Овие наместо ,,Заедно е подобро" полошо испадна на крајот.
Сакав да се префрлам од тарифниот модел VIP Simple на Џабест,но пред тоа сакав да проверам која точно тарифа ја користам и преку инфо центарот во менито на говорниот автомат одбирам да бидам известен преку смс кој тарифен модел го користам но мене наместо тоа ми стигнува смс дека е активирана VIP Fun тарифата и потоа со смс пробувам да ја активирам Џабест тарифата но ми стигнува известување дека бараната промена на тарифниот модел е недостапна.
Потоа се јавувам во инфоцентарот и му објаснувам за проблемот и ми вели таа од таму тоа не може да се докаже дали сам ви се активирл тој тарифен модел,во ред и велам дали ќе може да ми активирате Џабест проба да активира не може ми вели но ќе пријавам во техничка служба да проверат и ќе ве известат,наредниот ден ми се јавуваат и ми вели не може да се префрлите воопшто на друг тарифен модел вклучувајќи го и Џабест доколу имате активиран VIP Fun,и тоа е толку од функционалноста и од тоа нивно ,,Заедно е подобро".