Мене па ми се многу чудни муабетите “еј да не му беа такви соиграчите немаше да има таков учинок“... Е добро, да не му беа Пипен, Родман и компанија на Џордан, ќе имаше ли 6 титули? Кур ќе имаше. Да не беа Гасол, Одом и компанија ќе лапаше ли Коби две титули по ред 2009 и 2010? Не.
Рондо да го нема Казнс ќе прави ли по 20 асистенции на утакмица?
Нормално е дека треба да има и добри соиграчи за да се остварат тие бројки, не игра Грин сам на теренот. Ама дека има огромен удел во играта на Вориорси и дека е исклучително битен за овој тим, е тука нема никакви дилеми. Игра четворка со едвај два метри висина, сестран играч, може да повлече контра, има добра контрола на топката, има добар шут, знае со грб да изигра кон кошот, во одбрана може да чува и повисоки од него затоа што е многу снажен, може да презема играчи и да чува пониски од него, значи буквално играч што секој тренер би го посакал. Мене многу ме потсеќа на Одом и неговите најдобри партии од Лејкерси, со таа разлика што Одом беше 6ти играч, а овој си е стандарден во првата петорка, али секако мислев на импактот врз тимот.