Општи дискусии за ТВ серии

  • Креатор на темата Креатор на темата zlxlclvlbln
  • Време на започнување Време на започнување
Прв пат слушам за серијата. Ќе ја проверам.
Само три епизоди се излезени досега.
Ја најавуваа ко хорор-мистерија, али кога јас ја гледам, човек што мрази хорори, значи не е класичен хорор, повеќе е трилер-мистерија со сај-фај елементи. :D

Едвај чекам нова епизода во недела.

П.С. ја прати некој романската Црни пари на HBO? Лабава серија со чат-пат по некоја смешка.
 
@Zlatikevichius како тебе те означувам, а горе пишува @Джонтра Вохохолта не разбирам ?
Тоа е еден делумен баг, ми се десил и мене неколку пати, и мислеа дека намерно ги местам...
Мислам дека се случува кога некогаш ќе ти остане некој пост зачуван во нацрт, односно нема да го постираш, па ќе кликнеш на друг да му одговориш и се менува нацртот, се спојуваат, се ЗБАГОСУЕ.
 
Ја гледа ли некој His Dark Materials? Може ќе изгледа ова како непопуларно мислење, зашто е по малку детска, ама од жанровите авантура и фантастика во моментов е најдоброто нешто на телевизија, според мене. Дури повеќе и од The Witcher ми се допаѓа. Едвај чекам да дојде четврток за нова епизода.

Мене ми е на листа за гледање, го имам гледано филмот со Никол Кидман, вака кул изгледа, али давам предност секогаш кај веќе завршени серии, зашто неам нерви да ги чекам 5-6 години сезона по сезона. The witcher го почнав лани, ај дека интересно изгледаше, иначе неам навика веќе.

Јас наредно се мислам на Fleabag, Boss или евентуално The deuce, сите завршени и кратки. Ќе видиме што ќе ми изгледа најинтересно тогаш.
 
Boss е одлична. Одма да ја гледаш.
 
Ја изгледав малце спора ама во глобала ок серија, де види ја Техран ако не си ја гледал скоро иста тематика.
Ја гледав и таа, добри се и двете серии. Фауда е подобра чисто вака за инфо. :D

Undoing ја изгледав, топ мини серија е со Никол Кидман во главната улога. Препорака до оние што немаат на ум што да гледаат.
 
The Expanse гледа некој?
Првата сезона е спора, ама поминете ја и после 2-3 епизоди од втора сезона станува многу интересна.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom