презадоволен сум од неа. иако не е DH виљушка , за почетник е тамам! а за крос кантри виљушката е како создадена!

за мењачите ,ја би ги мењал подитно. Побарај на јутјуб споредба помеѓу SHimano i SRAM мењачите и ќе ја сватиш разликата. ќе дадеш можда 3000 , ама па ќе се осеќаш како господ кога ќе мењаш.
јас имам sram SX5 shifteri (1x3 i 1x8) преден мењач sram sx5 , заден мењач sram SX4. работат исто како тип-троник на кола:D

кога ќе имам шанса ќе ставам и слика од бајкот , да го ѕирнеш.
 
идете на www.bikestop.com.mk страницата , побарајте ги линковите за ЕНЕРЏИ клубот и ќе најдете опсежни информации. можете да се зачлените за известување за наредни трки. поздрав и се надевам дека сум ви помогнал?
 
Што знам, за овие два месеци поминав околу 500-600 километри и сега за сега се функционира супер. Вилушката добро работи на поголеми дупки/тротоари, но послабо реагира на помали вдлабнатини али за цената (3500ден) толку е. Менувачите и кај мене се како тип-троник (на + и -) и сега за сега прецизно и релативно брзо функционираат, но ако во иднина прават проблеми ќе одат аут.







Инаку вака отприлика одат менувачите кај Shimano (од подобар кон полош)

XTR
Saint
Deore XT
SLX
LX
Deore
Alivio
Acera
Altus
Tourney
SIS
 
Таман се откажав, сега пак треба да вријам за вакво нешто... Никако да ги убедам дома да земам еден. Не е фер :)

Со Ориентот на Собим имам поминато 5-6000 километри - презадоволен :pos:
 
Собим се у суштина CROSS, JEEP, ORIENT велоспипеди кои ги добиваат готови само ги склапаат. Освен бандажи ништо свое не произведуваат. Се е монтажа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom