- Член од
- 15 октомври 2013
- Мислења
- 4.348
- Поени од реакции
- 3.987
Па треба пари од реклами да прават. како што ти за комар ги чекаш така некој друг ги чека и пари праи од тие тајмаути.
Ok
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Па треба пари од реклами да прават. како што ти за комар ги чекаш така некој друг ги чека и пари праи од тие тајмаути.
Juta ako sakaat neshto da postignat, mooora od klupa nekoj da pochne asalno da igra. Ni 10 poena ne dobivaat oď vtoriot unit, toa e premalce..Да почнам од ОКЦ, играта во офанзива му е многу лоша, немаат никаков проток на топка и се се сведуваше на изолација. Проблемот со фаулите на Адамс се осети многу на играта на Вестбрук, без пиковите немаше простор за влезови на Рас и не ни пробуваше да игра на обрач, имаше неколку пробиви само кога Гобер не беше позициониран и тоа е тоа. Се на се премалку од МВП-то, му се сведи се на игра во изолација.
Џорџ имаше мака со колкот, како да избегнуваше контакт и цела утамица шутираше од изолација, паметен потег беше да се стави побрзиот Мичел да го чува така да не ни пробуваше Џорџ многу влезови а играта во постот ја избегнуваше. Во одбрана го чуваше Мичел и изигра перфектно прво полувреме но во второто падна физички скроз и се осети во бројките на Мичел и неговите во напад драстично паднаа од првата утакмица.
Најумрениот од тројцата, Мело е посебна приказна. Ич не се движи во напад, го чува бавниот и поголем Фејворс и не се ни пробаја да го натераат Фејворс да го брка Мело и резултатот е исто, напади од изолација тотално не иновативни. Во одбрана им фалеше Адамс но и многу глупи потези имаа. Многу често го дуплираа Рубио на пикенрол и со два брзи паса Јута наоѓаше слободен играч и лесно поени, многу несфатлива игра од ОКЦ.
Јута си изигра утакмица како по нивен мерак, освен грешките во 3/4 кога се ОКЦ направи голема серија изиграа сосема океј. Рубио имаше одлична партија, не форсираше ништо и немаше пас плус од него, секогаш кога беше сам си шутираше а кога тој ќе погоди 5 тројки тешко е да се победи Јута. Стилот на игра на ОКЦ му дозволи на Фејворс да остани подолго на паркетот и тоа Јута си го искористи многу добро, апсолутно доминираа со Гоберт под рекетот, мислам дека 8 офанзивни скока имаше Фејворс и неколку од Гоберт. Подобра екипа ќе го избушеше Фејворс на линијата за 3 но ОКС со оној проток на топка беа безопасни и Јута паметно си ги искористи шансите. И ѕвездата на вечерта, Мичел кој како и секогаш се активира во второто полувреме и во кризниот момент на грб ја носеше екипата. Цело второ полувреме пик му правеше играчот кој е чуван од Мело со цел Мело да го преземи Мичел и веднаш да го нападни, исто и на крај лесно се справуваше со уморниот Џорџ. Калсика плејоф утакмица, се наоѓа некој добар мечап и максимално се искористува таа предност. По досега прикажаното единствен начин да помини ОКЦ е да имаат луди утамици Рас и Џорџ но тоа не е решение, и да поминат на сила со Јута не им давам никаква шанса против Хјустон.
Уште ова за Мичел, во прво полувреме многу лошо ја чита одбрана, ова го имам заприметено на многу утакмици сезонава, ниту едно слободно фрлање немаше синоќа во првото полувреме. Најчесто во второто наоѓа некоја слаба точка во одбраната и влегува во beast mode. Кога ќе почни да игра на исто ниво двете полувремиња ќе биди страшно за противниците.
За ова си во право, синоќа само Јеребко си изигра ок, Краудер е на 0 серијава а се очекуваат од него 10+ поени, истото важи и за Инглс. Ексум во регуларната сезона беше многу агресивен и сега има мечап со Фелтон каде е и посилен и побрз, можи кога сака да го напаѓа. Се средваат овие работи на домашен терен, ваљда ќе почнат Краудер и Инглс да годат отворени тројки.Juta ako sakaat neshto da postignat, mooora od klupa nekoj da pochne asalno da igra. Ni 10 poena ne dobivaat oď vtoriot unit, toa e premalce..
Minus pogolema granica nekoja, 216 217New Orleans - Portland ??
Minus pogolema granica nekoja, 216 217