НБА сезона 2020/2021

Кои тимови ке изборат плеј ин или плеј оф, покрај овие сигурните (ЛАЛ, ЛАК, ЈЏ, ДН, МБ, БС, МХ, БН)


  • Вкупно гласачи
    101
Статус
Затворена за нови мислења.
Уште еден доказ дека Тре е одличен плеј со осет за играта. Ѕвер.
Несомнено, но поентата беше да се покаже дека правилата на играта се лошо поставени.
Треба промени, уште одамна требаше, ама посебно кога почнаа играчите како Харден да ги злоупотребуваат правилата... Харден/Јанг/итн играат внатре во системот, нема што ним да им се лутиме, ама системот не го бива и одамна требаше да ги сменат/подесат правилата за лични грешки во одбрана на влезови. Да, максимално треба да ги заштитат играчите и посебно на доскок после шут... Но не може бе да му скокаш наназад на некој што е позади и нему да му досудуваат лична грешка. Или паралелно трча дефанзивецот, напаѓачот намерно скока во него (не накај кошот) и на дефанзивецот аутоматски му судат лична. Глупости.


п.с. не знам зошто не ги вакцинираат и да гледаме баскет раат.
Претпоставувам не согласуваат играчите. Не е дека не ги разбирам, има непознати фактори...
 
Претпоставувам не согласуваат играчите. Не е дека не ги разбирам, има непознати фактори...
Има, но кога може под превезот на: „ама авионските компании ќе бараат да се вакцинирате ако сакате да се возите со нив“, за обичното граѓанство да важи тогаш за овие што прават тешки милиони треба да важи два пати. НО да, јасно е дека не се согласуваат тек така и евентуално ако лигата им наметни како must have... инаку тешко дека ќе се согласат сите.

Несомнено, но поентата беше да се покаже дека правилата на играта се лошо поставени.
Треба промени, уште одамна требаше, ама посебно кога почнаа играчите како Харден да ги злоупотребуваат правилата... Харден/Јанг/итн играат внатре во системот, нема што ним да им се лутиме, ама системот не го бива и одамна требаше да ги сменат/подесат правилата за лични грешки во одбрана на влезови. Да, максимално треба да ги заштитат играчите и посебно на доскок после шут... Но не може бе да му скокаш наназад на некој што е позади и нему да му досудуваат лична грешка. Или паралелно трча дефанзивецот, напаѓачот намерно скока во него (не накај кошот) и на дефанзивецот аутоматски му судат лична. Глупости.

Апсолутно. Во тој поглед не се задржав но комплетно е така. Муабетот ми беше дека интелегентните играчи како Тре, како Харден и слични можат да го искористат овој начин на судење до недоглед и нема еј ама не е фер. Неш беше повеќе него добар кошаркар, ете сега тренер е и не можам да разберам зошто се бунеше дека ова не е баскет. Да другар, баскет е, такви ги направија правилата, јбг. Не велиме дека е добар баскет или подобар од порано, но според правилата кои се игра и суди тоа е дозволено (ЗА ЖАЛ).

Нешто што уште повеќе ме нервира од ова, се кораците. Значи не знам дали гледаме кошарка или ракомет... па двокоракот е направен трокорак, еуростеп дрн дрн дрн... па Леброн кариера изгради на влез на сирова сила под кош и често со недосудени кораци. Леброн го земам како пример не дека го хејтам или сакам туку дека е очигледно, а не дали тоа го има или нема кај други добри играчи. ГО ИМА кај сите и многу иритира.
Носени топки, дупло водење и слично.... особено некој ако треба да куца, уф. Не судат ни кораци, ни носена, ништо, апсолутно ништо.

Има недостатоци оваа кошарка, најголема глупост ќе биди ако воведат шут за 4 поени... и тоа може да го гледаме во годините што доаѓаат... порано не ни имаше шут за 3 поени (кога Чемберлејн ги направи неговите 100 поени на натпревар истите ги направи во лига во која НЕ постоеше шут за три), а сега центри шутираат за 3 поени, играат плејмејкери... јбг, се' за да се добие брзина во играта и колку што можи поголем број на поени па она што пред некоја сезона изгледаше незамисливо сега е секојдневие - натпревари со 230+ поени.
 
И јас сум конзервативец (и не само во однос на правилата), но ако веќе мора нешто да иновираат тогаш шут за 4 поени и не е најголемата беља што може да ја направат. Како на пример кога ја убија одбраната, и нападот го исфорсираа до бесвест па сега одбрана гледаме дека се толерира само во последна четвртина и тоа обично во плјеоф... Инаку се согласувам дека кораците/носените иритираат, ама тоа во НБА не е од сега, тоа е така од памтивек, и го толерираат тоа за сметка на атракции за гледачи. Џордан ти текнува колку пати правеше по 3 чекори? Навистина кога ќе споредиш со изнудувањето на личните од Харден (а сега него Јанг го надминува за дупло), мислам дека ќе се согласиш дека додатен чекор и не е најлошата работа во НБА.

Инаку Стив Неш е сега тренер, работа му е да кака за предностите на конкурентите. А во случајов - целосно е во право. Ваквото изнудување фаули не е кошарка... Еј рипа наназад и му судат фаул на тој позади додека мамлазов препредено се смешка демек невидена мајсторија направил.

едит:
Да правилата му дозволуваат, и да дечкото Е добар играч, но ваквите гомнарии не му служат на чест ни него, ниту за играта/лигата.
Треба ова под итно да се смени. Иако не очекувам ништо, пошто има некои други игри во сето ова.
 
Последно уредено:
Ова ми промакнало, пред се' заради прекрасната ноќ на Стеф Кари и достигнувањето од 62 поени - со што им ги затна муцките на критичарите и покажа дека АКО сака може да поентира КОГА сака и од КАДЕ сака - без разлика на одбрана врз него, без разлика на тоа во кој дел од натпреварот (клач или не) и без разлика колку претходно поени има постигнато во истиот натпревар (САМО да е малку од малку одморен и да нема актуелна повреда).

НО, помина една информација незабележано (барем кај мене) т.е. дека Дончич веќе има постигнато 1000 поени/скокови/асистенции (во последниот негов натпревар во кој имаше трипл-дабл) и сега е во друштво со Оскар Робертсон, Меџик Џонсон, Леброн Џејмс и остали... кои како него достигнале до бројка од 1000че во сите три категории за најмал можен број на натпревари. Лука тоа го направи само за 139 натпревари.

Оскар - 98 натрпевари
Симонс - 123 натпревари
Меџик -126 натпревари
Лука - 139 натпревари
Леброн -158 натпревари

Ако не го задесат некои поголеми повреди во кариерата, во ваков формат на НБА има уште долго да руши рекорди. Маестро.
 
Криминал е ова што му се суди на Јанг, К Р И М И Н А Л. 90% од ситуациите се фаули у напад, им се втурнува во тело/фаца/нозе... Многу би сакал да седам на некој судиски семинар и да ги прашам чисто како они би го чувале Јанг? Само тоа би сакал да ми одговорат, ништо повеќе. Дечкото е ѕвер, нема збор тука, ама да не претеруваме не е Џордан па да биде бела мечка во лигата и да му се свират вакви глупоштии. Не дека и на Џордан би требало да му се свират вакви работи, онака го земав за пример. Епа како бе господа судии да се чува некој играч? Одбојка ли е ова, безконтактен спорт? Кај имаат огромна предност ради икс фактори, па уште и срањава сега со втурнување во тело, глупости на квадрат искрено. Значи еј играчот го прати паралелно, Ален мислам беше на клипчето, Јанг зема лакт у фаца му акна, НАНАЗАД се фрла дечкото со лакт накај дефанзивецот и судијава суди фаул и три слободни фрлања му дава...................................

Кошаркава се претвори во балетански спорт, а во теорија е еден од физички најзахтевните спортови, со милион контакти, дуели, борба и се останато. Еден од овие сегашни играчи не би преживеал во ерата од 90-тите и раните нулти од овој милениум. Не треба и многу тепање како Детроит на времето, и тоа па не чини, ама денешново е срамота бе, па ние на баскет у маало три пати пофизичка кошарка играме него балетаниве. Харден ми земал со тоа ноџињата ми цупка лево десно и шутира по 20 слободни во просек, срамота.
 
Искрено радије ќе гледам Ламбир како тепа луѓе, и после другиве го тепаат него... Отколку да го гледам Јанг како со газот изнудува фаули, и никој да не знае што да направи окулу тоа.

Ова ми промакнало, пред се' заради прекрасната ноќ на Стеф Кари и достигнувањето од 62 поени - со што им ги затна муцките на критичарите и покажа дека АКО сака може да поентира КОГА сака и од КАДЕ сака - без разлика на одбрана врз него, без разлика на тоа во кој дел од натпреварот (клач или не) и без разлика колку претходно поени има постигнато во истиот натпревар (САМО да е малку од малку одморен и да нема актуелна повреда).
Да, батево нема потреба да се бави со глума кога бавење со кошарка му оди добро.
 
Ау шо се дешава Јута Бруклин? Мислеше без Дурант Јута лагано тепа... Добро ај да не ги заречам Бруклим да прокоцкат предноста :icon_lol:
 
Искрено цела сезона за сега нема логика, ептен рендом се резултативе до сега, една утакмица Бруклин ги растура Голден стејт, друга губи од Шарлот, една утакмица Клиперс ги победуваат Лејкерс, во друга губат од Далас 100 поени разлика, после Далас губат од Чикаго...

Ми се чини дека сите досега се со 3-3 или 4-4 рекорди :ROFLMAO:
 
Филаделфија,Кливленд и Њујорк да не ги урочам како воскреснати се.
 
Се што треба да направат е да дозволат пак hand-checking али само позади линија за 3. И да не судат глупи фаули на шут за 3 освен ако не се ептен очигледни. Одма ќе се смени играта не вака пола екипи играта им е сведена на шут од 3.
 
Џарет Ален ми е еден од најсимпатичните ликови од младите НБА играчи, не само поради афрото туку и поради пожртвуваноста под кош. Бруклин има доволно кошаркари за давање кошеви. Одбраната на Ален е прајлес.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom