Кои се најмладите спортисти во Пекинг?
По контроверзите за тоа дали златните кинески гимнастичарки се над границата од 16 години, да погледнеме кои се и помлади од нив. Официјално нема лимит за возраста на спортистите на Олимпијадите, и спортските федерации за секој спорт го поставуваат минимумот. Кои се спортистите кои имаат под 17 години.
АНТОНЕТ ГУЕДИА МУАФО, КАМЕРУН, 12
Пливачката на 50 метри слободно Гуедиа, родена на 21.10.1995, е најмладата спортистка во Пекинг со 12 години и 10 месеци. Таа ретко плива во олимписки базени. Со прекар "шампионка", Гуедиа се уште тренира во 22-метарскиот хотелски базен каде што научи да плива.
ДВЕЈН ДИДОН, СЕЈШЕЛИ, 13
Дидон, најмладиот машки спортист во Пекинг е роден на 11.09.1994, и тој ќе плива на 50 метри слободно. Растејќи во источноафриканската островска земја, Дидон научи да плива на 9 години. Неговото семејство живее во селото Ла Мизер, или во превод мизерија.
ТОМ ДЕЈЛИ, В.БРИТАНИЈА, 14
Вториот најмлад олимпиец во британската историја, Дејли (21.05.1994) ја користи ОИ во Пекинг како подготовка за златото во скоковите во вода на домашните игри во Лондон во 2012. Тој е европски шампион на 10 метри платформа.
МЕРИ-БЕТ ДАНИЧЕЈ, САД, 15
Најмладата Американка на Игрите, Даничеј (25.02.1993) е 5 месеци помлада од нејзината партнерка во синхронизирани скокови, Хејли Ишимацу. Двете тренираат шест часа дневно, шест дена во неделата.
ЧЕН РУОЛИН, КИНА, 15
Олимписката шампионка во 10 метри синх. скокови во вода, Чен (12.12.1992) почна со скоковите на 4 години и дебитираше на интернационалните натпреварувања на Азиските игри на 13 години.
ХЕЈЛИ ИШИМАЦУ, САД, 15
Ишимацу (10.09.1992) се натпреварува на 10 метри синх. скокови и 10 метри скокови во вода. Таа започна како гимнастичар и во 2004 се преориентира на скоковите во вода и се пресели во Индијанаполис во американскиот центар за скокови.
МЕЛИСА ВУ, АВСТРАЛИЈА, 16
Ву (03.05.1992) има само 142 цм и тежи само 27 килограми. Таа се натпреварува во скокови во вода, а почна на 10-годишна возраст. Нејзиниот татко е со кинеско потекло.
ШОН ЏОНСОН, САД, 16
Гимнастичарката Шон Џонсон (19.01.1992) победи во повеќебој на Пан-Американските игри и на СП. Како единствено дете, нејзините родители ја заложија куќата за да ја поддржат кариерата.
Типов е еден ден поголем од мене.Браво за децава шо дотуркале до тука.