Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Lebron>Spurs faxxxxxxxxxxxxxxxxxxxx
Види Спарс имаа една солидна програма со Попович, уште одамна! Некако многу ме потсетува на Фергусон ерата во Манчестер! Во основа се потпираа на знаењето на Грег, неговиот балкански менталитет и третман на играчите. Јасно тој се потпираше, како што беше ред во тие времиња на драфт, не на трејдови, кои во тоа време не беа така чести. Поп знаеше дека мораш да имаш доминантен центар за да имаш добри резултати и затоа го зема Робинсон, после него Данкан. Околу нив ја градеше играта и имаше осет за неамерикански бекови во основа, затоа Паркер и Џинобили му вратија десеткратно. И кога нешто квалитетно ќе направиш и поставиш здрави темели, после само подршка е нужна!Сан Антони Спурси против династијата на Леброн Џејмс три финалиња две титули,11 победи од 16 финални утакмици.
Spurs against Bron (2007). (4–0 SAS)
Spurs against Bron (2013). (4–3 MAI)
Spurs against Bron (2014). (4–1 SAS)
Спурси го направија сето ова само со развивање на драфтувани играчи без трејдање и потпишување на супер стар играчи.
Солидни овие Спурси.
После 2 години неиграње баскет Џон Вол му ги зеде клучојте од екипата на Харден,срам му е да пишиОткако ја отворив темава го нема илз да пише нешто. Да не се самоубил поради najjakiot igra4?
@Vanlok мислам дека објаснуваше на минатата тема нешто со League pass но купен за Индија, па да гледаш со VPN...Ја има во 00 00 Лејкерс на Арените?
Машина е, ретко кој го почитува заради сето срање со преминување на Дјурант во ГСВ и хејтот кој го навлекоа како тим, но тој е еден од најпозитивните примери за модерен НБА плејмејкер и ОКЕЈ личност во целина.62 рекордни поени на Стив Кари !
@Vanlok мислам дека објаснуваше на минатата тема нешто со League pass но купен за Индија, па да гледаш со VPN...
Vanlok друже ако може да објасниш подетално со кој VPN и на кој начин користиш(е) league pass? Фала во името на сите кои сакаме НБА, пошто дефинитивно ќе ни треба сезонава. Дали немаше проблем со плаќањето со картица од МКД за сето ова?
Многу другарски од тебе, фала за објаснувањето.Немаше проблем со македонска картичка.
1. Исталираш VPN https://speedify.com/
2. Местиш индијски сервер, и се закачуваш на него (било кој индијски град).
3. Идеш на страницата на NBA Game Pass се логираш со свои податоци/акаунт, и одбираш да платиш месечна цена 99 рупии. Месечно е посигурна опција, пошто утре ако заебат нешто со ограничувања, си изгубил само 70 денари (не дека ~700 денари се многу пари ама сепак).
4. Гледаш баскет.
VPN-от од спидифај (основниот) е бесплатен без никаква регистрација, ама само до 2 гигабајти трансфер. Затоа веднаш штом ќе се логираш на NBA Game Pass и ќе ја пуштиш утакмицата, направи дисконект. Исто треба да го конфигурираш да не се закачува автоматски на сервер, пошто на следното рестирање РС ќе заборавиш и ќе го потрошиш интернетот на сурфање... Ако го направиш сето ова, ни еден гигабајт нема да трошиш од впн-от месечно, проверено.
Опцијата Connect on Startup да биде Off:
![]()
Или ако oва е замарање за некој, нека уплати еден месец на VPN што се плаќа и има голем трансфер... Ама тогаш веќе не е толку евтина целата работа (плус цел интернет сообраќај ќе биде поспор).
Значи VPN треба само за страницата на НБА и за пуштање на утакмицата, после може да се исклучи. За следна утакмица пак се пушта VPN, се пушта утакмицата и се исклучува VPN-от. Само јас ретко имам време да гледам две утакмици една по друга - а овде може било кога да се пуштаат било кои утакмици, и уште подобро, неколку саати после утакмицата се достапни (обработени) да се пуштат во кондензирана форма, цела утакмица ~40 минути (скратени сите прекини, вклучително и слободни фрлања). Ова е супер за следење трети тимови без трошење многу време.