WADSL за 890 денари:
Бесплатно Интернет-катче на Саемот на средни училишта
„Он нет”, „И нет” и проектот на УСАИД „Мк конектс” за време на тридневниот Саем на средни училишта „Образовно рандеву” заеднички ќе постават Интернет- катче, во кое присутните ученици ќе имаат бесплатен пристап до Интернет. Саемот ќе започне денеска и ќе трае до петок. Интернет-катчето ќе биде поставено до главната бина во Хала 1 на Скопски саем, а ќе функционира сите три дена. Влезот е слободен.
Во рамките на образовното рандеву, „Он нет” ќе организира и квиз на знаење за присутните ученици, а најдобрите 10 ќе бидат и наградени. За време на саемот, провајдерот ќе додели и три награди за првонаградените во категоријата „најдобра презентација на училиште”. Наградени ќе бидат и победниците на Републичкиот натпревар по информатика одржан за матурантите од сите државни и приватни средни училишта на 14 и 15 април 2007 година, во организација на „Александрија”.
„Он нет” за посетителите на саемот ќе понуди Wadsl пакети по промотивна цена од 890 денари месечно, што претставува 18,3 отсто попуст на цената „И нет”, пак, ќе ги претстави најновите модели на компјутерите „Lenovo”.
извор:
www.utrinski.com.mk (иако како весник не се многу за верување :nenene