Нема работа ни во приватниот сектор

  • Креатор на темата Креатор на темата Nebo
  • Време на започнување Време на започнување
Дај ми мобилен по пп, ке ти се јавам...за цена ти ке си се договараш, но прво ке мора да се покажеш.
Не не, јас не сакам приватно да работам, но во некоја сериозна фирма би се измамил.
Директно со луѓе не можам, пошто преку нос веќе ми се...
 
Кога човек има ниска самопочит потребен му е некој друг да му каже дека вреди.
Така е и со дипломата.
На тој со ниска самопочит потребна му е диплома за да се смета поразличен/попосебен од другите.

Оди пред огледало и биди искрен одговори си која е твојатата вредност на пазарот на трудот од 1 до 10?

На факултет одиш ИСКЛУЧИВО поради две работи:
1. ДРУЖЕЊЕ
2. ЗНАЕЊЕ
Дружењето е мнооооооооогу побитно од знаењето... пошто материјални добра лесно се прават кога си опкружен со луѓе на кои им веруваш и со кои добро ти иде муабетот.
Кој кур ќе ти е плата од 1000 евра ако не си опкружен со ДОБРИ ЛУЃЕ???
Тоа е Западот денес уствари имаш добра плата и кола, а не знааш кои ти се први комшии, луѓето живеат како монструми...

Веројатноста да најдеш МЛАДИ, ДОБРИ луѓе кои зујат со амбиција во академска средина е далеку поголема од тоа да го правиш во некоја кафана, парк и фудбалски стадион.
Денес нашите факултетите во ПОСТ Бранкова ПОСТ транзициска Македонија ја загубија смислата на постоење.
На кого му требаат сите тие илјадници БРОЈЛЕРИ инжинери кога сите големи гиганти ги згаснаа во средината на деведесетите?

Факултетот искористи го како место за КВАЛИТЕТНА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА, а знаењето барај го на друго место.
Не е сјајна состојбата во Македонија но сепак имаш фирми каде што ќе бидеш потребен каде што луѓето ќе бидат спремни да те обучат.
Кога ќе стекнеш некои знаења од областа која ја сакаш тогаш ти одлучи си дали ќе продолжиш тука или шансата ќе ја бараш на Запад, тоа е твој избор.
Не би рекол дека се монструми.А исклучоци верувај има секаде.И да имаат високи плати и добри коли на запад амат имаат време каде и со кого за викенд или празник ќе ги трошат парите
Како нема работа во приватниот сектор, врие веќе... Еве еден прост пример кој го потврдува тоа дека работодавците „се тепаат за да добијат квалитетни вработени“: од први декември 2013 до први јануари 2014 аплицирав на преку 30 огласи објавени на najdirabota, vrabotumanje.com, fakulteti.mk и по весници. Ниту едно од понудените работни места не беше со нето плата повисока од 15000 денари, повеќето се движеа 10000-12000. Обично работните позиции за кои аплицирав беа: продавач, асистент во продажба, менаџер и сл. За сите огласи за кои аплицирав ги исполнував сите квалификации кои беа наведени во огласите (колку за информација: имам ВСС и претходно работно искуство во угостителство, малопродажба и менаџмент од 6 години и 8 месеци).

Резултат:
-не бев примен за работа никаде
-не бев викнат на ниту едно интервју
-никој од работодавците не одговори (дури ни негативно) на мојата апликација: добив вкупно 0 одговори на моите 30 аплицирања.
-на едно работно место се јавив, час и половина откако беше објавен нивниот оглас. Работодавецот ми кажа дека вработениот е веќе примен на работа, дека огласот е објавен „дека мора“ (иако огласот беше валиден уште цели 8 дена).

И? Сега пак ќе тврдите дека има работа во приватниот сектор? Еве, пробајте вие и пратете CV на колку сакате огласи. Па кажете колкумина ви се јавиле да ве повикаат на интервју. ;)
Работа во администрација строго со врски и книшка.
Во приватнитот сектор тешко да најдеш работа повисока од референт и тоа со ограничување ама и тука со роднински врски бидејќи поголемиот дел од фирмите се фамилијарни.
Останува опцијата самостоен бизнис ама од лешинарите во околината тешко дека ќе имаш убав старт или успееш.[DOUBLEPOST=1392665838][/DOUBLEPOST]
http://think.mk/2014/02/17/vo-germanija-se-baraat-16-000-vozachi-na-avtobusi/

Во Германија се барале 16 000 возачи на автобуси па сега видите дали ќе сакате да научите барем малку германски и да си ги облечите патиките и да заминете од Македонија
Само се бараат а какви се условте ништо не пишува бидејќи Германец не би работел за тие услуви
 
Последно уредено:
Работа во администрација строго со врски и книшка.
Во приватнитот сектор тешко да најдеш работа повисока од референт и тоа со ограничување ама и тука со роднински врски бидејќи поголемиот дел од фирмите се фамилијарни.
Останува опцијата самостоен бизнис ама од лешинарите во околината тешко дека ќе имаш убав старт или успееш.
Абе каква администрација, таму не се ни надевам. Ниту пак се надевам дека ќе работам нешто по струка.
Реков: барав работа исклучиво во приватен сектор, и тоа не барав некоја висока позиција - аплицирав на огласи за продавач, и дури и на таквите места не одговорија. Може ме сметаат за преквалификуван, а? :P
За самостоен бизнис, искрено немам веќе нерви, а треба и капитал за да почнеш.
 
Точно, има работа посебно во IT сектор за ептен солидни плати но треба да те бива. Други сектори кои моментално поминуваат добро се архитектура, машински, медицина и горе долу сите занаетчиски (фризери, шминкери, столари...)

Незнам што сите се фатиле за обезбедување и чувари, седнете, разгледајте што пазарот нуди и остручете се.

Бегање надвор е најлесно но имајте на ум дека таму ќе ве третираат како граѓани од најнизок ред, ќе чистите wc-а за 2-2500 евра или ќе мешате малтер

Не е најсјано тука но со упорност ќе се снајдеш

Други проблеми има друже зошто луѓето се решаваат да заминат не се само финансиите во прашање.

Во Македонија немаш скоро никаква правна сигурност недај боже на некој големец да му згрешиш нешто. После имаш проблем со здравството, натрупана администрација, екстремна невработеност, константна пропаганда на телевизија, префрлање на вина, перспектива за подобро утре минимална.

Во глобала сите што ја напуштиле Македонија сфатиле дека е брод што тоне.

Во странство ако не правиш проблеми голема е шансата дека никој нема и тебе да те дира.

Јас сум ЗА на пример да идеш на печалба и да инвестираш тука ама очигледно сите што отишле надвор (пошто таму „не чини“) се решиле да останат.

Барем според мене главна причина за иселување е бегство од сиот хаос и стрес кој го има во Македонија.

Ако ја прочиташ темата за оние што се иселиле ќе сфатиш дека никој не жали што си заминал. Во глобала позитивна работа се финансиите и сигурноста, а негативната што ќе мора да стекнуваш нови пријателства па на почеток нормално е да имаш носталгија за дома.

П.С Корегирај ме ако грешам
П.С2 Се согласувам дека ако не се бара твојата струка треба да бараш друго чаре т.е нова струка. Во глобала многу малку размислуваат пред да се запишат дали потоа ќе има работа за нивната струка инаку немаше да имаме толку студенти на економски и правен и други факултети каде веќе имаме еден куп невработен високообразован кадар.
 
Не негирам дека кај нас освен финансики има и ред други причини поради кои би помислил да бегам но немој да мислиш дека тие проблеми не постојат во земјите каде планираш да се селиш.

Кај нас ако стоиш надвор од политика, имаш добар бизнис и правиш многу пари а си неутрален ќе имаш проблеми со тие на власт. Во странство ако си на иста позиција може нема да имаш проблеми со власта но поголемите риби ќе те изедат.

Администрација незнам зошто ти смета, пропагандата е превземен модел од западаните земји само кај нас не ги прават толку суптилно, даноци имаме прилично ниски во спореда со запад итн...

Мене искрено во Македонија ми сметаат посуштинските проблеми како што се лоша инфраструктура (за која искрено се надевам ќе е следна на агендата на владава), слабиот приватен сектор кој реално мрда од мртва точка и централизацијата која упорно турка се да е во Скопје.

Пресудно што не размислувам да бегам е што нејќам да сум граѓанин од втор ред во било која европска земја, сакам да водам балкански (читај кафански) живот со друштва до доцна на вечер, сакам балкански девојки да гледам кога ќе излезам а не германски мазги и сакам да правам скара во двор до доцна на вечер. Заеби, смислата на животот не е во парите, ако сум требало да бидам Германец ќе се родев таму, природата одбрала да сум на балканот и тука да ми е убаво, како што палмите не растат во сибир така македонче (а и секој друг) не е среќно надвор од родното место
 
Тоа е еден од главните проблеми не е возможно да стоиш надвор од полииката. Имав во скоро време посета од Австралија и падна некој муабет за политика и цитирам „абе таму некој во влада“, а кај нас политичариве како филмски ѕвезди се сите ги знаеш по име и презиме.

Администрација како секаде само кај нас е дупло побројна од тоа што треба и дупло понеефикасна.

Инаку еве и да ја тргнеме неа на страна пак има еден куп крупни проблеми кои се тесно поврзани еден со друг. Еве на пример инфраструктурата и приватниот сектор.

Или централизацијата и концентрацијата на моќта. Треба ние како граѓани да бараме што поголема децентрализација пошто секој кој има моќ му е судено да ја злоупотреби(и тоа се случува моментално и години наназад), кај нас за жал власта која треба да биде поделена на три дела и да се контролираат едни со други го немаме тој баланс и поради тоа имаме ваков хаос.

Наместо они да гради автопат се глупираат со статуи или други крајно бескорисни проекти само за да лапнат пари.

Еве имаш примери како и власта и опозицијата крадат лево десно, а народот пати.

Приватниот сектор не мрда од мртва точка поради неандерталска политика која се води од осамостојувањето на Македонија.

Во глобала се е поврзано не може некој политичар да пикне пари в џеб ако некој полицаец/судија/ххх личност не замиже во тој момент.
 
Како нема работа во приватниот сектор, врие веќе... Еве еден прост пример кој го потврдува тоа дека работодавците „се тепаат за да добијат квалитетни вработени“: од први декември 2013 до први јануари 2014 аплицирав на преку 30 огласи објавени на najdirabota, vrabotumanje.com, fakulteti.mk и по весници. Ниту едно од понудените работни места не беше со нето плата повисока од 15000 денари, повеќето се движеа 10000-12000. Обично работните позиции за кои аплицирав беа: продавач, асистент во продажба, менаџер и сл. За сите огласи за кои аплицирав ги исполнував сите квалификации кои беа наведени во огласите (колку за информација: имам ВСС и претходно работно искуство во угостителство, малопродажба и менаџмент од 6 години и 8 месеци).

Резултат:
-не бев примен за работа никаде
-не бев викнат на ниту едно интервју
-никој од работодавците не одговори (дури ни негативно) на мојата апликација: добив вкупно 0 одговори на моите 30 аплицирања.
-на едно работно место се јавив, час и половина откако беше објавен нивниот оглас. Работодавецот ми кажа дека вработениот е веќе примен на работа, дека огласот е објавен „дека мора“ (иако огласот беше валиден уште цели 8 дена).

И? Сега пак ќе тврдите дека има работа во приватниот сектор? Еве, пробајте вие и пратете CV на колку сакате огласи. Па кажете колкумина ви се јавиле да ве повикаат на интервју. ;)
Епа ја цело време тоа го зборам. За да почнеш од негде, треба да има нешто. Ама го нема ни тоа.[DOUBLEPOST=1392686982][/DOUBLEPOST]
Како бе нема работа, што лупате?!
Неспособноста на одредена индивидуа сам да се справи во животот и да најде работа, не значи дека општо целиот колектив е на исто ментално рамниште со него. Тие две работи научете да ги разликувате.
Да беше индивидуа добро ќе беше. 60 % од младите го имаат тој проблем
 
Последно уредено:
Не само што нема работа, не само што и таа малку што ја има тешко се стига до неа без луѓе, згора на тоа па и ти ја каснат и онака малата мизерна платичка. Ти праат дабл пенетрејшн а не ти даваат глас да испуштиш. Е тоа е нашава држава. Тоа е реалната слика за Македонија.
 
Ма уште и ќе те дупат другите, не си се снашол у животот, не си упорен незнам шо. А сите напикани на јаки места преку мама, тато, вујко или партија. Абе уште од копиљ знаев дека нема да ја бива државава
 
-Завршив одамна Арх. фак. - совладувам Аутокад, Арцхикад,
- Електрика - електрични инсталации, монтирање на соларни панели, инсталирање на релеии за пуштање на електромотори на работа итн.
- Водоинсталации, централно греење..
- Монтирање на ламинат, паркет, плочки
- Во градежништво сите работи ги разбирам

Ако се сетам на нешто друго ќе додадам

Vo koj grad zivees?
 
Naslovot na temata e zgresen, treba da pisuva rabota vo privatniot sektor ima, ama treba da se ima i nekoe korisno znaenje ili zanat, a za lezenje nema.
 
Naslovot na temata e zgresen, treba da pisuva rabota vo privatniot sektor ima, ama treba da se ima i nekoe korisno znaenje ili zanat, a za lezenje nema.
Да, и волја да се работи за багатела плата....
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom