Едноставно немам коментар.
Присуствував на отворањето на ЛОИ Атина пред 4 години. Пред 4 години мислев дека тоа што се случи во Атина беше максимумот на креативност на отворање на една церемонија. Згрешив.
Ова денес не одведе сите нас во една друга димензија, димензија на совршенство. Браво Кинези, алал да ви е. За ова не се потребни само пари, потребно е и некој добро да го осмисли.
Сакам да им посакам на македонските спортисти, како и на сите други спортисти многу среќа, да се залагаат за фер-плеј без допинг и да успеат во целта што си ја имаат зацртано.