Претпоставувам не согласуваат играчите. Не е дека не ги разбирам, има непознати фактори...
Има, но кога може под превезот на: „ама авионските компании ќе бараат да се вакцинирате ако сакате да се возите со нив“, за обичното граѓанство да важи тогаш за овие што прават тешки милиони треба да важи два пати. НО да, јасно е дека не се согласуваат тек така и евентуално ако лигата им наметни како must have... инаку тешко дека ќе се согласат сите.
Несомнено, но поентата беше да се покаже дека правилата на играта се лошо поставени.
Треба промени, уште одамна требаше, ама посебно кога почнаа играчите како Харден да ги злоупотребуваат правилата... Харден/Јанг/итн играат внатре во системот, нема што ним да им се лутиме, ама системот не го бива и одамна требаше да ги сменат/подесат правилата за лични грешки во одбрана на влезови. Да, максимално треба да ги заштитат играчите и посебно на доскок после шут... Но не може бе да му скокаш наназад на некој што е позади и нему да му досудуваат лична грешка. Или паралелно трча дефанзивецот, напаѓачот намерно скока во него (не накај кошот) и на дефанзивецот аутоматски му судат лична. Глупости.
Апсолутно. Во тој поглед не се задржав но комплетно е така. Муабетот ми беше дека интелегентните играчи како Тре, како Харден и слични можат да го искористат овој начин на судење до недоглед и нема еј ама не е фер. Неш беше повеќе него добар кошаркар, ете сега тренер е и не можам да разберам зошто се бунеше дека ова не е баскет. Да другар, баскет е, такви ги направија правилата, јбг. Не велиме дека е добар баскет или подобар од порано, но според правилата кои се игра и суди тоа е дозволено (ЗА ЖАЛ).
Нешто што уште повеќе ме нервира од ова, се кораците. Значи не знам дали гледаме кошарка или ракомет... па двокоракот е направен трокорак, еуростеп дрн дрн дрн... па Леброн кариера изгради на влез на сирова сила под кош и често со недосудени кораци. Леброн го земам како пример не дека го хејтам или сакам туку дека е очигледно, а не дали тоа го има или нема кај други добри играчи. ГО ИМА кај сите и многу иритира.
Носени топки, дупло водење и слично.... особено некој ако треба да куца, уф. Не судат ни кораци, ни носена, ништо, апсолутно ништо.
Има недостатоци оваа кошарка, најголема глупост ќе биди ако воведат шут за 4 поени... и тоа може да го гледаме во годините што доаѓаат... порано не ни имаше шут за 3 поени (кога Чемберлејн ги направи неговите 100 поени на натпревар истите ги направи во лига во која НЕ постоеше шут за три), а сега центри шутираат за 3 поени, играат плејмејкери... јбг, се' за да се добие брзина во играта и колку што можи поголем број на поени па она што пред некоја сезона изгледаше незамисливо сега е секојдневие - натпревари со 230+ поени.