Нема работни места или нема кој да работи?

  • Креатор на темата Креатор на темата girlll
  • Време на започнување Време на започнување
Со оглед на тоа што јас ја отворив темата тогаш значи знам зошто сум ја отворила тука и дека имам некаква конкретна замисла за истата.. ШТО СИГУРНО НЕ Е ПОЛИТИЧКА. Се обидувам да го објаснам тоа што и ми била таа замисла ама гледам залудно е.. Цепајте си како сакате..
Император гледам дека ме потценуваш.. Не дека ми е гајле за тоа ама нема никогаш да ме сфатиш се додека си ги читаш од тој твој аспект моите мислења..
 
Со оглед на тоа што јас ја отворив темата тогаш значи знам зошто сум ја отворила тука и дека имам некаква конкретна замисла за истата.. ШТО СИГУРНО НЕ Е ПОЛИТИЧКА. Се обидувам да го објаснам тоа што и ми била таа замисла ама гледам залудно е.. Цепајте си како сакате..
Император гледам дека ме потценуваш.. Не дека ми е гајле за тоа ама нема никогаш да ме сфатиш се додека си ги читаш од тој твој аспект моите мислења..

Не те потценувам...не се секирај.
 
Факт е дека се исцрпува темава ама ај да напишам нешто. Вистина е дека во нашата држава луѓето работат за малку пари и се експлоатирани од газдите на конфекциите. Вистина е и дека е тешко да се најде друга работа, но, јас сеуште сретнувам (иако многу ретко) амбициозни и упорни луѓе кои се ќе направат и секаде ќе се обратат и ќе успеат да најдат барем малку поплатена и подостоинствена работа од онаа во конфекција и слични работи на неа. Кај нас проблемот лежи и во народот. Цел век ќе се жалат без да превземат нешто, и ако случајно нешто се реши да се превземе обавезно ќе испадне некој шпион кој ќе истрча на прсти до газдата, или пак организаторот на оние кој се незадоволни ќе ќари нешто и на крај пак сме во исто место. Епа затоа моменталнава состојба ќе си владее и натаму
 
И читајки ве назад низ страниците... се се сведува на едно. ..

има работа, има работници само нема доволно пари, и нема кој да дава повисока плата. ..
Прифатете дека сме сиромашна земја, и тешко дека не чека светла иднина. .. :wink:
 
И читајки ве назад низ страниците... се се сведува на едно. ..

има работа, има работници само нема доволно пари, и нема кој да дава повисока плата. ..
Прифатете дека сме сиромашна земја, и тешко дека не чека светла иднина. .. :wink:
тоа дека се нема пари и дека сме сиромашна земја ок али постојат банки и постојат кредити со кои што би можело да се започне сопствен бизнис но нашиов народ сеуште мисли дека е во социјализмот...и нема храброст да направи вакво нешто...
 
A оти тоа да не важи и во обратна насока?Еве според мене вие си имате зацртано идеа да речиме.и неможете да сватите некој работи,јас што ги кажувам...сепак затоа е ова форум,дебата...па не велам јас остај ги бе не те разбира.....туку чисто си дебатирам.

Ди џеј, не бери гајле, јас супер те разбирам и тебе и императорот и ви го разбирам ставот, јас само се обидувам да ви објаснам дека со тој став денес неможе да се опстане, бидејќи еве наједноставно ќе се обидам да ти објаснам зошто со тој став денес само се иде во провалија. Точно е мали се платите тоа не го спорам, ама ако тргнеме со твојот став тогаш сите што би можеле да работат за 5000 денари не би работеле и би се ставиле на социјалка од 3000. И што се случува тогаш? епа бидејќи главната работничка маса која сега моментално работи за 5-9000 денари е таа која ја одржува економијата односно од платите што ги заработува идат главните средства за социјално. Тоа значи дека ако сите ко тебе речат ма кој ти пипа работа за 5-6000 на социјалка од 3000 ќе живеам, тогаш ќе се изгуби оваа работничка класа од чии плати се одржува социјалниот систем и нема да има ни социјалка од 3000 денари, што значи за да има социјалка од 3000 денари мора многу повеќе да работата за 5-6000 денари плата.
Е сега бидејќи гледам дека тоа ти причинува илузија дека таа слаба платеност ќе иде до недоглед ќе ти објаснам дека и тоа ќе се реши само за тоа треба време. Имено сите ќе почнуваат да работата тѕакви нископлатени работи, но како што ќе се отвараат фирми и ќе се создава конкуренција така и ќе се бара поквалитетна работна рака која моментално работи пониско платена работа а има капацитете на новото работно место да биде платена подобро. И така полека ќе почнат да се одливаат квалитетните работници од слабоплатените работни места и тогаш тој што го нуди тоа нископлатено работно место ќе почне да иде во загуби бидејќи нема квалитетна работна рака, па така тој ќе ги повиши платите и ќе ги подобри условите за работа за да може да му опстане бизнисот, и оп одеднаш почнува една лавина на покачувања на платите а со тоа и на стандардот.
Е тогаш многу повеќе пари ќе се заработуваат и следствено на тоа многу повеќе пари ќе има за социјала.
Ама не заборавај дека ако ја немаш таа работничка класа која ќе ги работи тие нископлатени работи, која класа е носителот и таа е класата која ја одржува економијата тогаш нема да ги имаш ни тие 3000 денари социјално, и тогаш ќе имаш две опции, првата уште да се противиш на ниските плати и да просиш за пари бидејќи од немање работници како тебе нема државата пари за социјално, втората е да почнеш да работиш таква нископлатена работа, со надеж и постојано пробување да се добие подоброплатена работа (што исто така зависи и од твојата способност) и со имање на ум дека само така со трпение и труд може да обезбедиш иднина на твоето потомство каде што тоа ако е способно и има соодветно образование нема да мора како тебе да го почне својот работен век работејќи на слабо платено работно место.
Се надевам дека ми ја разбираш поентата и логиката на тоа како работите функционираат.
 
Темава е прилично чувствителна и судејки според напишаното има многу да се каже.

Вака, во суштина Македонија е земја во која голем дека од буџетот се одвојуваат за социјалата наместо тие пари да се даваат кон развој поттик за отварање на нови бизнис и работни места. Мислам дека до сега доста ни беше со социјала редно е да тргнеме во развој. Во суштина сите држави сакаат да ја намалат таа социјална страна на буџетот, зошто во суштина тоа се пари кои се само на државата воедно според мене социјалната помош во Македонија ја поттикнува невработеноста.

После, по дефиниција невработен човек е оној човек кој активно бара работа и сака да најде вработување. Колку луѓе знаете вие вакви?

Кога и да отвориш najdirabota.com.mk и дневник полно е со огласи за вработување. Јас имам впечаток дека во последно време весниците се прополни со огласи...Е, сега кој ги пополнува тие работни места?

Луѓето треба малце да бидат поупорни. И јас за да стигнам до ова работно место на кое што сум сеа претходно пратив 20 CVa...ама тоа е. Сега работам на ТОП позиција во светска фирма и со ТОП плата. Можеби работата не е нешто вау...но кога доброенте плаќаат ќе си ќутиш. Работава (а и други работни места) ги добив благодарение на тоа што 5 години работев како волонтер по организации и фирми-и мене не ми беше ОК да работам за џабе. И сега работам една платена и плус дополнително волонтерска работа (кога можам)

Поентата ми беше мора да се биде упорен не може да се откажуваш за да добиеш работно место. Знам дека делува демотивирачки секое неуспешно интервју или разговор за работа ама тоа е сега.

И да не го тупам:
Моја заклучок: Особено за луѓе млади како нас има работа за секој што сака да работи. Оние што мислат дека не е така почесто нека купуваат дневник и повеќе нека се трудат. Јас им гарантирам 100% дека ќе најдат работа.
 
Гледам многу се има пишувано на темата, јас мислам дека повеќе е мрза ама не сега она не ми се работи не работам. Не дека има нај нај работа , ама ако се потрудиш ако сакаш ќе најдиш, се разбира неможи наеднаш да е нај нај наеднаш да се збогатиш. Ама колку толку има се наоѓа.
 
Работни места има,нема кој да работи....тоа веќе го увидов барем тука во мојава област....никој веќе не дава пари на легачење мора сам да си ги заработуваш,а инаку работа има насекаде само треба да малку да се активираш и да се распрашаш....
 
За тој што сака да работи има работа, а на тој што не му се работи нема работа :)
 
Нема да реплицирам на никого,гледам дека не се разбираме,кој сака да работи има работа,кој нејќе нека седи по дома или на автобуска или нека шета што сака нека прави само нека не се жали дека нема работа,јебем ли га,тоа ни е стандардот,неможеме сите да бидеме газди и директори,а може и можеме но се со тек на време...си имам работа,си работам и убаво ми е,барем не чмаам по дома и ги молакам моите за некој денар за да искочам и да имам само за едно пиво,сокче или било што.
Секој со својата среќа и памет.
Толку од мене на темава :pipi:
 
Бах... немало работа....

Има работа, само таков ни е менталитетот на повеќето: да се жалиме надевајќи се дека сожалувањето од другите ќе не исполни и ќе ни ги олесне безработните денови.

Е да такви луѓе сме, што само кукаме ова било она било нема работа бла бла. Па почни од едно па натаму ќе видиш што ќе бидеш во животот, не можеме сите директори да бидеме. Еее Еве јас сум невработена ама активно барам работа, значи сега за сега нема работа, но ако сум упорна ќе ја пронајдам.
Има работа, само кој да ја пронајде.:toe:
 
Некогаш луѓето се премногу горди и не сакаат да работат било што. Па нормално е полесно да се плука по државата и да се негодува.
Од една страна ги разбирам, никој не сака да работи како чистач, ама од друга страна ако имаш семејство за издржување, гордоста мораш да ја ставиш на последно место.
А и сум сигурна дека секој може да ја работи работата која ја сака, само треба упорност, труд и трпение.
 
Не се согласувам!
Зошто?!Не те разбирам што сакаш да кажиш,демек да се работи по секоја цена??Е па не можи така!!!На секој што работи треба да му се плати трудот.Секој работи за плата!Според тебе Плата е 4000,5000 денари???Ај прашај си дома колку пари коштаат вкупно сметките да се подмират,во смисол на струја,вода,парно,телефон,и тн...Еве да не губиш време,идат негде 4000 горе долу!И сеа кажи ми со платата дали сметки,дали јадење и сл...Значи тоа што го зема тој за тоа што работи не е плата,кога не можи да ги задоволи најосновните животни потреби.А од друга страна ако лежи дома ке зема 3000 социјално и сл.
Е сеа вреди тој за 1000 денари разлика да се бламира да му го чисти на некого изметот,за да на крај и вака и така нема да можи да ги доплати сметките???
Да вреди. Знаеш барем дека си работел за тие скромни пари, а не ти ги дал некој за тоа што си лежел дома, а си здрав човек.

...ама велам дека за таквите гасни работи се додека има луѓе кои ќе се понужуваат за таква ниска цена да ги работата..нема никогаш да ја оправиме работата.

И друга работа...Кажи ми ти мене што е државата ако не е народот???
Се додека има луѓе што ќе викаат..."Епа јебига што е ,тоа е " има да не шупчат у гз цело време.
Као мислиш дека сите луѓе што работаат гнасни работи ќе си ги стават на коцка своите семејства и ќе излезат да се борат за своите права? Мислам дека нашиов народ е секаков освен таков. Затоа, соочи се дека нема сам да смениш ништо и фати се за работа.

Нема да кукам цел живот,али дури можам ке си се борам да го добијам она што го заслужувам!Кога вејке не можам,и ко ке ме чека детето да му однесам за јадење е тогаш ке правам ти како што велиш.то ест че работам и че чутам
А зошто за тоа време, кога си најспособен за работа да не работиш било што со што ќе имаш шанса и да тргнеш некој динар за времињата кога ќе имаш и деца? Или сепак подобро ти е од кревет да тераш инает сам со себе?:toe:

НА СВОЈА КОЖА ГО ИМАМ ОСЕТЕНО БРАТЧЕ
Ики, ти ништо немаш осетено на своја кожа. Колку време има откако дипломира? Зарем паѓаш во депресија затоа што не те примија на соодветното работно место веднаш откако излезе од факултет? Имаш ниви за орање и работи за осеќање на своја кожа, за жал.

Како можи даправиме муабет на темава ама од ОПШТ АСПЕКТ!!!Не те разбирам!Темава е ДИРЕКТНО поврзана со политиката,и проблемот на темава произлегува ДИРЕКТНО од политиката!
Исто ко да ми речиш ак да прајме муабет за СДСМ ама не од политички аспект!!
Темава поврзана за политика?:pos2:
Уствари да, е поврзана со политика за тие кои сакаат да се вработат во некоја државна фирма и сл. Но, прибидејќи сами кажувате и знаете колку е тоа сигурно, зошто не се свртите накај приватните фирми? Ем ги има повеќе, ем нема да ве избркаат кога ќе се смени власта, доколку ве бива за дадената работа. Туку и тоа не чини колку што чини плукањето по се` што се стигне од дома.


И да, да си кажам од свое искуство како стојат работите, бидејќи сите тоа и го правиме.
Јас секогаш се` можам да решам во врска со работата, а никогаш проблемот со персонал. За разлика од гнасните работи кои ги споменувате, работата јас што ја нудам е "клати врата-земај плата", па сепак има млади кои и тоа го неможат, доколку се пријават и прифатат да работаат. Башка платата е редовна и дупло поголема од таа што нон стоп ја кажувате, плус осигурување. Покрај тоа, повеќето мојата понуда ја сфаќаат како пролазна и несигурна работа иако постојано напредувам, па се во потрага по спротивното. И треба да кажам и да верувам дека сте во право вие што кажувате дека неможете и нешто добро да најдете, иако нема да ви е по струка?
За да не мислите дека животот ми бил и ми е розев да си кажам дека пред да почнам со свој бизнис имам работено многу работи, разочарана бев од начинот на кој се случуваат овие работи, но сепак не губам надеж дека има и други фирми кои нудат солидни услови за еден нормален живот.
Затоа прошетајте повеќе, распрашајте се и побарајте, па можеби тогаш ќе видите дека не е се` така црно како во вашите трагични постови.
 
Како бе нема работа??? Работа си има ама нема кој да ја заврши.Луѓево се презафатени со кукање и обвинување.Ти нудат работа која знаеш да ја работиш и за која си остручен,е арно ама не ти била доволна плата од 250евра.Сметаш дека вредиш повеќе.Е ДОКАЖИ ДЕ!!!!!Или треба по завршување факултет да те чека некоја јака менаџерска позиција.Е треба да се испотиш малце. А и понижење му е да работи нешо друго ако неможе да си најде по мерак работичка. „јас келнер,некој потрчко,у дуќан некој или шо ти ја знам“ со завршен Економски Факултет(ко пример само)?? Немој друже!! никако!!! Тоа ти е понижење! Боље ти е на 24-5 години од твоите да бараш пари за кафе да пиеш,отколку да идеш и да си заработуваш сам и да си стекнуваш искуства и работни навики.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom