Чудна форма на живот пронајдена во Панама
Жителите на едно јужно американско гратче се преплашени откако необично суштество, кое го нарекуваат „Голум“ излегло од езерото и се упатило кон неколку деца.
Ѕверот, кој создаде страв и паника во малото панамско гратче Церо Азул во саботата го забележале четири тинејџери кои си играле крај брегот.
Како што јавија панамските медиуми, младите момчиња „вреснале“ кога суштеството, големо околу 1,5 метар се појавил од пештерата и почнало ползејќи по карпите да им се приближува во став за напад.
„Очајнички обидувајќи се да се одбранат“, момчињата го каменувале до смрт чудното животно по што го фрлиле неговиот труп во вода и побегнале.
Родителите на избезумените деца не верувале во приказната, но останале запрепастени кога го здогледале трупот на брегот.
Експертите сè уште ги истражуваат сликите, по што ќе дадат официјална изјава за какво суштество станува збор.
Сепак, локалното население вели дека суштеството личи на „Голум од филмот „Lord of the Rings“.
- Само еднаш досега сум видел такво суштество и тоа во филмот според романот на Толкин, вели еден од жителите.
Стварно чудно што мислите за оваа...