Не се согласувам!
Зошто?!Не те разбирам што сакаш да кажиш,демек да се работи по секоја цена??Е па не можи така!!!На секој што работи треба да му се плати трудот.Секој работи за плата!Според тебе Плата е 4000,5000 денари???Ај прашај си дома колку пари коштаат вкупно сметките да се подмират,во смисол на струја,вода,парно,телефон,и тн...Еве да не губиш време,идат негде 4000 горе долу!И сеа кажи ми со платата дали сметки,дали јадење и сл...Значи тоа што го зема тој за тоа што работи не е плата,кога не можи да ги задоволи најосновните животни потреби.А од друга страна ако лежи дома ке зема 3000 социјално и сл.
Е сеа вреди тој за 1000 денари разлика да се бламира да му го чисти на некого изметот,за да на крај и вака и така нема да можи да ги доплати сметките???
Да вреди. Знаеш барем дека си работел за тие скромни пари, а не ти ги дал некој за тоа што си лежел дома, а си здрав човек.
...ама велам дека за таквите гасни работи се додека има луѓе кои ќе се понужуваат за таква ниска цена да ги работата..нема никогаш да ја оправиме работата.
И друга работа...Кажи ми ти мене што е државата ако не е народот???
Се додека има луѓе што ќе викаат..."Епа јебига што е ,тоа е " има да не шупчат у гз цело време.
Као мислиш дека сите луѓе што работаат гнасни работи ќе си ги стават на коцка своите семејства и ќе излезат да се борат за своите права? Мислам дека нашиов народ е секаков освен таков. Затоа, соочи се дека нема сам да смениш ништо и фати се за работа.
Нема да кукам цел живот,али дури можам ке си се борам да го добијам она што го заслужувам!Кога вејке не можам,и ко ке ме чека детето да му однесам за јадење е тогаш ке правам ти како што велиш.то ест че работам и че чутам
А зошто за тоа време, кога си најспособен за работа да не работиш било што со што ќе имаш шанса и да тргнеш некој динар за времињата кога ќе имаш и деца? Или сепак подобро ти е од кревет да тераш инает сам со себе?
НА СВОЈА КОЖА ГО ИМАМ ОСЕТЕНО БРАТЧЕ
Ики, ти ништо немаш осетено на своја кожа. Колку време има откако дипломира? Зарем паѓаш во депресија затоа што не те примија на соодветното работно место веднаш откако излезе од факултет? Имаш ниви за орање и работи за осеќање на своја кожа, за жал.
Како можи даправиме муабет на темава ама од ОПШТ АСПЕКТ!!!Не те разбирам!Темава е ДИРЕКТНО поврзана со политиката,и проблемот на темава произлегува ДИРЕКТНО од политиката!
Исто ко да ми речиш ак да прајме муабет за СДСМ ама не од политички аспект!!
Темава поврзана за политика?:pos2:
Уствари да, е поврзана со политика за тие кои сакаат да се вработат во некоја државна фирма и сл. Но, прибидејќи сами кажувате и знаете колку е тоа сигурно, зошто не се свртите накај приватните фирми? Ем ги има повеќе, ем нема да ве избркаат кога ќе се смени власта, доколку ве бива за дадената работа. Туку и тоа не чини колку што чини плукањето по се` што се стигне од дома.
И да, да си кажам од свое искуство како стојат работите, бидејќи сите тоа и го правиме.
Јас секогаш се` можам да решам во врска со работата, а никогаш проблемот со персонал. За разлика од гнасните работи кои ги споменувате, работата јас што ја нудам е "клати врата-земај плата", па сепак има млади кои и тоа го неможат, доколку се пријават и прифатат да работаат. Башка платата е редовна и дупло поголема од таа што нон стоп ја кажувате, плус осигурување. Покрај тоа, повеќето мојата понуда ја сфаќаат како пролазна и несигурна работа иако постојано напредувам, па се во потрага по спротивното. И треба да кажам и да верувам дека сте во право вие што кажувате дека неможете и нешто добро да најдете, иако нема да ви е по струка?
За да не мислите дека животот ми бил и ми е розев да си кажам дека пред да почнам со свој бизнис имам работено многу работи, разочарана бев од начинот на кој се случуваат овие работи, но сепак не губам надеж дека има и други фирми кои нудат солидни услови за еден нормален живот.
Затоа прошетајте повеќе, распрашајте се и побарајте, па можеби тогаш ќе видите дека не е се` така црно како во вашите трагични постови.