Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Ја гледа некој смешкава наречена Lioness?

Првата сезона супер почна и солидно се држеше до крај. Вторава сезона ми иде да и врзам еден шамар на Зое Салдана. Lioness my ass, нема епизода каде што не плаче и вреска затоа што нема што паметно да каже. Очај, а у прва сезона ќе ја споредував со Кери од Хоумленд. :facepalm:
Ја загледав интересна е и сплеткана,не е лоша,дури и сметам дека вторава сезона е можеби подобра од првата.
Ликот на Салдана се обидува да го балансира приватниот и професионалниот живот сепак има многу деликатна и одговорна работа каде што одлучува за многу животи.
Добро е што само она не ја носи серијата има и други интересни ликови.
Баш ме интересира како ќе заврши новава "лавица" од вторава сезона.
 
Ја гледа некој смешкава наречена Lioness?

Првата сезона супер почна и солидно се држеше до крај. Вторава сезона ми иде да и врзам еден шамар на Зое Салдана. Lioness my ass, нема епизода каде што не плаче и вреска затоа што нема што паметно да каже. Очај, а у прва сезона ќе ја споредував со Кери од Хоумленд. :facepalm:
Само што ја завршив прва сезона и сосема солидна серија, што знам. Од оние серии кои и да пропуштиш нешто, ок, нема проблем, ама секако ќе ја изгледаш.
 
Не знам, некако насловот не ми одговара на ликот на Салдана. Сите имаат приватен живот да му ебам мајката, лавицата се уби од плачење и врескање.


Anyway, Dune: Prophecy, искочи вчера, се надевам нема да разочара.
 
Dune: Prophecy некако како да го нема тој филинг од филмовите, ќе видиме како ќе се развива понатаму.

Него ретко наоѓам нешто ново за гледање а уште поретко давам сугестии на форумов, ама доколку трошите премногу време на серии и немате појма што да гледате следно а сакате нешто различно - Exit е добра, луда норвешка серија што ја открив во последно време. 3 сезони од почеток до крај, а и крајот беше задоволителен.
 
Не е нормален Taylor Sheridan колку серии извади,следната година уште еден спиноф од
Yellowstone со Мишел Фајфер.
тој дел никогаш не го гледам, не е нормален можам да кажам, и мајорот била негова, браво

уште една јака серија на Парамоунт плус, излезени 2еп
 
Ја изгледав првата сезона

IMG_0924.jpeg

Лошо смешна и поради тоа станува малку смешна. Не се сфаќа многу сериозно и ако така и влезете ќе ја бинџ-нате толку брзо што ќе ве натера да мислите дека ги имате маратонските капацитети од “детството” најизразени во долгите зимски денови каде гледавме сезона и сезона и сезона и… *зема воздух* сезона во еден здив залепени на некој крш лаптоп што уствари е пожелно оти те грее во ноќта а фанот бучи заводно, намамувајќи те во сон често неуспешно. Иако сега не сме ни пола од тоа и НЕКОИ заспиваме у фотеља со далечинското у рака по само 17 минути во некоја кхм серија, во оваа можеби нема да уживате воопшто - којвезнае, но барем ќе ве држи заинтересирани да не отворите некој риилс у позадина или едноставно да не заспиете како старците што сте.

:anco:

Не? Само јас вака?

Downside што фацата на главната актерка цело време потсетува како најдосадниот потсетник на светот дека постои серијата The Big Bang Theory каде што беше главната актерка.

Бел бумбар, ако морам да ја оценам бидејќи барем успеав лејтли да изгледам нешто од А до Ш. Многу хардкор оценување иначе. Брат да или не, се гледа или не? Бел бумбар се гледа, црн бумбар не. Без децимали и половинки од ѕвездички. Варварски.

IMG_0925.jpeg

Хардкор.
 
По трет пат изгледана Лост, овојпат бинџање ради жена ми, чие гледање ѝ беше првпат. Добив точно 4815162342 прашања „а што ќе се случи сега? ќе се дознае ова?“.

Наскоро пост од мене како Лост е најдобрата серија на сите времиња. Мораше тек сега да ми се разјасни ова :smirce:
 
По трет пат изгледана Лост, овојпат бинџање ради жена ми, чие гледање ѝ беше првпат. Добив точно 4815162342 прашања „а што ќе се случи сега? ќе се дознае ова?“.

Наскоро пост од мене како Лост е најдобрата серија на сите времиња. Мораше тек сега да ми се разјасни ова :smirce:

Дали ги одговори сите 4815162342 прашања, и ако ги одговори, дали ги одговори точно ? :D
 
Дали има заинтересираност од тие кои се повеќе по сериите да се „собереме“ и да направиме еден каталог за тапчовци за серии, по примерот на двата за филмови? Кој сака да учествува, нека пише подолу, па ќе видиме - ако има интерес, може да направиме нешто такво.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom