НБА сезона 2015-2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување

Како ќе заврши серијата?


  • Вкупно гласачи
    67
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Минесота ми се тим како Дортмунд во фудбал, само не на тоа ниво. Играат интересна кошарка, имаат млади талентирани играчи кои играат пожртвувано и се фан-фејворит. Не сум сретнал до сега некој да ги хејта.

Само да се здрави, посебно Рубио и може да фатат место за плеј-оф. Може проблеми да имаат дека се на запад, таму богами потешк се влага за разлика од истокот каде што влегуваат со по 35 победи...
 
Вин-вин трејд според мене.
Мемфис во Чалмерс добија уште еден дефанзивен играч со големо искуство и што може да погоди за 3 а не би ме чудело и Енис да влезе во ротација пошто на никој не му оди од крилните позиции посебно на Грин и очекувам да го трејдаат и него.

Мајами сигурно ке го прават резервен плеј Џонсон поради добрите игри годинава,а Стоукс ке добива шанса кога ке одмараат Хаслем,Брдмен и Стадемаер.
 
Што травка пушел ЏејАр? :D
Почнал повеќе да подава него да шутира..:D

Какво куцање на Леброн преку Фејворс ауууууу[emoji33]

Иначе KD излезе ради повреда, само да не е нешто сериозно..

Sent from my HTC One M9 using Tapatalk
 
Исто и Дејвис искочил заради повреда, предтоа се повреди и Лав али го средија на полувреме.
 
Lele kako gi opljackaa toronto, sram za cela nba i sudenjeto bese ova
 
Порзингис "мекушот".:uzi:

За 2 дена ќе излезе 4-от дел од ломење кичми ака Uncle Drew.
 
https://vine.co/v/elpLxaaKHgL
Во НБА изгледа правилото за чекори не важи :icon_lol: Гледам на секоја утакмица се прават не по 3 туку по 5-6 чекори судииве ништо не судат, исто и со пробивања во безброј ситуации.
 
После првите 7-8 кола од НБА...

Нетси, Лејкерс и 76 пак ке се борат за првите 3 пика.

Нети изгледаат како екипа од пред 500 години, потребна им е смена на сите 12 играчи, ок може и 11, Брук Лопез им е единствена светла точка оваа година.

Лејкерс. Не постои поголем егоист од Swaggy P. Срамота е каква селекција прави на шутевите, соиграчите стојат сами а тој шутира преку 4 раце. Рендл покажува дека има низок кошаркарски IQ во првиве утакмици, додека Расел изгледа како пик од 2 рунда. Штете што Коби нема нормален соиграч во последните 3 години.

Филаделфија - срам за лигата. Не е нормално колку години ке тенкаат они. Окафор е играчиште во напад, додека во одбрана огромен кратер.
Ноел е тимски играч ама додека нема backcourt, ништо работа.

Атланта - Бејзмор е најпријатното изненадување до сега од сите x-factor играчи...али традиционално Атланта ке гази до плеј оф се, после ке видиме таму.

Торонто има најдобар состав во последните 10 години, Лаури е генерал на паркетот, ама им фали еден PF...

Детроит - хиерархијата е клуч на успехот. Ван Ганди врши одлична работа се додека се знае дека Реџи и Андре се хиереархијата тие можат у плеј-оф.

Пеликанс - Дејвис повеќе обраќа пажња на МВП партии него успехот на тимот, ако остане вака остануваат без плеј оф, сигурно.

Мемфис - мислам дека нивната ера пројде. Станаа и превише досадни со таа одбрана, класичната одбрана ке стане минато, затоа што нападите се изведуваат од ротација, и одбраната ке стане ротациона каде што еден играч ке мора да брани 2-3 позиции во еден напад.

Хјустон - Хауард во тие партии што играше кога не го одмараше грбот страшно ме потсеќаше на Хауард од Орландо (?!) . Ако биде во таква форма можеме да очекуваме јаки Рокетси...

ГСВ се најак тим во лигата, Кавс се веднаш зад нив.

Оклахома - многу се ослонуваат на Вестбрук и Дурент. Потребен им е еден sg/sf во кој ке имаат доверба плус прав Ибака кој ке игра одбрана и ке престане да изиграва нападач,што не е, за тоа нема потреба. Сега објавија KD во аут 7-10 дена strained hamstring.

Јута засега не се шали, партијата против Кавс беше вистински респект, мириса на плеј оф...

Портланд - Лилард моментално е еден од најлошоте pg во одбрана, во прашање е воља...

Клиперс - Грифин е моментално најдобриот pf во лигата. Штета што Док не го користи на прав начин. Во екипа каде би бил прва звезда лагано секоја утакмица би пребацувал 35+, напаѓа од сите позиции. Од ова лето во својот арсенал ке го додаде и шутот за 3п.


Порзингис и Таунс се одлични пикови, каква зрелина покажуваат само. Винслоу е steal od the draft, како само им се најде на Мајами како замена за индиспонираниот Денг.

Вестбрук и Кари не се од овaа планета. Првиов е прототип на кошаркарски робокап, додека вториот ке игра 1vs10 во ситуација каде што сите ке го бркаат, а тој ке погодува...

Вечерва да се испрати нешто од Мемфис - ГСВ и Атланта - Пеликанс и може на спиење... :D
 
Дојде ред и Хезоња да ги замоча Лејкерс. :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom