За почеток, Ти-Мобајл не постои повеќе, туку постои Македонски Телеком, или Телеком МК.
Инаку, одговорот што го имаш добиено е целосно коректен и соодветен за такво прашање.
Мојата СИМ картичка е од 2003 или 2004 година од тогашен Мобимак, кога можевме да сонуваме за Интернет на мобилен телефон, а камо ли па 3G, па сепак работи без никакви проблеми со 3G мрежата на Македонски Телеком.
Дали твојот мобилен телефон поддржува 3G можеш многу лесно и едноставно да дознаеш на
GSMArena.com .
http://www.gsmarena.com/
Најди го твојот конкретен модел на мобилен телефон и во деталниот опис за телефонскиот уред, во секцијата NETWORK пишува какви мрежи поддржува мобилниот телефон.
Доколку твојот мобилен телефон поддржува 3G на фреквенција од 900 мегахерци, тогаш одбери ја 3G мрежата на Вип од менито - доколку СИМ картичката тоа го дозволува - и шибај, во спротивно, веќе утре патот под нозете и правец - најблискиот салон на Вип - ама на Вип, а не на некој од нивните партнери како Хенди Мобајл, тие само соработуваат со нив, немаат никаква поврзаност со СИМ картичките или со телекомуникациската мрежа на Вип.