Nip/Tuck

ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Шон Мекнамара и Кристијан Трој се двајца пластични хирурзи, воедно и партнери во една клиника за пластична хирургија. Имаат различни желби во животот.

Дејството на оваа драма е сместено во Јужна Флорида, во една клиника за пластична хирургија, каде се' се врти околу докторите кои ја поседуваат.

Шон Мекнамара (Dylan Walsh) е колеблив, попустлив човек кој има проблеми во својот дом, обидувајќи се да го задржи своето семејство заедно, обидувајќи се да ја преброди оваа криза заедно со неговата сопруга Џулија (Joely Richardson).

Од друга страна, секс-манијакот Кристијан Трој (Julian McMahon) е еден арогантен, нарцисоиден, неетичен човек кој го користи неговиот шарм за да привлече потенцијални кандидатки и склучува матни зделки, често заради љубовта кон парите. Затоа и често греши, па неговиот партнер мора да ги поправа неговите збрки.

Серијата започна со емитување во 2003 година и сеуште трае. Има еден Златен глобус во 2005 година за најдобра драма и уште четири номинации.

Ова е официјалната страна на серијата.

Мене серијата ми се допаѓа. Совршен спој на драма, комедија и умерена доза на секс. :pipi:

Ваши мислења, ако некој ја има гледано.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ја обожавам серијава, штета што немам можност да продолжам и понатаму да ја гледам.. воедно имам изгледано само првите 5 епизоди од првата сезона :pipi:
 
ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Јас се опремив со торенти, и си ја даунлодирам полека, полека. :pipi:
 
Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Kако не сум ја видела темава, дефинитивно серијава е една од моите поомилени, да не речам и најомилена, толку испреплетеност на ликовите, дефинитивно оригинални карактери и занимливи животни приказни, а пак да не зборувам за сексуален живот :))

Dobra serija. Zavrsuva godinava.
Него од кај ти е инфово? Во моментот оди 5та сезона, а на имдб пишува дека ќе има и 6та. Искрено се надевам дека нема да заврши у скоро време.
И да омилен лик ми е нормално Кристијан, а најантипатичен ми е овој синот, Мет.
 
И мене ова ме зачуди. На www.tv.com нема ништо, исто и на официјалната страна на серијата.

Да се надеваме дека навистина нема заврши.
 
igor108367

Dark Lord Sauron
Член од
25 јануари 2009
Мислења
2.516
Поени од реакции
113
Kако не сум ја видела темава, дефинитивно серијава е една од моите поомилени, да не речам и најомилена, толку испреплетеност на ликовите, дефинитивно оригинални карактери и занимливи животни приказни, а пак да не зборувам за сексуален живот :))

Него од кај ти е инфово? Во моментот оди 5та сезона, а на имдб пишува дека ќе има и 6та. Искрено се надевам дека нема да заврши у скоро време.
И да омилен лик ми е нормално Кристијан, а најантипатичен ми е овој синот, Мет.
Moja greska. Peta sezona ke e posledna i ke bide podelena vo poveke delovi. Ke ima tocno uste 27 epizodi za da napravat 100( i so toa da ja napraat pogodna za sundycation). Ke zavrsi dogodina.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.783
Поени од реакции
4.015
Ја глеав кога имав сателитска.Најзанимливо беше сексуалниот живот на Кристијан.:wink:
Ептен јака серија.Се сеќавам на една епизода кога им дојде машко со трета брадавица..
Нека ја даваат на мекедонскава бе...:(
 
ФлоуБТ

Потпис: Clever Bastard
Член од
17 февруари 2008
Мислења
1.582
Поени од реакции
66
Ја глеав кога имав сателитска.Најзанимливо беше сексуалниот живот на Кристијан.:wink:
Ептен јака серија.Се сеќавам на една епизода кога им дојде машко со трета брадавица..
Нека ја даваат на мекедонскава бе...:(
Живи били, па НЕ видели :baeh:
 
Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Мене посебен впечаток ми остави таа епизода кога Кристијан имаше секс со таа коа му беше ружна и и стави ќеса на глава за да не ја гледа :))))
 
диме

When Am I ?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
806
Поени од реакции
21
Мене посебен впечаток ми остави таа епизода кога Кристијан имаше секс со таа коа му беше ружна и и стави ќеса на глава за да не ја гледа :))))
Не ја гледам серијата ама таа сцена ја имам начекано на ТВ. Се смеев 5 минути! :pos2::pos2::pos2::pos2:
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Досега имам изгледано 4-5 епизоди на А1 кога ќе ја начекам серијава и ми изгледа интересна. Барав на Замунда, ја има и ме зачуди вака поанонимна серија кај нас, а има досега 7 сезони поминато. Еве за што се работи и се надевам ќе стигне на ред за глеање :)

Серијата го следи животот на двајцата пластични хирурзи од Флорида, докторот Шон Мекнамар и докторот Кристијан Трој, кои се најдобри другари уште од факултет и заедно ја основале клиниката за пластична хирургија “Мекнамара/Трој”.

Со напорна работа клиниката станала една од најпрестижните во Мајами. Кристијан и Шон се со потполно различен поглед на животот.

Шон е фамилијарен човек, но се помалку задоволен од својот живот, како и својата сопруга Џулија, која одлучува да се врати на факултет, кој го има напуштено кога се омажила за Шон.

Тој на работа бега од својот живот и од сопругата Џулија, бунтовниот син – тинејџер Мет и малата ќерка Ана.

Додека пак Кристијан е арогантен женкар кој сака вино, жени, пари и секс. Ќе направи се за да го добие она што го сака (ќе лаже, мами, краде,...), а поради тоа не чувствува никаква грижа на совест.
 
Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Ги имам гледано сите 7 сезони и навистина е добра барем мене лично ми се свиѓа да ја ставам во жанрот драма со (за задоволство на машкиот род) многуте сексуални сцени кој ги има во серијата.А иначе Кристијан ми е идол :)
Човекот ги изеба сите женски што се појавиja во серијата :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom