НОВ ПРОТЕСТ НА БРАНИТЕЛИТЕ!

А да ве прашам, каде тоа пишува дека ќе биде во недела овој протест?? Јас не го прочитав тоа на почетокот.

На самиот почеток од текстот :smir: а и вчера на некои вести имаше изјави од бранителите,дека ПРОТЕСТОТ ќе се оддржи во недела во 12:00 часот пред Соборниот храм.:helou:
 
А да ве прашам, каде тоа пишува дека ќе биде во недела овој протест?? Јас не го прочитав тоа на почетокот.
имаше прес на бранителите на вести вчера ако не се лажам. па сигурно и од таму информациите кои се пишуваат на темата.
 
На самиот почеток од текстот :smir: а и вчера на некои вести имаше изјави од бранителите,дека ПРОТЕСТОТ ќе се оддржи во недела во 12:00 часот пред Соборниот храм.:helou:


Професионалните војници на АРМ, со поддршка на припадниците на безбедносни сили од здружението „Достоинство“, в недела со протестен марш.....
Имаш право јас не сум прочитал убаво, благодарам. :smir:
 
Кога народот ќе ги поддржи,никој жив не ќе смее да мрдне.
Да беше до народот, денес и ќе немаше никаква потреба од протести.

Срамота е што бранителите се доведени во ситуација на ваков начин да си ги барат правата кои по сите норми им следуваат.
Срамота и за оние кои до пред две години на нивен грб ќареа популистичко-политички поенчиња и се чукаа во градите, за да денес мимикаат пред јавноста те пари немало, те не било времето....те Али недавал.

ГОЛЕМА подршка до бранителите.
Се надевам дека овој пат правдата ќе биде задоволена.

P.S.
Нека се пазат од "добронамерници" и "љубезни" и "добронамерни" совети:smir:
 
Секоја чест за бранителите, кои безрезервно ја бранеа нашата татковина од "борците за човекови права" и кои тогаш не жалеа живот за ние останатите да продолжиме да живееме на ова праче земја на кое од секогаш сме живееле.
Сега ние заедно со нив треба да им ја дадеме нашата безрезевна подршка во овие тешки моменти за нив и да се придружиме во утрешниот протест!
 
Бранителите од нас народот ја имат подршката ама ја немат од тии шо седат во собранието и си го прчат по цел ден
 
Жално е ова што се случува. Луѓето кои го бранеа суверенитетот и интегритетот на Македонија се доведени до питачки стап. Па, тие се национални херои и тие се вистински пример за патриоти, за разлика од нашиве политичари кои се помодрени во градите од чукање и од популизам. Голема поддршка за македонските бранители, тие се вистинските чувари на Македонија од терористичко-вандалските банди и паравојски.
 

ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ

01.02.2009 год.
НЕДЕЛА
12:00 часот пред соборниот храм во Скопје

ДА ИМ ДАДЕМЕ ПОДДРШКА НА МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ И ХЕРОИ
 
Подршка и од мене до МАКЕДОНСКИТЕ БРАНИТЕЛИ
 
Се надевам денеска протестите ќе бидат масовни и успешни, ве молам браќа застанете зад нашите интереси, име и нација!!!

Македонија на Македонците!!! :oeoeoe::oeoeoe:
 
Уште ли ПРОТЕСТИРААТ???? Со пљуцкање во далечина????
Жали Боже обуката која ја поминаа со толку трошоци . Што ги учеа тоа скапите инструктори на брат Љубе??? да пљуцкаат или да пукаат??? Ова швицарскиов пациент очигледно набавил поквалитетни инструктори... :) додека брат Љубе ја шеташе паларијата...
 
Голема поддршка и имаат и од мене!
 
Подршка ... ги подржувам за што и да побараат...имаат право на работен статус..бидејќи мислеа со закониве до 9 год максимум работа и до 38 год а после ? кај им се уште 20 год стаж за во пензија? од кај ќе ги најдат ? или на улица делат работни места со бенефиции и се останато...
Во сите држави во кој што професиналната војска постои имаш големи можности за да се развиваш во кариерата и кај нас да ама мора да си партиски определен..значи секој 4 год едните имаат другите немаат право да конкурираат на разните конкурси за подофицери(таа е можноста да останат во армијата!),бидејќи „големата наша армија„ со 4000000 членови неможе годишно да произведе 200 подофицери кој што и требаат ...или едноставно веќе постоечките чинови(војнички ранк) да ги разреди на уште 2 3 и да добијат можност кој сака и прецизирам кој сака да си продолжи кариера во АРМ...бидејќи не е потребно секоја година да има нови професионални војници..или ако ги има нека не ги примаат како што прават сега планирано 200 а примаат 500(300 партиски и 200 кој имаат среќа)...Проблемот во АРМ е политиката влезе премногу длабоко во структурите на војската...и за жал еве сега што им се случува на професионалните војници со по 38 год семејство деца,и кој ке те земе на работа на 38 год?(од кој 15 поминати во АРМ) жално и срамотно е тоа многу срамотно ...Подршка до сите и се надевам државава ќе биде паметна и нема да ги фрли своите синови на улица како и досега...
Единствено жалам што не сум во Македонија...ама со вас сум со душа со срце со разбирање !
 
.Проблемот во АРМ е политиката влезе премногу длабоко во структурите на војската...и за жал еве сега што им се случува на професионалните војници со по 38 год семејство деца,и кој ке те земе на работа на 38 год?(од кој 15 поминати во АРМ) жално и срамотно е тоа многу срамотно ...Подршка до сите и се надевам државава ќе биде паметна и нема да ги фрли своите синови на улица како и досега...
Единствено жалам што не сум во Македонија...ама со вас сум со душа со срце со разбирање !


Политиката не е навлезена само во АРМ туку секаде, дури и кај студентите и студентските друштва, значи октоподот наречен "партизација" има пуштено пипци во секој сектор, секоја институција и.т.н.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom