Вистина е право на провајдерот, ама имајте на ум дека провајдерот постои поради корисниците, а не обратно. Се повеќе и повеќе опции се појавуваат, и еден ден (а тој ден доаѓа наскоро) ваквите самобендисани компании кои сметаат дека сеуште владее времето на другарот и дека од телевизии сеуште гледаме само ТВ Скопје едноставно ќе се соочаат со големи раскинувања на договори. (Ако не и пропаст, ништо чудно).
Не сум корисник на Он.Нет, но сум изненаден од она што го кажуваат корисниците за нивниот однос кој воопшто не изгледа различен од оној на Мт.Нет. И ве молам, има неколку вработени во Он.Нет кои активно пишувате на темава (се познавате одма во мислењата
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
) или искажувајте ги вашите лични мислења околу Он.Нет или нагласете дека сте вработен во Он.Нет и да прикажете официјални објави ама немојте да ги правите луѓево будали за свои пари и да го прикажувате Он.Нет во некое подобро светло.
Никој не се буни за тоа што им е одземено правото на повеќе пппое конекции со иста брзина (добро освен Јане, сака да спушта филмови од РС
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
) туку за односот како е спроведен и неизвестен овој процес на луѓето кои најмногу им треба - корисниците. Ама бидејќи кај нас сеуште постојат луѓе кои мислат дека се попаметни од другите и дека другите "нема да приметат, што знаат тие" работите ќе се одвиваат вака како што се.