On.net WADSL интернет

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
На страната wifi.on.net.mk имаше коментар дека му украле мегабајти. Го напишав следниов коментар но ми го бришат и не го објавуваат. Па затоа решив тука да го објавам нормално ако е дозволено, ако не нека ја избришат темава.

Ке се јавиш во оннет и ќе ти речат "Не е можно" како сто ми викаа мене. Имав картичка 7 дена гратис и вечерта претпоследниот ден си оставив 44МБ за утредента (последниот ден од гратисот). Доагам од школо, а цел ден дома никој, уклучувам интернетот и ми вика Login Failed. Пробав усте неколку пати но не сакаше. Идам да си ја видам состојбата и гледам преостанати МБ нула. Ѕвонам во оннет и ми се јавува некое женско што нема појма со интернетот (а не па да ми го реши проблемот) и ме прасува што е проблемот и кажав и ми вика она не знае и не може да ми помогне да се јавам за 15мин техничка поддршка е зафатена (па зошто 5мин ме испрашува на телефон за проблемот за на крај да ми рече она нема појма да се јавам за 15мин). По 15мин ѕвонам пак и се јавува истата и се претставив и и кажав дека требаше да се јавам за 15мин и ми вика да ја потсетам за што сме збореле. Ја потсетив и ми рече тој од техничка поддршка бил зафатен да се јавам за 10мин. Ѕвонам пак но овој пат се сети од прва и ми рече ќе ме префрли да разговарам со техничка поддршка. Музиката што ја пуштаат додека чекам ја научив на памет. Ме префрлија да разговарам со техничка поддршка и му објаснив на првиот што ми се јави и ми рече ќе ме префрли да разговарам со колегата зошто тој подобро знаел. Ме префрли и му објаснував од почеток на вториот колега за тој да ми рече дека не е надлежен за тоа и ме префрли на трет колега и се од почеток објаснував на сите колеги. Тој третиот колега ми рече дека мисли што е ама не е сигурен да оставам телефон ќе ми се јави. Оставив телефон (oвие разговори се одвиваа од 12 до 2:30) чекав да ми се јават. Го исполнија ветувањето и ми ѕвонеле во 23:23 кога телефонот ми беше исклучен зошто брат ми спиеше. Утредента видов дека барале од оннет и се јавив да прашам со тоа што им кажав дека ме барале на тој и тој број во 23:23 вечерта но пак морав да го објаснувам проблемот за таа женската за да ме поврзе со техничка поддршка. Пак иста приказна кај еден, кај втор, кај трет колега за на крај да им спуштам зошто разговорот траеше околу 40мин. Видов дека ТЕХНИЧКАТА ПОДДРШКА РАБОТИ 24 ЧАСА 7 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА и се спремни во секој момент да ми помогнат а тие 44МБ ги прежалив и го активирав вториот гратис но место да се активира пишуваше резервиран. Истиот ден, четвртокот иста приказна со техничка поддршка “До сега ни се нема случено тоа” префрлање од колега на колега и слушање музиката. Утредента исто така не ми помогнаа ме мотаа по телефонот и на крај ми рекоа да оставам телефон да ми се јават. Оставив и не ми се јавија. Им ѕвонам во саботата и наместо третиот колега да ме префрли на четврт фино лепо ми рече дека главниот (тој што демек ги исправал проблемите) си отишол на викенд во Маврово и ми затворија. Татко ми изнервиран се јавува во оннет и таа секретарката ко да не и е познат бројот пак прашуваше за проблемот и не поврза со техничка поддршка. Татко ми ги праша што да правиме сега зошто интернет стварно ни требаше. Тие ни рекоа дека два гратиса на еден компјутер не можело. Се испокаравме и што ни пропадна гратисот и за тие 44МБ но повеќе потрошивме за телефон отколку да си купевме 1000ден картичка. Но и откако ја купивме таа од 1000ден и таа беше резервирана и пак “не било можно” и пак не лажеа ова не може пробајте ова, пробајте она. Останавме без интернет цел викенд кога сум најслободен и кога највеќе ми треба. Во понеделникот околу 5 часот се јавија и ни кажаа дека не било нивна грешка туку дека системот ги украл тие 44МБ (кои не ни ги вратија) и дека првата картичка која не била истрошена, а МБ-ите украдени, пречела да се активира друга картичка. Кажаа дека тоа го знаеле само чекале да се врати главниот од викендот во Маврово. Но јас пак останав без интернет. Ми се јавија вечерта кон 8 часот и рекоа дека ми ја активирале картичката од 1000ден а гратисот го деактивирале и кога ќе сум ја потрошел таа од 1000ден да им се јавам да ми го активираат гратисот за да нема пак проблеми.

Сега чекам да ги дотрошам овие 2ГБ и потоа да го активирам гратисот. Се надевам нема да се погоди викенд за главниот да си отиде на викенд, а ние да чекаме да се врати за да добиеме интернет.



Епа народе пишувајте какви искуства имате со WiFi интренетот на оннет. Коментирајте ги високите цените и секогаш добро подготвената техничка поддршка. Единствено нешто што вреди е квалитетот но при толку мани исто како да го нема.
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.982
Поени од реакции
9
Ај па ти ти украле 44 мегабајти голема работа. Тоа ти е да ги отвориш Кајгана и Он Нет порталите по десет пати.
 

Ilidan

ак
Член од
19 февруари 2006
Мислења
1.574
Поени од реакции
5
abe ajde najgolemi kratci i lazgovci ti se makedonski telekomunikacii(ovie od ADSL-ot)a najdobri sea za sea ti se ovie Onet i nivnoto wi-fi i toa za neograniceno spustanje e toa e naj naj naj
 

Acid

Администратор
Член од
22 јануари 2005
Мислења
34.311
Поени од реакции
29.006
Кое неограничено спуштање бе младичу?
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
14.076
Поени од реакции
947
Meне ме чуди како во сред Центар не можам да им ја фатам мрежата.

Замисли ситуација: идеш во Германос, фрснуеш 9 иљадарки за пакетот со антена и ваучер, идеш дома да се конектираш и оп, не ја фаќаш мрежата. Гарант се поебал вака некој.

Нема да ја коментирам цената и услугата, но мислам дека малку избрзаа со официјалниот старт на вифито. Требаше да ја згуснат мрежата прво и да го покријат цело Скопје.
 
Член од
29 јули 2005
Мислења
2.981
Поени од реакции
178
Ilidan напиша:
abe ajde najgolemi kratci i lazgovci ti se makedonski telekomunikacii(ovie od ADSL-ot)a najdobri sea za sea ti se ovie Onet i nivnoto wi-fi i toa za neograniceno spustanje e toa e naj naj naj
Што збориш бе барем сега АДСЛ ги зголемија брзините и ги намалија цените!
Преку летото кога брат ми дојде од странство имаше лаптоп со врграден ви-фи уред!Живеам во Строг Центар ја фаќам мрежата се конектирам неможам да отворам страна!
Исти гом*а се СИТЕ!!!!!!!
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
Jas go fakam so 2 crtki i brzinata ide i do 90KBps no sto ke mi je tolkava brzina koga imam samo 2GB za 1000den.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
A za 44-te megabajti drugo sakav da kazam. Oni moze da te kradat a ti da ne primetuvas a koga ke ostavis nekolku MB za posledniot den da imas da surfas i utredenta vidis deka ti gi ukrale tuka odma se primetuva.
 
Член од
29 ноември 2005
Мислења
125
Поени од реакции
0
Da im dadam do znaenje na site potencijalni musterii na Onnet WiFi da ne pomisluvaat na koristenje mIRC, posto WiFi-to e g-lined najverovatno poradi nivniot gateway i deka voopsto ne planiraat da go sredat. Site poplaki od moja strana bea ignorirani. Eve vi log:

* Connecting to amsterdam2.nl.eu.undernet.org (6668)
-
-amsterdam2.nl.eu.undernet.org- *** Looking up your hostname
-
-amsterdam2.nl.eu.undernet.org- *** Checking Ident
-
-amsterdam2.nl.eu.undernet.org- *** Couldn't look up your hostname
-
-amsterdam2.nl.eu.undernet.org- *** No ident response
-
Ping? Pong!
-
[27] Compromised netblock.
-
Closing Link: angelce by Amsterdam2.NL.EU.undernet.org (G-lined)
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
939
i kabelskiov(vo struga) go davat istovo ko ke se konektiras na mirc
 

Vlad II Draculea

Грипосан Врабец
Член од
4 ноември 2005
Мислења
1.590
Поени од реакции
3
а да се јавите да ви ги кажа портојте??? и да ги внесите податоците во ИРЦОТ
 
Член од
18 февруари 2005
Мислења
111
Поени од реакции
1
On.net сака на сила да ја реши работата. Тоа што немате/имате(или више немате,мање имате) тоа ви е поради нивната техника на покриеност. Помалце пристапни точки поголема снага. И така сите WLAN мрежи ги угишија а корисниците со купени картички останаа и без кратки ракави. Затоа пред да ставате нешто подобро е да размилисте дали воопшто имате сигнал!
За крадењето и за условите кои ги даваат On.net не треба да се коментира бидејќи нивниот бројач бил "сертифицирано набаве" а кој го има сертифицирано, тестирано и одобрено во Македонија!? Никој :) Иста прича како и за ADSL-от на МТ.
По регулатива надлежно за сите мерачи е:Министерство за Економија-Биро за Метронимија. Досега во Македонија никој го нема ова сторено бидејќи едните се прават глупи а другите глуви.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
A inace koga downloadiras torenti nemozes da dobies maksimalna brzina. Koristam Aureus i nikogas ne sum dobil zelen :icon_neut. Stalno mi se zolti :icon_neut. Toa e poradi toa sto imam NAT problem. Inaku za tie sto neznaat za torentot da raboti so maksimalna brzina treba da odblokiran NAT-ot odnosno potrebno e da se otvoreni portite 6881-6889. No onnet ne BLOKIRA na site mozni nacini.
 
На врв Bottom