Уствари Кобејн никогаш не живеел под тој мост, тоа е намерно измислена приказна од него самиот, а вистината е дури и малку посурова.
Абердин, гратчето од каде што доаѓа Курт е мало гратче, а тој мост го биело лош глас затоа што таму се собирале бездомниците и наркоманите, кои биле малку на број во тој прилично конзервативен град. Што значи мостот на некој начин бил симбол за оние кои изгубиле се и пропаднале скроз во животот. По разводот на неговите родители, Курт често се префрлал да живее од кај мајка му, кај татко му и обратно, се додека на 17 години веќе ни двајцата не сакале да го примат кај себе, бидејќи не се согласувал со нивните нови партнери, оставајќи го практично како бездомник. Следните неколку месеци Курт ќе ги пројде по болничките ходници, преправајќи се дека е роднина на некој од тешко болните пациенти или обивал коли на паркинзи за да има кај да преспие, понекогаш користел и картонска кутија за да преспие на скалите на некоја зграда, секогаш пазејќи да влезе кога сите ќе заспијат, а да се разбуди пред другите да станат. Кога го снимале „Nevermind“, Курт решил да им врати на своите родители, па така наместо да ја развлекува приказната, ја искористил легендата за тој мост кој бил збиралиште на безвредните, на „ѓубрето“ на Абердин, знаејќи дека така највеќе ќе ги повреди своите родители.„Something In The Way“ е неговата одмазда за родителите.