НБА сезона 2015-2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши серијата?

  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Release the darknessssssss. Odlicen i Rouz, 3-4 za trojka, retka rabota :). Sutot na Gasol mu bese avtomatik a od klupa Bruks i Bobi isto taka izgazija. Edino Batler so imase off-utakmica drugoto se bese ekstra.

Inace ova situacijata so Ish Smith i Fili e retardirana :D
Ebati nesrekjnikot so e Ish :D
 
Може некој да ми каже што се дешава со Корвер? Ни за Македонско првенство не е со играва што ја прикажува.
 
Inace ova situacijata so Ish Smith i Fili e retardirana :D
Ebati nesrekjnikot so e Ish :D

o_O

Играч кој што е одвај во НБА и се бори за секој едногодишен договор што го добива мислиш дека е несреќен што оди во екипа каде може да биде еден од главните играчи? Ова е најдоброто нешто што можеше да му се случи во животот - ќе ја труплира заработката во својата кариера само од оваа полусезона. Плус сто пати и минатата сезона изјавуваше дека му е одлично во Филаделфија - таква можност да игра никој претходно не му дал. Имаше и некои разговори и летото да го потпишат ама не успеаа.

Не е некој којзнае каков играч, но совршен фит е во Филаделфија, баш таков играч им треба - брз пробивен плејмејкер кој е добар додавач. Филаделфија и преку 20 победи ќе има до крајот на сезоната и ќе игра далеку подобро...

П.С. Тоа што на некој начин џабе потроши тимот 2 пика од втората рунда за играч кој е слободен агент на лето е друга приказна...
 
Брат многу лично си го сфати ти, да не си Хинки случајно :D Знам дека е одличен играч играч Смит, ама мислам дека негова желба беше да отиде во Њу Орлеанс а еве сега пак го трејдаа на старото место. Имаше одлична сезона, ама како се врати Норис Кол, мораше да бега и мислам дека Пеликанс имаат поголем ќар од овој трејд. Работата ми беше тоа што не се соземаа да почекаат до крај, да го земат пак за милионче, а вака дадоа 2 пика од втора рунда. Шо знаеш може некој Дрејмонд Грин се крие во нив :) И тоа што ќе тепаат 20 утакмици до крај на сезона не знам колку е полезно за Фили, 3 ипол години трае "процесот" до никаде не стигнаа. Треба да се запрашаат малце кај тераат, еве пример види ги Орландо, плејоф екипа оваа сеозна, а речиси во ист период почна ист процес кај нив со ребилдинг. Плус тоа имаат играчи како Гордон и Хезоња што уште не се добиле значајно време за игра. :)
 
Од пониските пикови од овогодинешниот драфт, најмногу ми фаќа око Портис. На почеток беше заглавен на клупа заради Гасол, Ноа, Гибсон и Миротич, но во последниве месец дена добива шанса и ја искористува максимално. Згора на тоа се работи за интелигентен играч, кој ретко форсира шут или пак лесно да загуби топка. Нешто што најмногу ме воодушевува кај него е способноста да одигра одличен пас (нешто што кај високите играчи е реткост).
 
Брат многу лично си го сфати ти, да не си Хинки случајно :D Знам дека е одличен играч играч Смит, ама мислам дека негова желба беше да отиде во Њу Орлеанс а еве сега пак го трејдаа на старото место. Имаше одлична сезона, ама како се врати Норис Кол, мораше да бега и мислам дека Пеликанс имаат поголем ќар од овој трејд. Работата ми беше тоа што не се соземаа да почекаат до крај, да го земат пак за милионче, а вака дадоа 2 пика од втора рунда. Шо знаеш може некој Дрејмонд Грин се крие во нив :) И тоа што ќе тепаат 20 утакмици до крај на сезона не знам колку е полезно за Фили, 3 ипол години трае "процесот" до никаде не стигнаа. Треба да се запрашаат малце кај тераат, еве пример види ги Орландо, плејоф екипа оваа сеозна, а речиси во ист период почна ист процес кај нив со ребилдинг. Плус тоа имаат играчи како Гордон и Хезоња што уште не се добиле значајно време за игра. :)

Повеќе теми опфати тука - може да ги дискутираме надолго нашироко, ама еве малку на кратко:

1. Јас апсолутно се согласувам дека трејдот е одличен за Њу Орлеанс. Ish Smith нив им требаше првите 2 месеци додека им заздрават играчите. За Филаделфија трејдот во принцип е лош, но дека им требаше плеј им требаше, не за друго туку за да го придвижи развојот на центрите. Сите плејмејкери на кои рачунаше тимот се враќаа од повреди, сите задоцнија со опоравувањето и се вратија во многу слаба форма. Затоа беше толку лаба екипата и затоа се решија на вакво привремено решение и непотребно трошење на пикови.

2. Додека беа повредени сите плејови кај Pelicans имаше голема минутажа на располагање во потенцијално добар тим (со Anthony Davis) и тоа нормално беше примамливо за Smith. Неговата цел е да се докаже за да заработи повеќе на лето. Сигурно дека повеќе може да се докажи во тие два месеци во Њу Орлеанс отколку во Филаделфија со горе долу истата минутажа. Ама во моментот кога се вратија повредените тоа се драстично се промени.

3. За "процесот" има многу за раскажување (детално кога ќе имам повеќе време), повеќето луѓе само отстрана нешто слушаат и го гледаат бројот на порази а главно не знаат што точно се случува. "Процесот" веќе главниот дел од работата ја заврши само ретко кој забележа. Од ситуација каде во следните 10 години немаа скоро никакви шанси да стигнат до 50 победи и барем втора рунда во плејофот, Филаделфија сега има еден куп можности и опции како да се изгради вистинаска конкурентна екипа. Само треба да се издржи до крајот на оваа сезона и некои коцки да се поклопат.

4. Го спомна Орландо - прво тие започнаа една година пред Филаделфија и со подобра стартна позиција. Не е баш споредливо. Спореди ги со Филаделфија за една или две години па ќе правиме муабет. А и не сум убеден дека толку добра работа завршија. Некако успеаа да склопат екипа која нема така лесно да се пробие до 55+ победи што е во основа целта на стратегијата на Филаделфија. Длабочина во тимот не е толку тешко да се дополни. Тешкото е како да се постави основа врз која ќе можеш да градиш конкурентен тим во следната декада (дали тоа е еден играч од типот на Леброн или 3-4 одлично вклопени како Сан Антонио).

Екипи од типот на Торонто, Бостон, Шарлот, можеби и Орландо и Чикаго можеби се забавни привремено кога прават напредок но мене не ме импресионираат. Титула не можат ни да помирисаат а не пак да освојат без драстични промени. А за драстични промени ти требаат можности кои претходно Филаделфија ги немаше (и некои од погоре споменатите екипи ги немаат).

Инаку јас лично генерално ја поддржувам идејата позади "процесот" но тоа не значи дека се согласувам со апсолутно сите потези на Hinkie. Имаше многу одлични потези во овие 2 и пол години но имаше и некои грешки кои може но не мора да се проблем за екипата. Како ќе биде ќе видиме за некоја година.

П.С. Воопшто лично не си го сфатив само како дежурен навивач на Сиксерс сакав да дадам малку контекст :)
 
Casspi вчера 36 поени, 9 тројки! Го потврди тоа што го мислев уште пред неколку години дека е идниот Пеџа, среќа после киксот на браќата малуф и лошиот менаџмент, го вратија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom