НБА сезона 2015-2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши серијата?


  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
каква лоша утакмица изиграа Торонто и Мајами. Не заслужи никој да тепа.
Мајами продадоа 89473473 топки , овие Торонто аКа Лаури и ДеРоузан јас не знам со кое лице онака шутираат без веза , без да се даде шанса на останатите од тимот. Па јас се кладам повеќе шутеви да зема Керол или Рос , ќе имаат подобар процент од овие 2ца. зимаат двајцата по 60 шута да имаат некои бедни 16-20 поени. Продолжение им донесе Валанчиунас , можат овие 2ца само да клекнат и да му го испушат еднаш. Тренерчево уше па ги брани , вика овие шутеви ги погодуваа у сезона сега не знам што се случува. Па гледаш што се случува идиот еден , ајде нека силуваат секоја утакмица.
 
Леле Лаури што направи во нападот за победа, леле мајко мила. Ликот на нерешено зема пуцаше степ бек тројка од 10 метри, Господе Боже :popce::popce:

Па и се испонаша како секој ден да годи такви шутеви ..на 5 секунди наместо да нападни кон кошот тој небаре Брајант е па последната секунда ќе ја решава точно до стотинка..морон..во тешки филмој се влезени двата со Де Розан
 
Вака ги глеате Мајами у финале, со секоја утакмица изиграна у продужетци?

Во финале тешко, ама со Бош можеа бар да им земат две на Кливленд и да изиграат доста изедначени мечеви. Вака Торонто или Мајами исти курац и така однапред се знае дека ќе бидат дебело поразени од Кавс.
 
Баденхолцер покушава нешто, стартуваше Сефолоша место Корвер, има и некои сетови за Хорфорд, еве и Кардашијан погоди 3ка на одушевување на публиката. [emoji23]
 
До оваа сезона 20 тројки беа рекод во еден плејоф натпревар.

Оваа сезона, прво Кливленд им даде 20 на Детроит во втората утакмица, неколку дена после тоа Голден Стејт им дадоа 21 на Хјустон, завчера Кливленд 25 на Атланта, еве вечерва уште 21.

:popce:
 
Видоа упали кај gsw таква кошарка и сега повеќето негуваат таква кошарка без одбрана. gsw ја сјеба кошарката
 
Кавси сеуште непоразени во плејофот Кевин Лав кога игра.. 10-0
Вака ако продолжат нема запирање.. ГС има 2 шутери, овие имат 6-7
 
Кавси сеуште непоразени во плејофот Кевин Лав кога игра.. 10-0
Вака ако продолжат нема запирање.. ГС има 2 шутери, овие имат 6-7
Ееееј шо ти е брат, у ГСВ сите освен Богут и Варежао рогаат тројки, ок и Ливингстон. Не заебавај, нема екипа со подобри шутери од ГСВ.
 
Ееееј шо ти е брат, у ГСВ сите освен Богут и Варежао рогаат тројки, ок и Ливингстон. Не заебавај, нема екипа со подобри шутери од ГСВ.
Барнс, Иги и Грин можат да погодат од време на време но не се шутери.. Исто и Леброн
Спејтс е еден од најдобрите од полу-дистанца но ретко шутира тројки

Кај Кавси Кајри, Лав, Фрае и Смит можат 7-8 тројки во утакмица да распуцат.. Кај ГС само 2 играчи тоа го можат.. Додај Дели, Џеферсон па и Мо и Џонс кој поретко играт и не е ни чудо што рекорди почнаа да рушат..
Лани само Смит го имаа а и него не му одеше па мораше Леброн да форсира
 
После една од најдосадните први рунди во последните 10-15 години, втората рунда полека но сигурно ја вжештува битката за титулата. Уште од старт беше горе долу јасно дека 3 серии ќе го решат шампионот:

ОКЦ - Сан Антонио (2 рунда Запад)
победникот - Голден Стејт (финале запад)
победникот - Кливленд (финале)

На некој начин сите останати екипи само играат колку за да стигнат до моментот кога ќе се судрат со овие 3.5 екипи (3.5 затоа што ОКЦ има капацитет за да оди до крај но немаат никаква константност). Толкава разлика меѓу најјаките и остатокот од лигата не знам кога последно имало. Тотална доминација на GSW, SAS и CLE. Фантастични сезони, извонредни состави, спектакуларна кошарка. GSW и SAS со две од најдобрите 5-6 сезони во историјата. Кливленд во стилот на Лејкерси од пред 15тина години (несериозни во регуларната сезона, монструзно добри во плејофот). И се ова во иста сезона. Обично една ваква "историска" екипа добиваме по сезона и таа најчесто ја освојува титулата. Сега имаме 3 и е тешко да се прогнозира како ќе финализира овој плејоф. Стартот предвидлив и "досаден", финишот ќе биде "за милина".

Мал осврт за "споредните" екипи во плејофот (затоа што за многу скоро ќе ги заборавиме во натпреварувачки аспект се до Октомври):

Торонто - Ќе се бори за за нив историски успех пласман во финале на Истокот. Тоа е и повеќе отколку што има капацитет оваа екипа. Едноставно иако имаат некои одлични играчи, во една ваква состојба на НБА со 3 историски извонредни екипи нема што да бара ниту во близина на врвот. А ова е веројатно врвот на оваа екипа. Lowry не верувам дека уште долго ќе издржи, DeRozan можно е да си замине...

Мајами - На искуство може да се протне и до финалето на Истокот, но сепак имам впечаток дека не е ова состав кој има капацитет за некој особен резултат. Сполстра добро ја скоцка екипата како што одминуваше годината, но без Бош ова не е екипа која може да направи нешто повеќе. Штета бидејќи уште една ваква шанса во ерата на Вејд може и да не добијат (Wade е се постар, исто и Deng и Johnson, Whiteside има големи шанси да си замине...)

Атланта - Според мене и за нијанса подобра екипа од Торонто и Мајами, но против еден вака разигран Кливленд лесно може да се види разликата меѓу 3те фаворити и остатокот од лигата. Атланта мислам дека ја очекува посериозен ремонт летово па ќе видиме дали ќе може повеќе идната сезона, или ќе тргне работата надолу.

Портланд - транзициската сезона отиде далеку над очекувањата. Против Голден Стејт и без Curry немаат никакво шанси но ова е добра можност за собирање искуство. Интересен пример дали ќе може да продолжи нагоре екипата или ќе стагнира.

П.С. За прогнози за шампион има време, но ми се чини дека ќе бие чудо ако Сан Антонио ја освои титулата. Да добиеш три последователни серии против Оклахома Сити, Голден Стејт и Кливленд (12 победи од макс 21 натпревар во 40-50 дена) ми се чини дека е неизводливо дури и за Попович и компанија.
 
Видоа упали кај gsw таква кошарка и сега повеќето негуваат таква кошарка без одбрана. gsw ја сјеба кошарката
Да и Барса го сјеба фудбалот, што убаво порано рогаа топки и се рмбаа пред гол. Ова сега на ништо не личи :/
 
Да и Барса го сјеба фудбалот, што убаво порано рогаа топки и се рмбаа пред гол. Ова сега на ништо не личи :/

Нему и силеџиите од типот на Мета Ворлд Пис му се пподобри кошаркари отколку Кари, Клеј Томпсон.
Некој да пише дека Голден Стејт ја упропастил кошарката тој треба да не ја сака кошарката.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom