- Член од
- 5 април 2013
- Мислења
- 3.443
- Поени од реакции
- 7.270
Ги гледав сега напредните статистики за сезонава, и приметив дека Кари уствари ја игра најдобрата сезона во историјата на кошарката, барем по ПЕР рејтингот. Моментално има 32,61, додека втор сезонава е Вестбрук со 30,48. Во историјата пред да се додаде 3ката, Чембрлејн има постигнато 31,82 преку цела сезона(62/63), додека во ерата на тројките Џордан ја има најдобрата сезона( 87/88) кога имал 31.71.
Засега да, ама има уште многу од сезоната. Уште два месеци не поминале...
Инаку не знам, немам проверено, ако добро се сеќавам, кога ја правеа таа серија од 26 победи Мајами пред 3 сезони, Леброн имаше најдобро остварување во PER на месечно ниво во историјата (мислам беше месец февруари), нема да ме чуди Ноември месец на Curry да се приближил на тоа, ако не и да го поминал...
А генерално Џордан со 4 последователни сезони преку 31 мислам дека е најуспешен според PER. И Леброн има 4 над 30, ама само 3 од нив се над 31. Еве отприлика како изгледа по сезони табелата на сите времиња. Се на се има 18 сезони над 30 PER. Ако успеат до крај на регуларната сезона да истераат вака Westbrook и Curry ќе бидат 19 и 20тата. А мислам дека никогаш не се случило двајца во иста сезона да успеат. Додуша не верувам ни оваа дека тоа ќе се случи, Curry можеби ќе издржи ама Westbrook веројатно ќе падне малку а и онака е за малку над границата...




