Ниту прво ниту второ...
Ниту прво ниту второ... извинете, малку ке навлезам во политика но сепак ке кажам, има работа, не е за фалење,има и невработени но сепак има работа па штом има работа некој работи нели... само државава не ни функционира баш па некои работи не се баш така како што изгледаат, сакам да кажам, кога сите шанкери,келнери-ки,продавачи-ки,чистачи-ки,градежни работници и др. би имале регулиран работен однос т.е. платено здравствено и пенз.инв. осигурување поинаква би била сликата за вработеноста во државава... Како пример можам да кажам барем за Гостивар, за други градови некој друг нека каже... Во Гостивар едно лице само во една од неговите фирми , има 20 самопослуги во кои работат по 3-4 работнички на една смена значи 20*8=160, само 40 се пријавени (по две во продавница,законскиот минимум) а 120 се непријавени работнички, преведено во пари тоа значи 120 * 120евра минимум за осигурувањето = 14 400 евра месечно, годишно = 170 000евра... па имаме само 40 вработени, 120 невработени, сиромашна држава, лоши здравствени услуги,мала пензија, а некој со 170 000 евра што не им плака осигурување на работниците може да купи секоја година по еден локал во центар на Гостивар т.е. пред 10 години човекот купи стоковна куќа, па купи 20-тина дукани, па купи банка, а денес гради 2 трговски центри... Најмногу за жалење е тоа што такви луѓе има повеке или можам да кажам дури и дека сите бизнисмени затајуваат даноци и не ги почитуваат правата на работниците а никој не реагира на тоа, па во Гостивар има 15 000 невработени од кои 10 000 работат на црно па вие пресметајте... оваа држава е во длабок сон а може да ја разбуди само голем работнички бунт,протести...