Бајаги мислења, повеќето исправни според мене. Не знам и зошто ИмператоР го нападнавте толку отворено кога и тој е во право. Еве ги моите размислувања...
Факт е дека во државата има многу невработени.
Исто така факт е дека државата пати од транзициски менталитет.
Уште еден факт е дека народот живееше во социјализмот на екс Југославија каде невработеноста беше мошне ниска.
И сега од сите овие факти, лаички кажано, народот сака да се “кхм“ ама нејќе да му влезе.
Секако дека оној кој сака да работи без разлика на степенот на стручна спрема ќе најде работа и ќе заработува. Но се прашувате дали вреди повеќе отколку да се живее од социјална помош. Исто така ги спомнувате западните земји. Јас имам пријател во Данска и кој ми ја има доловено атмосферата таму по ова прашање. Вели, од социјално може секој кој ќе посака да живее, но сите им е срам, под чест им е да не работат.
Е сега ќе речете и ние би работеле ако имаме високи плати. Па добро, немаме, но јас отворено им плукам во лице на оние кои се способни да работат а не го прават тоа заради изговори. Ситуацијата во државата е таква, не вреди да се работи за 5000, но хеј, социјализацијата има шанса да ти отвори многу врати.
Но веќе спомнав, остатоците од екс Ју ги тераат луѓето сеуште да размислуваат дека се богати, а не се. Тешко е да се симне човек од коњ на магаре, знам... па затоа сите сметаат дека треба да работат добро платена работа, а не да се трудат за своите пари најмногу што можат.
Факултетот е исто така проблем. Луѓето се убедени дека треба да се има економски, правен или медицина. Се пикаат како глуфчиња во дупка иако внатре нема место а мачорот е зад нив. И потоа се чудат како нема работа за нив. Треба младите да размислат што сакаат да бидат. Автомеханичари, молери, поправачи на клима уреди, што било... се занаети од кои се вадат одлични пари, ако човек сака да научи добро да ги работи. На крајот на краиштата, човекот не се мери според платата која ја зема и работната задача, туку според делата кои ги прави (да, ова комунистички звучи и застарено знам, и не припаѓа во новото општество).
На цена се коли, кеш и сепаре во Картел. Не е проблем, работиш преку ден, тулумариш преку ноќ. Никој не знае дека треба да црнчиш за тие пари. Па дури ни шефовите во канцеларија не живеат кралски на работа, и тие макотрпно ги заработуваат своите пари. Разликата е во оделото.
Поентата би требало да ми биде: Оној кој сака да заработи, со доволно труд и желба, навистина ќе го стори тоа.