Некако монотоно стана ова со мерењето. Цела тема се преплави со сликички од актуелната брзина. Нормално дека брзината варира кај секој провајдер. За неа тешко може да се гарантира, па затоа ја нема таа „гаранцијата” во ниту еден договор. Велам тешко - затоа што луѓето често знаат да бидат во заблуда за она што го добиваат.
Брзината зависи од оптовареноста на базната станица и капацитетот на серверот од кој што ги преземате фајловите (вршите тестирање). Дури и ако е се во ред со овие 2 работи, имајте на ум дека од странски сервери секогаш се добиваат послаби резултати. Друга битна работа: спајвери/спам ботови. Не е ништо срамно и страшно. Ми се случило 100 пати да фатам некој „штетник” кој ми го успорува интернетот и покрај сите инсталирани програми за заштита.
Нормално, не се ориентирајте според брзината која ја добивате симнувајќи од торенти/limewire/p2p програми. Ориентирајте се според
http://speedtest.on.net.mk и
http://speedtest.net/ (кликнете ја жолтата пирамида).
Да не напоменувам дека секогаш треба да ги паузирате програмите за даунлоад кога вршите мерење....
Ако добиете резултат од 400 - 500kbps, тогаш значи дека не би требало да има никаков проблем. Ако одите под 400, слободно обратете се у техничка
И да, ЛАТЕНЦИЈА (PING) НЕ СЕ МЕРИ НА WOW и CS, туку со ping
www.google.com.
Ако google ти враќа реплај до 150ms, а серверот за игра повеќе - тогаш дефинитивно е до серверот, а не до провајдерот.
И кога веќе запнавте
Како што реков, ping-от е малку лош затоа што сум на Карпош и плус поврзан сум WiFi дома (што додава плус некоја ms). Ама па латенцијата никогаш не ми пречела да имам добар download, така да - стрпливо ќе чекам додека си ги средат проблемите
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)