Next Time

  • Креатор на темата Креатор на темата M@We4kA
  • Време на започнување Време на започнување
Па не дека нешто сечам вени по нив али им посакувам многу среќа у Москва и пред се да останат природни и да имаат добар настап.
 
Жива пропаст... море кој ги изгласа дечките да одат на евровизија?
После не сме влегле во финале епа нема да влеземе... златно генгста оро ние овие ги пуштаме:)
 
Некст тајм ги забележав уште од летото , направија некои добри песнички, учествуваа на фестивали но на прв поглед ми личеа на некои лиглиња, пуватори. Но кога гледав некои интервјуа и емисии во кои се гости, сфатив дека не се такви, односно ми изгледаат сосема прибрано, добри дечки и имам добро мислење за нив.
Песната- Нешто што ќе остане ми беше во моите топ 3 фаворити и навистина ми е драго што тие ќе не претставуваат во Москва.
Очекувам дека ќе остварат добар пласман и им посакувам се најдобро:smir:
 
Најискрено не ми се допаѓаат дечкиве...
Како преку ноќ станаа одма ѕвезди и сега на евровизија?!
Голема грешка според мене што ќе ги пратиме нив ама не му се замарам зашто и онака нема да влеземе во финале со нив или било кој друг.
 
Баш имам добро мислење за нив.Иако не сакав да победат,сепак им посакувам среќа во Москва и да успеат понатаму во кариерата :smir:
 
Баш ми се допаѓаат Некст Тајм, а по интернетов, како и овде на Кајгана нормално читам многу негативни коментари за нив. Не ви чинеле сега и они за на Евровизија ? Добро, разбирам, тоа е стандард секоја година за нас македонциве да плукаме по нашето.
Имам некое добро чувство за песнава и верувам во нив и дека ќе имаат добар пласман, па ме интересира доколку тоа се случи, каков ќе биде коментарот на тие што не се задоволни со нив. Секако и тогаш ќе се најде маана, нели ?

Ај за Евровизија мање-више, и онака настрана од тоа дечките се супер и имаат добри песни кои ги слушам, за разлика од другиве 'музички ѕвезди' на нашава естрада. Единствено Некст Тајм ми се по вкус..

И многу е лесно да се коментира како тоа станале познати и слично.
Едноставно нели, им се може.

:smir:
 
Со задоволство чекав темава повторно да биде отворена.
За НТ имам кажано што имав да си кажам. Сакам само да потенцирам дека колку и да не ги сакам, им посакувам среќа во Москва. Сепак, многу ќе им треба. Тој вид музика, и стил, и коси, поминаа пред 3-4 години низ цел свет.
Како и да е, читам погоре, ако се врателе со некаков јак пласман, бла бла. И што дека?!
Кој рече дека ако некој се врат си јак пласман треба да биде величен?!
Кажав во темава одамна, и ќе кажам пак. Сакаат слава, нека си ги сносат последиците. Сите имаат поминато низ процес на плукање.
До душа, кај нас малку биле оние кои се здобиле со почит на публиката, а сето тоа затоа што биле вистински музичари.
Сепак, уште еднаш, нека им е со среќа.:smir:
 
Баш ми се допаѓаат Некст Тајм, а по интернетов, како и овде на Кајгана нормално читам многу негативни коментари за нив. Не ви чинеле сега и они за на Евровизија ? Добро, разбирам, тоа е стандард секоја година за нас македонциве да плукаме по нашето.
Имам некое добро чувство за песнава и верувам во нив и дека ќе имаат добар пласман, па ме интересира доколку тоа се случи, каков ќе биде коментарот на тие што не се задоволни со нив. Секако и тогаш ќе се најде маана, нели ?

Ај за Евровизија мање-више, и онака настрана од тоа дечките се супер и имаат добри песни кои ги слушам, за разлика од другиве 'музички ѕвезди' на нашава естрада. Единствено Некст Тајм ми се по вкус..

И многу е лесно да се коментира како тоа станале познати и слично.
Едноставно нели, им се може.

:smir:
Не дека плукаме по нашето, туку едноставно дечките не се дораснани за Евровизија, поарно да отиедеа Самарџиев и Џорлев, или некој од поискусните, али тоа е тоа народот така сакаше така нека биде :) им посакувам среќа, во никој случај не сум против нив, иако според мене не вредат ни 5 пари.
 
Добро, не реков дека сите плукаат по нив, ама свесни сме за коментарите. Поентата ми е дека може барем поддршка да им се даде. Тоа дали се дораснати или не се, ќе покажат у Москва, никој од нас не знае што ќе биде таму.
 
кога ќе ги видам на телевизија ме нервираат... а 4есто ги пуштат скоро на сите македонски телевизии... подршка неможам да им дадам затоа што сум сигурен дека ќе ја опелскат работава до душа...веќе ја оплеска:wink:Си ја сакам државата многу и кажете ми како да си навивам јас за МАКЕДОНИЈА а да не навивам за Next Time...
:smir::wink:
 
Некој напишал дека не биле дораснати за евровизија а кој тоа е дораснат пак за евровизија,најверојатно ние ко држава сеуште не сме дораснати за евровизија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom