После првите 7-8 кола од НБА...
Нетси, Лејкерс и 76 пак ке се борат за првите 3 пика.
Нети изгледаат како екипа од пред 500 години, потребна им е смена на сите 12 играчи, ок може и 11, Брук Лопез им е единствена светла точка оваа година.
Лејкерс. Не постои поголем егоист од Swaggy P. Срамота е каква селекција прави на шутевите, соиграчите стојат сами а тој шутира преку 4 раце. Рендл покажува дека има низок кошаркарски IQ во првиве утакмици, додека Расел изгледа како пик од 2 рунда. Штете што Коби нема нормален соиграч во последните 3 години.
Филаделфија - срам за лигата. Не е нормално колку години ке тенкаат они. Окафор е играчиште во напад, додека во одбрана огромен кратер.
Ноел е тимски играч ама додека нема backcourt, ништо работа.
Атланта - Бејзмор е најпријатното изненадување до сега од сите x-factor играчи...али традиционално Атланта ке гази до плеј оф се, после ке видиме таму.
Торонто има најдобар состав во последните 10 години, Лаури е генерал на паркетот, ама им фали еден PF...
Детроит - хиерархијата е клуч на успехот. Ван Ганди врши одлична работа се додека се знае дека Реџи и Андре се хиереархијата тие можат у плеј-оф.
Пеликанс - Дејвис повеќе обраќа пажња на МВП партии него успехот на тимот, ако остане вака остануваат без плеј оф, сигурно.
Мемфис - мислам дека нивната ера пројде. Станаа и превише досадни со таа одбрана, класичната одбрана ке стане минато, затоа што нападите се изведуваат од ротација, и одбраната ке стане ротациона каде што еден играч ке мора да брани 2-3 позиции во еден напад.
Хјустон - Хауард во тие партии што играше кога не го одмараше грбот страшно ме потсеќаше на Хауард од Орландо (?!) . Ако биде во таква форма можеме да очекуваме јаки Рокетси...
ГСВ се најак тим во лигата, Кавс се веднаш зад нив.
Оклахома - многу се ослонуваат на Вестбрук и Дурент. Потребен им е еден sg/sf во кој ке имаат доверба плус прав Ибака кој ке игра одбрана и ке престане да изиграва нападач,што не е, за тоа нема потреба. Сега објавија KD во аут 7-10 дена strained hamstring.
Јута засега не се шали, партијата против Кавс беше вистински респект, мириса на плеј оф...
Портланд - Лилард моментално е еден од најлошоте pg во одбрана, во прашање е воља...
Клиперс - Грифин е моментално најдобриот pf во лигата. Штета што Док не го користи на прав начин. Во екипа каде би бил прва звезда лагано секоја утакмица би пребацувал 35+, напаѓа од сите позиции. Од ова лето во својот арсенал ке го додаде и шутот за 3п.
Порзингис и Таунс се одлични пикови, каква зрелина покажуваат само. Винслоу е steal od the draft, како само им се најде на Мајами како замена за индиспонираниот Денг.
Вестбрук и Кари не се од овaа планета. Првиов е прототип на кошаркарски робокап, додека вториот ке игра 1vs10 во ситуација каде што сите ке го бркаат, а тој ке погодува...
Вечерва да се испрати нешто од Мемфис - ГСВ и Атланта - Пеликанс и може на спиење...
