Нервоза - колку се нервирате и зошто?

  • Креатор на темата Креатор на темата bella
  • Време на започнување Време на започнување
Порано дури ни у ПМС скоро не можеше ништо да ме изнервира,значи бев екстремно толеранта,се нервирав ептен многу ретко,и тоа за да ме изнервира нешто беше потребно многу.
Сега,човековата глупост до толку напредна што едноставно не можам да и одолеам,а гледам и ме потфатила и мене па почнав да се нервирам за се и сешто.Се трудам малку да воспоставам самоконтрола,ама тоа од кој ќе ми пројде ПМС-ов,морам малку да се смирам зошто почнав да претерувам.
 
ретко сум нервозен, можи да ме изнервира само кога некој ми го повторува некој 100 пати за нешто исто.
 
Се нервирам најчесто ко ќе некој не ме сфатил шо сакам да кажам. Можда на моменти не се изразвам убо ама ко ќе сакам да објаснам шо сум зборвела нејќет да ме слушет.
Значи уствари тоаш се нервирам. Ко ќе си кажит некој нешо и толку и другиов шо ќе кажит не е битно и си заминвет.
Ко ќе се изнервирам не знам како реагирам поточно... прво ќе се раздерам онака (добро зависит кј се дешават ова) и ќе му кажам на чоекот дек требит да ме ислушат пошо во муабетов двајцава учествуваме и како и да изреагират тој, мене веќе не ми е мерак да му објаснам нешо на чоекот шо највероватно ми значит чим се мачам тука....
А ко ќе е некој друг нервозен (аку е некој шо не ми е толку близок) прашвам ради култура само „шо ти е?“ и ногу се мразам себе си така пошо то прашање ми е ногу глупо ама сепак и јас на моменти прам така. Глупо ми е зш ај ние едно здраво иаме или шо и да е сепак не си кажвиме се и јас прашвам тука а и двајцата знајме дек не ме интересират.
Додека пак ко ќе е во случајот некој од мојве блиски се трудам да го смирам чоекот, доколку јас не сум крива за нервозата, пошо ак сум шо имат уш толку да го нервирам ќе си се повлечам и ак сум згрешила ќе се извинам. А ак не сум крива ко шо реков, го смирвам, и почеквам негде 10 минути да си ја изладит глата и после прајме муабет за проблемот и се надевам бар на моменти поможвам колку толку.
 
Се нервирам кога некој ме убедува во нешто шо сум сигурна дека не е така...или кога чекам некој. А иначе тоа е ретко, не се замарам многу.
 
Перфекционист сум такада ме нервираат секакви глупости и ситници, некои ствари кои знам дека се најнормални
 
Во последно време нешто почесто преовладува омразата во мене. А главен фактор за постанокот на таа нервоза се луѓето, кои иако грешат во своите мислења се прават паметни па и ми солат памет дека нивното мислење било точно и безгрешно. Преку глава ми е од такви луѓе.
 
Порано се замарав со се и сешто , и со тоа што треба и за то што не треба ... се ме неривраше . Ама се сменија времињата не можат да ме изнервират ситници и небитни работи . Во последно време само неправдата ме нервира ама полека , полека се навикнувам и на то дека каде што има сила нема правдина.
 
Најчесто се нервирам поради неправди, глупи луѓе кои го наметнуваат своето мислење и не сакаат да прифатат туѓо и поради несовесни возачи кои претицуваат на полна линија, возат во едносмерни улици.....
 
за ситници се нервирам и кога некој јаде г*мна за мене :nerv:
 
Па најмногу зависи од расположение, ако сум добро расположена тогаш неможе ништо на светов да ме изнервира.... ако пак сум нерасположена тогаш се ме нервира, во тие моменти нема нешто што не ме нервира и најчесто се истурам на тие околу мене.... Ако пак сум онака ок нормално расположение тогаш знам да се изнервирам и за ситници ама и не толку многу.... у принцип сум нервозна личност :D
 
Јас сум многууу живчана личност и се нервирам за секоја глупост/ секоја ситница ... и не знам баш многу многу да го контролирам бесот .. ако сум малку изнервирана ај и некако... но ако попиздам малце поише тогаш сите околу мене бегаат :S... кога сум нервозна често знам да направам нешто за кое ке зажалам .... било тоа да е да кажам нешто / да удрам некого или пак да скршам нешто и слично...

- најчесто се нервирам кога некој ми соли памет... или кога ми води инает а знае дека не е у право ....
знаат да ме изнервираат и моите низ дома .... коа ке почнат со тоа .... аман со тој компјутер станувај , кабелот или модемот ке ти го соберам ...
или ништо не си јадена земај лебот ....
а и нешто во стилот на : како не ти е срам толкава КРАВЕТИНА не можеш собата да се свртиш 5 мин да ја расчистиш :ija: е од ова коса ми се крева ...
потоа ме нервира кога некој ми се улизава само за да дознае нешто повеке за мене или за некоја моја друга и слично ...
се нервирам кога гледам како се искористуваат личности помеѓу себе ...
се нервирам кога ке се утепам од учење и ке ми стават помала оценка затоа што по некојси друг предмет сум имала слаба :nerv:

и се нервирам за уште милиони..милиони ситници ... и гледам да почнам да припазувам на понашањето додека сум нервозна ама некако не ми успева:icon_conf:kesa:
 
Многу лесно можам да се нанервирам,за секакви глупости и ситници.
 
Многу често се нервирам ( од сите ) понекогаш за глупости ама понекогаш толку ме вади некој од контакт што дури збудалувам од нервоза...Еве на пример вчера побарав пари за нов телефон и ми кажаа да почекам една недела...Почнав право да се карам дома и да се дерам ко ненормален и денеска ми дадоа пари ама работата е што неможам да се исконтролирам некогаш кога некој ќе ме изнервира и не знам да се разберам со добар муабет...( добро сега не секогаш ама сепак често ) :helou::uvo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom