Интересен натпревар во тројки. Мислам уште пред да почне се знаеше дека во втор круг ќе идат Сплеш Браќата и уште еден. Стеф Кари и кога не му иде е подобар од еден куп играчи. Страшното кај Голден Стејт е што ако на едниот не му иде, на другиот му иде, а ако им иде и на двајцата натпреварот е решен уште во прва четвртина. Мислам дека уште долги години победникот на овој натпревар ќе биде Клеј или Стеф, во зависност на кого ќе му тргне таа вечер.
E сеа натпреварот во забивања, јбг... Нејт Робинсон го има победено Двајт Хауард само пради жирито, и плус истото се има случено на уште некоку натпревари. Коментаториве збореа како треба тројките да бидат на крај, посебно после ваков натпревар во тројки како што се случи оваа вечер, ама ни на крај памет не ми паѓаше дека ќе има дуел на нивото Вилкинс-Џордан. Картер беше ѕвер 2000та година, ама беше сам. Оваа година и Гордон и Левин беа неверојатни со тоа што требаше Гордон да победи.