Нервоза - колку се нервирате и зошто?

  • Креатор на темата Креатор на темата bella
  • Време на започнување Време на започнување
Може да се каже дека имам дебели нерви. Џоа кабли :) Прагот на толеранција ми е релативно висок и ретко може нешто да ме изнервира до потресување, или барем нема да покажам, го оставам да се трупа, а кога купот ќе стане преголем ќе пукнам во најнеочекуван момент и најнесоодветна ситуација и дури тогаш сфаќам колку тежина сум потиснувала подолго време.

Знам многу да критикувам, да мрчам, да изразувам незадоволство од некои појави/случувања/луѓе, ама тогаш не сум вистински нервозна, туку само моментно изиритирана и тоа е начин да покажам незадоволство. Некогаш дури и само за да се најдам во муабет :icon_lol:

Кога вистински ќе се изнервирам сум како ураган, кој преферира да се заклучи во 4 ѕида за да не ја напаствува недолжната околина, а кога нервозата ќе испадне придружена со разочарување, бес, агонија и куп лоши чувства, 5 саата солзи нема да ме смират, зошто ретко плачам, ама кога ќе се расплачам не можам да се сопрам. :)
 
Многу нервозна личност сум.Можам да се изведам од патики за ситница,а камоли за некој поголем проблем.Се нервирам кога мојот труд не се цени,кога ја мавам главата од ѕид,кога сум обвинета неправедно,кога некој ми изиграва паметен а нема три чисти во глава,кога некој ќе ме потцени,кога ништо не е како што треба,кога ќе почне годината како оваа....Значи лесно се нервирам,и тоа трае додека не го решам проблемот.Знам да се издерам,знам да се оболам од нервоза,знам да му се истурам на некој што не е крив,да се затворам во соба и да плачам како мало дете.
Од сите причини кој можат да ме изнервираат,неправдата ми го пали фитилот најбрзо.
 
Многу ретко се нервирам. Толерантен сум и секогаш ведар и расположен. Ама кога се нервирам бајаги сум опасен:tapp:. Најчесто се нервирам за некои ситници и за школото, а исто така може да ме изнервира и некој пораз на јувентус.
 
80% се нервирам секој ден, за мала ситница може да е ама дур не чујам добра вест нервозата трае
 
Се нервирам кога мојата најдобра другарка, рецимо, ќе си направи палачинки и ќе ги избања во чоколадо, ќе ги слика и ќе ме ебе во мозок со сликата де по мсн де сутрадан на сколија, де на кафе, де на сред улица, а особено не пропушта да ме потсети ако изјавам дека сум гладна.

И кога некои луѓе, сеедно дали ми се блиски или не, даваат да пропуштат други луѓе у животов. После до цркнување ќе ми лечат фрустрации. Мрш.
 
Скоро никад, можат да ме изнервираат само луѓе ама тоа ретко се случува...
 
не се нервирам, не се нервирам, не се нервирам....ама па кога ќе се изнервОЗИРАМ :nerv:
и.....да видиш после....:kafe:
 
Се нервирам кога некој ми зборува за политики...Воопшто не е моја тема.Не ме интересира, што да правам кога е така:toe:
 
Често ке слушнеме или и самите ке кажеме-Нервозна сум,остај ме на мира!!!!!Зошто се нервираме,која е вашата најчеста причина за нервоза???Јас лично ретко се нервирам,а и кога сум нервозна не се истурам на други личности,може ке си поплачам малце и ке ми помине нервозата,но има некои,уфффффф!како вие се справувате со нервозата ваш и на другите окулу вас!јас кога ке видам некој дека е нервозен,само ке го прашам зошто е нервозен,и ако ми се раздере или не ми каже ке си покутам,да не го нервирам уште повеке!
Не се нервирам. Освен во ПМС, кога цела населба и пошироко може да забележи дека треба да давам данок во крв. :pos2: Инаку, иако свесни дека нервозата е голема неприродна состојба на организмот, во која сите органи се во своевидна згрченост, настанува варијабилен дотур на крв во срцето, се` работи забрзано и неправилно, повторно се нервираме... Голема нелогичност... Ги ставам стресот и нервозата во истата група на убијци на духот и телото. Избегнувам нервозни луѓе, не ги тешам, не им приоѓам, не сум им ни крива ни должна. Па уште да ми се издере некој нервозен ? Кој не му ја врзе една, ќе му помине нервозата инстантно.
 
се нервирам секојдневно и тоа највеќе од такт ме вадат ситници али знам доста добри тактики за да ја избацам нервозата од мене без разлика колкава и да е ,што значи дека веќе не ми представува проблем него ја доживувам како нормален секојдневен настан од кој неможе да се побегне :wink:
 
Секој ден, цел живот, за најмизерни работи и ситници.
 
Да бидам искрен често можат да ме изнервираат моите и да не го забаровам (брати ми) но кога сум излезен од дома поретко омрам да признаам....
 
Se nerviram epten mnogu skoro sekoj den ima nes so ke moze da me iznervira ili nekoja drugarka ili mojve doma ama sigurno nes ke se najde so ke me iznervira... veke se naviknuam na toa
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom