ДРЕМЕЊЕ
Збор два за едно клипче, трт продукција, со неколку моменти и ситуации од game 1 Cavs Warriors и коментар за истите, пред се со осврт кон дефанзивни три секунди :
1) прва ситуација од клипот, напад на Cavs, Леброн вади надвор, 5 секунда од клип Грин зелениката дреме во рекет, наводно Клеј го чува, всушност не чува никој... несудени дефанзивни три секунди
2) 20-та секунда од клипот, втора ситуација- префрла топка Ирвинг, Клеј врти-сучи се труди да постави блок за Ирвинг, Богут практично дреме на врвот од рекет, кого чува ?! несудени три секунди Ирвинг на влез се заглави, ќе изгубеше топка ама се снајде некако и вади кон J.R Shit ...и 32 секунда повторно дреме Богут комшијава (го "чува" Клеј како и обично на 4 ft растојание ??!!)......несудени
дефанзивни три
3) 40-та секунда, напад за Кавс, Леброн соло на влез во рекет(три играчи идат на помош ) вади надвор и гледајте го
Езили на 45 секунда....иде дури и Грин...од
клупата на
Кавс, Џеферсон сугерира кон судиите дека треба да им судат три секунди ....несудени дефанзивни три
4) 1 минута од клип...што прават тука Ирвинг и Лав со удвојувањево на Стеванчо ?! дефанзивен циркуз....кој и што бранат тука...арно Зелениката промашува отворен шут, лесен скок за Кавс, одат во напад, и Клеј на 1:15 наместо да врати кон Лав за три, се сили ќе оди на забивање преку двајца !! Дојдоа до топката Кавси некако , нов напад и гледајте од 1.25 Грин како одмара буквално во рекет речиси
10 секунди !!!

Страшно !!

Од клупата на Кaвс сите станати пак посочуваат за пропустов ама џабе, кој ги ебе

...не се судат дефанзивни три повторно
5) 1:42 од клипот....кого чува Ливингстон во рекет (мисли дека е со двете нозе надвор од линијата, не е свесен)? Џеферсон на еден километар од него! И логично ваквата позиција му овозможува одма да дојде на помош и удвојување на Леброн а тоа и е идејата....несудени дефанзивни три
6) 1:50 колку проблеми им прави Леброн, каква борбеност од него.. го јаваат
7) 2:12 слична ситуација со
Ливингстон повторно- несудени три ...на 2:20 Метју ГолаВода го кине на прв чекор бразилецов (Игудала со грб свртен брани), може дури и кон Џеферсон со комета брз пас да ги скине (Џеферсон на 2:22 вика "
Подај бе пеер") ама добро е погодува сепак.....многу лоша одбрана на Голден (заради вакви ситуации Кер босанецот кршеше на клупата )
8) на 2:30 напад за Кавс...и пак херојот Ливингстон спие ...на 2:41
Џеферсон што мислите со раката што сака да каже всушност?! Дури и еден од играчиве на клупата од Кавс видете го што прави =
му вика на судијата возбуден "Абе судија види глушец,глушец

! Дај речи и на чистачкава да чисти подобро!"

на смеа, на шала=пак несудени дефанзивни три
Можно е да беше
глушец ! И Kеn Mauer залижаниот (со едно кило гел) го забележа и како му се пушти да го фати, се сеќавате како го спобрка да го згазне и се струполи од него !
И после судииве не суделе дефанзивни три или чекори ! Па не може бе на сите детали да се фокусираат и се да следат. Се знае приоритет е глушецот !!!!!

НЕМА ДИЛЕМА !!!!
Ова е тој разумен компромис за кој цело време мисли претседателот наш!
9) 2:50 Одмара Грин во рекет, истоштен и омалаксан, и таман си викам судиите ќе му донесат клупа да седне да одмори на рает ко чоек, ме заебаа

=
КОНЕЧНО судат дефанзивни три !!!
Зелениов дури па и се буни на одлукава и му вика на судијава "
Човече скапан сум, од сабајле на лозјево работам, вечер утакмица...толку па разбирање да се немало."
10) 3:15 напад за Голден ...лоша комуникација меѓу Шамперт и Фрај....абе Шамперт ..нели ти нешто дефанзивец беше, ова она ?!
11) 3:25 уште една од специјалностите на тандемот Ирвинг и Лов,за разбијање PnR или дуо познато како "
Pick n Roll parody squad "

...едноставно може пробуваат некој нов начин на одбрана на PnR
12) 3:45 напад за Голден ...пак лоша комуникација кај Кавс при превземање на играч= Леброн и Шамп...абе Лебрончо, џабе се буниш
13) 4:00 конечно еден одличен напад да изиграат кавс,тимски

и да личи на нешто..од добар блок на Шамперт до финиш на Клеј.. одлично читање на Метју ! Кога е добро , добро е, нема што да се јаде овес !
Настрана заебанциите/хуморот, што е поентава тогаш со клипов, пред се со фокусот кон дефанзивните три секунди, кои воопшто не се санкционираат кај Голден а и генерално
ама баш никој(светска кошаркарска јавност, фанови- манови, критичари и "аналитичари" и други атлетичари) по натреваров гледам не се замара =како де е тоа најнормално ??
Во првото полувреме (првите 16-17 минути од натпреварот )да имаш очигледни 5-6 ситуации несудени одлуки е апла превид ! Недопустливо ! Само во НБА стана тренд правилата
да се на хартија само и другиот ден Breaking News = Извинете и толку
Дремењето во рекет берем на еден играч на Голден кој ама баш никој не чува,
МНОГУ им ја олеснува одбраната против Кавс,особено против Леброн на влезови .
Често имаат еден човек на помош (како што се гледа од клипот) и може лесно да удвојува против Леброн. По првиот натпревар минатава година во финале
беше многу јасно дека Леброн
не можат да го чуваат 1 на 1 и претрпеа нуклеарен удар од него!
Статистиката горе од screenshot со Лу е по првата четвртина на првиот натпревар
И минатава година имаше многу несудени дефанзивни три секунди во текот на
сите натпревари од финалето, особено по првиот меч кај Голден (кога ќе имам повеќе време материјалчето да го средам и генерално со многу повеќе осврт за минатогодишното финале и др.......)
Плус и онака Кавси имаат на моменти доста стагнантен напад, без никаква динамика, но недозволените дефанзивни формации кај Голден, кој остануваат несанкционирани
уште толку им ги отежнувааат работите и се ветер во грб за Голден !! И оваа година ќе биде слично во тој сегмент , едноставно ја знаат Голден народната дека стравот го чува лозјето па
па немаат избор освен да го чекаат Леброн во рекет со кафе и наполитанчиња

! Ако Леброн е паметен може да ги изгоре добро, не на мускули со ISO туку со мозок! Секако, несудените дефанзивни три не се причина за поразот , но многу менуваат а и како што спомнав им се провлекуваат на судиите овие пропусти од минатата година финалето и кулминираа уште на првиов натпревар како никогаш последните години, со невидена фреквенција. Правила се правила !
Коментар од Cuban на оваа тема (во негов стил)
Mark Cuban says referees have 'chosen not to call' 3-second violations
http://www.mavsmoneyball.com/2015/1...s-defensive-3-second-violations-nba-mavericks
Трпение е чарето кај Кавс и дисциплина (која ја нема). Нема потреба Леброн оваа година да форсира и да се прави мачо туку да игра "паметно"

(на моменти пуца тројки без веза а имаш во екипа едвај 5-6 одлични шутери, далеку подобри од него). Имаат Кавси за разлика од минатата година подобар избор играчи на располагање со кој едноставно треба многу полесно да креираат отворени шутеви и да ги распукаат Голден.Не требаше Блат да го шутнат. А и првиов натпревар потврди и она што секој знаеше =
Ирвинг и Лов офанзивно многу значат (колку и да се лоши на другиот крај).
Крајот на трета четвртина и почеток на последната, таман се вратија во игра и го продадоа Кавси мечот, онака, како на копче за 3-4 напади
Очекувам многу подобра игра од Кавс во двата сегменти