Nirvana

TheQueen

Поларна мечка од цвет на цвет
Член од
26 ноември 2013
Мислења
584
Поени од реакции
791
Пред неколку недели за прв пат слушав нивна песна. Ми се допадна. Многу. Сеуште истражувам за нив, но еве неколку песни од нив кои ми се омилени.
 
W

Werther

Гостин
Nirvana, силата од '90тите. Навистина голем бенд. Конан О'Брајан во едно интервју на Ротен му постави прашање, дали Нирвана го завршиле она што Секс Пистолс го започнаа во '76. - Одговорот на Ротен(11:29). Јасно е од клипот на што мислеше Конан, Нирвана силно ги искритикуваа глупостите како глам-рокот и лажното преувеличување. За тоа, повеќе од Ротен овде.

Something In The Way е една од најтажните песни што ги имам слушнато. Песната е за времето кога Курт живеел под мост.

Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.534
Поени од реакции
3.722
Something In The Way е една од најтажните песни што ги имам слушнато. Песната е за времето кога Курт живеел под мост.
Уствари Кобејн никогаш не живеел под тој мост, тоа е намерно измислена приказна од него самиот, а вистината е дури и малку посурова.
Абердин, гратчето од каде што доаѓа Курт е мало гратче, а тој мост го биело лош глас затоа што таму се собирале бездомниците и наркоманите, кои биле малку на број во тој прилично конзервативен град. Што значи мостот на некој начин бил симбол за оние кои изгубиле се и пропаднале скроз во животот. По разводот на неговите родители, Курт често се префрлал да живее од кај мајка му, кај татко му и обратно, се додека на 17 години веќе ни двајцата не сакале да го примат кај себе, бидејќи не се согласувал со нивните нови партнери, оставајќи го практично како бездомник. Следните неколку месеци Курт ќе ги пројде по болничките ходници, преправајќи се дека е роднина на некој од тешко болните пациенти или обивал коли на паркинзи за да има кај да преспие, понекогаш користел и картонска кутија за да преспие на скалите на некоја зграда, секогаш пазејќи да влезе кога сите ќе заспијат, а да се разбуди пред другите да станат. Кога го снимале „Nevermind“, Курт решил да им врати на своите родители, па така наместо да ја развлекува приказната, ја искористил легендата за тој мост кој бил збиралиште на безвредните, на „ѓубрето“ на Абердин, знаејќи дека така највеќе ќе ги повреди своите родители.„Something In The Way“ е неговата одмазда за родителите.
 
Јас знам малку поинаква верзија на ова. Кобејн останува бездомник на седумнаесетгодишна возраст од причините кои ти ги наведе, и преспивал на разни места меѓукои и наведениот мост (оттаму и песната). Подоцна го запознава Новоселич и извесен период живее кај него.

Фала во секој случај, првпат од тебе го прочитав ова. :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.534
Поени од реакции
3.722
Интересно е и тоа што кога бил бездомник, а и малку подоцна кога живеел кај некој од своите пријатели, работел различни работи за да може да се прехрани. Понижувањето стигнало до таму што се вработил како чистач во средното училиште во кое учел и од кое бил избркан во трета година (кога останал бездомник). Дедото-чистач во спотот за Teen Spirit е всушност шега на Кобејн на своја сметка, демек сите негови другари завршиле школо само он ќе остаре како чистач во истото.
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.818
Поени од реакции
10.964
Добар дел од бездомничките денови ги поминувал и по библиотеки, читал по цели денови, а и често преспивал таму, над книга. Добар дел од неговата начитаност се должи и на тоа. Смешно, една од неговите фрази е - I'm not well-read, but when I read, I read well. Секогаш да се омаловажи и прикаже помалце од тоа што е, ретко приземјена легенда.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom