НБА Сезона 2017-2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Ако ги исклучиме 6те фаворити (GSW, LAL, SAS, BOS, 76ers, HOU) кои останати 10 ќе стигнат до плејоф?


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Се мислев да не одговарам на провокацијава, ама не бива :)
Ајде со ред, сумирано во неколкуте поенти што сакаше да ги покажиш:
2. Не се играло одбрана последниве 10 години
Ова апсолутно не е точно. Тоа што се даваат повеќе кошеви е главно заради многу побрзото темпо што се игра во однос на пример на 90тите и почетокот на 2000тите. А одбраната со модерниот развој на кошарката е многу променета (и потешка за играње). Сега се битни способноста за "switch" на секакви играчи, краткото удвојување во празен простор и последователното затворање (истрчување кон шутери), бранењето на обрачот, враќањето во транзиција, способноста да ја процениш акцијата која ја игра противникот унапред. Работи кои во голема мера порано не ни постоеа и често се толкуваа како лоша, па дури и илегална одбрана. Во голем дел од овие аспекти, Simmons е меѓу солиден и одличен.
Терминологија со Google Translate -"краткото удвојување во празен простор " :pos:
Само дефанзивно телентирано дуо како Харден и Симонс може да удвојува празен простор!

ДА, Френк Вогел ја измисли одбраната во НБА (посебно во транзиција), откако дојде во Орландо, како што се гледа на клипот https://www.youtube.com/watch?v=vcdvJ47kWAA
Кари ги измисли тројките пред 2-3 години, Стив Кер свичовите, Симонс контрите, Грифин забивањата, Двајт играта на пост,Џавеил блокадите, Рубио скок-шутот....и многу други пионери на овој спорт ! Порано и на црно-бел телевизор Бил Расел го гледавме!
3. Simmons само користи слаба одбрана во полуконтра за влезови и забивања
Прво, ретко кој играч стварно знае да искористи слаба одбрана. Второ, точно е дека играта на simmons главно се состои во влезови особено во транзиција, но далеку е од точно дека тоа е неважно или пак дека само тогаш е добар. Најјаки страни му се:
- фактот што зема дефанзивни скокови и е способен веднаш да оди во транзиција побрзо од било кој тим што може да се врати назад
- способноста да биде "matchup проблем" за секаков тип на дефанзивци - за едни е пребрз за други преголем
- и најважно способноста да креира секакви отворени шутеви за соиграчите од тие влезови - во ова е можеби подобар од било кој играч во лигата (и од LeBron и од Paul и од Wall...). Интересно како не му ја спомна визија и додавачката способност која му е убедливо најјака страна во играта.
- забивањата реално воопшто не му се важен дел од играта и нормално шутот како од игра, така и од слободни му е катастрофа.
Корпулентноста/конституцијата на Симонс, за позицијата која ја игра, колку му е предност во напад, толку му е поголем проблем во одбраната, по законите на физиката ! Ова ти го изџвакав, како на дудук, во претходниот мој пост !!!

Нема ама ништо "дефанзивно" во дефанзивните скокови,тие немаат НИКАКВА врска со одбраната најчесто, единствено што, како настан се случиле кога екипата /играчот "играле" одбрана, и затоа се евидентираат статистички како такви . Во денешна ера посебно, дефанзивните скокови се трупаат со голема леснотија(ради стилот, дури и меѓу бекови) и најголемиот дел од нив се реализирани без многу труд,или барем минимална борба со противнички играч,многу ретко во дуел на "надрипување"! Особено па во последниве 5-6 години во лигата, кога повеќето од екипите негуваат и копираат ран-ен-ган,или попрецизно=фати шутни, кој прв стигне, анархичен стил во напад,со многу недоделкани и избрзани/неизградени шутеви од дистанца или линија за три.
Илустрирано преку просто сценарио, многу честа појава и тренд веќе= Кари/Клеј во транзиција (и многу други слични тиквари/пиштолџии), префрлаат топка и торпедираат прва прилика од 9-10 метри, нивните соиграчи не ни успеале да дојдат на противничката половина (во моментот на шутот), веројатноста за лесни дефанзивни скокови е огромна за противникот (100%), при такви промашени шутеви-поклон (круцијално за дебаклот историски 2016-та финалето)
Оваа појава е посебно изразена за шутери кои без блок ретко и можат да се дигнат на шут на периметар и играат екслузивно такви сетови (Корвер , Редик , Томпсон....)
oqvbeb.jpg

Кој играч од Оклахома и Кавс е во рекетот на противникот за офанзивен скок?!

Ситуацијата со Симонс оваа сезона, колку тој се "мачи" при собирање скокови, која и кореспондира на многуте опишани ситуации презентирани со мојот видео материјал, на сликата подолу
21lpjly.jpg

4. Simmons игра лоша одбрана
Ова е можеби најгрешната теза од сите погоре наведени. Simmons има шанси сезонава дури да се најде и на all-defense тим.
Неколку факти за неговата одбрана:
- брани по околу 20-25% од времето од 1 до 4ка, по потреба главно вториот најдобар офанзивен играч меѓу 1 и 4 (обично најдобриот го добива Covington кој е подобар дефанзивец и многу веројатен 1st team defense all-NBA годинава)
- 54ти вкупно, 4 меѓу плејмејкери во defensive real plus-minus
- 2 во defensive win shares
- 15ти во Defensive Rating

Прегледај го приврзокот 189118
- 73ти од 150 со повеќе од бранети 2 pick & roll ball handlers по натпревар (тука е просечен)
- 11ти од 171 со повеќе од една бранета изолација по натпревар
Прегледај го приврзокот 189120
- 11ти од 181 во бранети spot up шутери
Прегледај го приврзокот 189121
(за статистиките од nba.com се користеше филтер 25+ одиграни натпревари сезоанва за да се исфрлат небитните)
- значително го намалува процентот на реализација на играчите кои ги чува независно од типот и локација на шут
Прегледај го приврзокот 189122
"Статистиките" кои си ги нафрлал неумешно и селективно(во паника) и со кои се правиш шарлатан редовно (заедно со твоите врсници- Амерички имбецили, на многу блогови/форуми), се ништо повеќе од субјективни формули и шупливи квази-метрики (голем дел од нив измислени/креирани од вчера, и се измислуваат редовно), на мaтематичка основа промашени како модел (аргументирани со декади наназад, со сите дупки, како бескорисни, од Професори) и кои немаат врска со реалноста, а со кои денешните модерни "аналитичари" редовно мавтаат и ве дојат солидно, за да докажат некоја поента (а се лажат и самите и публиката во заблуда), АМА така им е и најлесно, финесите во играта не ги ни разбираат,ретко! Еден ист наратив, пукаат со 5-6 статистики (кои одат во прилог на нивната теза/поента) и се вртат ко прдеш, таа па таа. Ти си жртва на доминантната "advanced"-stat пропаганда и проповеди, последниве 4-5 години. Никогаш не ни било полесно да се стане аналитичар преку ноќ, на интернет!Брутален и толку провиден Cherry picking во нивното просерување по блогови е редовна пракса, апсурди и ИНАЕТ за извоз! Во моментов додека пишувам, некој амбициозен а неписмен аналитичар се раѓа на интернет, од твој ранг (и другар ти) , да исправа криви дрини со аналитики!

Пример за апсурдите на твоите омилени аналитики, на листата за индивидуален "дефанзивен" рејтинг (кој нема врска од мерење одбрана), од вкупно 540 играчи евидентирани оваа сезона , Гасол стариот, Олдриџ, Шарич, дедо ти Ник Колисон, Редик, Ерик Гордон, Ирвинг... = кој од кој дефанзивци се пред Тони Ален и Дрејмонд. Па дури и Харден е многу блиску, тука негде е, се јаде ! Па и еден Ларкин е во топ50 (играч со 1.80м колку е дефанзивно опасен....)
https://stats.nba.com/players/advan...r=-1&Season=2017-18&SeasonType=Regular Season

Со "филтерот" кој си го употребил, според критериумот -Мижи Асан,да ти баам, а се со цел твојот суртук Бен (на кого му играш Адвокат) да котира и биде што повисоко на листата во небитни квази- рејтинзи, си ги елиминирал дури 2/3 од играчите во лигата,односно= тие биле НЕБИТНИТЕ!!
Во твој примитивен и пристрасен стил, и претходната владејачка гарнитура, цела декада мајсторски вадеше(од контекст) бројки и мафташе со рејтинзи и статистики за економски бам-бум, БДП, преродба-у-100 кораци рејтинг, ОСТВАРУВАМЕ- рејтинг,Градиме-рејтинг, Крадеме-рејтинг .....
Друг типичен пример, за свесно злоупотребување на ретардирани аналитики од твоја страна, каков само севселенски, дефанзивен пропуст е Драмонд флегмата (во било кој дел од теренот), е документирано на Интернет,на долго и на широко,докторати се испишани годиниве, па дури и јавно со години е критикуван и од тренерот лично.
http://larrybrownsports.com/basketball/stan-van-gundy-disappointed-andre-drummond/344601

Драмонд ова година е БРОЈ ЕДЕН во твојата промашена defensive win -share формула а и во бесмислената Defensive Box Plus/Minus !!!
https://www.basketball-reference.com/leagues/NBA_2018_leaders.html

Треба да му ги посочиш на Стен и да го утешиш барем малку со овие "статистики", од милост, чирот му пукаше(и му пука) со години од нервози , што не може Драмонд зелката да укапира проста PNR одбрана, до ден денешен. Стен ништо не разбира од тоа што се случува на терен и џабе го гледа својот тим(секој меч, стоенката, вените му попуштија), со години не може да го дешифрира дефанзивниот талент негов, мора да е Драмонд звер дефанзивец ,штом basketball reference вика така. Неколку линкови, каде и најслабите дефанзивци (според генералната перцепција и консензус-на око) во лигата (и други параметри), твоите метрики ги прават далеку подобри и пропустите за истите се опфатени
http://ascreamingcomesacrossthecourt.blogspot.mk/2013/04/defensive-win-shares-are-completely.html
http://bleacherreport.com/articles/2602082-5-nba-players-who-cheat-advanced-stats
https://www.clevescene.com/scene-an...plus-minus-the-bogus-new-stat-everyones-using
https://www.poundingtherock.com/2014/4/8/5594238/problem-with-real-plus-minus

За крај, Simmons е далеку од совршен играч. Ова можам да ти го потврдам по изгледани сите натпревари на Филаделфија во регуларната сезона, предсезоната и летната лига лани. Си има и тој свои мани кои ќе видиме како ќе се покажат во плејофот (дуелот со Мајами е најлошото што можеше него лично да му се случи - против секоја друга екипа би бил појак). Ама е светлосни години подобар од она што си го изнапишал погоре и очигледно е дека тотално ги занемаруваш неговите предности каде никој во лигата не му е рамен и каде што ја прави разликата.

Еве еден солиден текст од вчера од еден од најдобрите NBA аналитичари во моментов.
https://www.theringer.com/nba-playoffs/2018/4/13/17233474/ben-simmons-76ers-shooting-playoffs
:pos:
Детево, што ти го промовираш, со 27-28 години, може да продава прикаски за кошарка на деца со пречки во развојот и посебни потреби, до четврто одделение, кога ќе дојде таква група на одмор во одмаралиштето во Пелистер, во Август, заедно со тебе !

https://www.linkedin.com/in/kevin-o-connor-9240882b
wrjcc9.jpg


Џабе си гледал, не си разбрал многу, и голем резил е дури и да се фалиш притоа (џабе си ги фрлил парите на претплата)! Доволни ми се 5-6 натпревари за да ги согледам сите слаби и јаки страни на еден играч и да видам колку е саатот, да го разобличам играчот на двете страни, до последниот атом! По случаен избор, да селектирам 3-4 натпревари,од било кој период оваа сезона, дефазивните пропусти негови ќе доминираат, независно од противничката екипа.Пропустите и недостатоците во тимската и посебно индивидуалната одбрана е невозможно да се оценат и измерат со ниедна статистика, индивидуалната одбраната генерално е голем предизвик да квалитативно се опише преку било кои аналитики (со декади предизвик да се моделира математички)....Само тестот на окото и доволно видео материјал се релевантни , се друго се халунации и заблуди!!

Играч, кој надвор од1.5м растојание/радиус од обрач, не може ни 33% да шутира, а дури и преку 40% од шутевите му се тука реазлизирани (во регуларен дел), е далеку од совршен !
24zksyf.jpg

=============================================================================
А сега и малку поозбилни работи, да го видиме твојот дефанзивец во плејоф, на дело,да му се повосхитуваме :vozbud::vozbud:

Симонс си дремка на граница од рекет и гледа НБА(класика)или со други зборови, го "чува" Винслоу де, кој на периметар е безопасен (прва ситуација, 0.37, 3.00 ,3.16, 5.50, 6.04)
3.16 - Драгичу, магаре едно, дај промаши, нека собере некој скок чоекот, му треба за трипл-дабл, да се немало разбирање, комесарот на лигата ќе додели ваучер за две ноќевања во спа-центарот во Берово, за три играчи со најмногу трипл -дабл сезонава!!
0.12 го гледа на влез Драгич, 3.50 и Вејд го пули, 0.26 Елингтон го лансира...2.13 Џонсон му бега(му бегаат играчи и на 6.15, 6.31, небитно што не го казниле)
1.16 Винслоу му се пушти малку,пресинг по цел терен,Симонс игра на сила, фаул во напад/магаре, 4.10 залетан-големо промашување.

:чда:Тhe Art of Defending the PNR-by Ben Simmons , ами кој друг?! (0.51 feat Илијасова, 1.05 , 2.25 ,4.00 feat Шарич, 5.15 feat Илијасова-цепење). На 3.29 Како Мајкл е, зарем не, со Менторот се гледа дека вежбале..... 3.40 Чаламење, непотребно ! А Кого тоа Симонс чува на 2.45 ?!

4.22 Драгич ли е, Тони Ален ли е?! (порано немаше одбрана во транзиција)
4.30 The Art of Тransition defense by Goran( брат му на Зоран)
5.33 Не може да игра со лева рака, независно од која страна оди на влез, сам искомплицира и се закова-Олиник без пот го реши!
Симонс all-defensive не може ни на Плејстејшн да биде, макар и со читови !
 
Ништо не играат Портланд еј, ама баш ништо... И не се толку мислам неквалитетни, ко што се тотално психички паднати, концентрација на нула им е, губат топки во паника таму 14-0 серии им прават утакмциата уште не почната... Во напад Си Џеј и Лилард кога промашуваат, нема кој поен да даде, остатокот од екипата е екипа на ниво на Далас и Мемфис. Во одбрана срамно е што им прават, си се шета кој сака. Дај нека се средат, да покажат заби, лани против Голден Стејт повеќе заби покажаа. Не се Њу Орлеанс толку јаки ко што Портланд се слаби во серијава
 
Последно уредено:
Portland katastrofa... Se zeznav 100evra na 3.80 koef im staiv deka ke odat ponatamu ...
 
По две и пол четвртини, Портланд има нула поени од клупа. :tapp:
 
@trt123trt Druze tebe Simmons garant ti ima ebeno nekoj blizok od familija dali brat dali sestra shom tolku se napna so nego..
 
Батињата Мајами вчера во последните 6 минути постигнале цели 3 коша.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom