НБА сезона 2014-2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

The Finals:


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Сепак мислам дека ќе има гејм 7, и тоа доста неизвенса. :D
 
Од овие ГС по среќна екипа нема, како само неколку пута у битни ситуации ги сакаше топката и им се враќаше то чудо едно.. Истата екипа што немоеше прво второ коло да пројде у плеј оф ќе биде шампион годинава !
Им се склопија коцкете ненормално, и згора на се повредете на Кавс..
Најслабата екипа што ќе освои титула у историја на кошарката и нба !!
Па некад да си кажел у Америка дека екипа што само пуца тројки ќе биде шампион би ти се смееле у фаца, и кошаркава не е више тоа што беше
!
:pos::pos::pos::pos::pos::pos:[DOUBLEPOST=1434351677][/DOUBLEPOST]
Од овие ГС по среќна екипа нема, како само неколку пута у битни ситуации ги сакаше топката и им се враќаше то чудо едно.. Истата екипа што немоеше прво второ коло да пројде у плеј оф ќе биде шампион годинава !
Им се склопија коцкете ненормално, и згора на се повредете на Кавс..
Најслабата екипа што ќе освои титула у историја на кошарката и нба !!
Па некад да си кажел у Америка дека екипа што само пуца тројки ќе биде шампион би ти се смееле у фаца, и кошаркава не е више тоа што беше
!
:pos::pos::pos::pos::pos::pos:Доста бе глупости тропате...Исто тројки и кавс дадоа..: па и кавс не можеа прво второ коло да пројдат и сеа што?
 
Ха, колективна. Со Спарси ли ќе ги равниш... Без Кајри (и Лов) играат, не знам зошто толку „палење“.
Чекај малце ти, нели ќе Кавси ќе ги збришеа ГСВ, 4-0 или 4-1?

Иначе постов на Марли покажува баш она што го потенцирам периодов, дека голем дел од луѓето што пратат НБА низ друга призма ја гледаат истата. ГСВ воопшто не е слаба екипа и не игра дивтарски, само тројки да рогаат и слично. Знаете ли зошто имаат толку тројки испуцано? Гледајте ја првата петорка на ГСВ и првата петорка на Кливленд. ГСВ: Кари, Томпсон, Барнс, Грин и Игудала, Кливленд: Леброн, Делаведова, Шамперт, Мозгов и Томпсон. Највисок играч кај ГСВ Грин со 202 (ваљда толку беше), кај овие Мозгов со 216. Намерно Кер форсира смол бол петорка затоа што на време сфати дека тука е шансата за ГСВ. Во позициони напади немаат што да бараат, затоа што овие имаат доминатор под обрачите во името на Мозгов и доминатор во изолациите во името на Леброн. ГСВ немаат таков играч.

Друга ствар, гледајте ги движењата на Голден Стејт кога ги играат нападите. Ниту еден играч не стои во место и има константно движење на топката, што е всушност зацртано и е основна ствар во сите кошаркаски учебници. Многу движења, блокови без топка, баш школски.

Така да ќе ве молам постови од типот дека биле најслаби што освоиле титула немојте, затоа што е срамота да се пише такво нешто. Први во регуларниот дел на сезоната, апсолутна доминација, МВП од нивниот тим, доминација и во текот на плеј офот, не знам што сакате повеќе. Исто ко ја сеа да кажам дека Детроит 2004 беше еден од најслабите тимови што освоил титула затоа што беа насилници и прљаво играа одбрана. Жими куров, заслужено си освоија и тоа е тоа.
 
Така да ќе ве молам постови од типот дека биле најслаби што освоиле титула немојте, затоа што е срамота да се пише такво нешто.

Јас НБА гледам од финалето помеѓу Лејкерс и Детроит кога за Лејкерс сеуште играше Џабар, неговата последна сезона. Мислам дека имам изгледано 90% од финалните натпревари. И скоро да сум сигурен дека овој Голден Стејт е најслабата екипа што ќе освои титула. Навистина не можам да се сетам кого би можеле тие да добијат во финале од сите екипи кои ја освоиле титулата. Имам гледано страшни екипи. Чикаго со Џордан, Спарси со вечниот Данкан, Хјустон со Олајџувон, Лејкерс со Коби и Шек...

И тој Детроит кој го спомна е подобра екипа од Голден Стејт. Нив на кош не можеше да им се шутне. А оној Детроит со Ајзеја Томас и Бил Лејмбир, е тие беа касапи.

Солидна екипа е Голден Стејт, ама и факт е дека им се споија коцките. Посебно во финалето, но дури и Кливленд да освоеше титула, и за нив ќе важеше дека се најслабата екипа што освоила прстен, без оглед што таму е Џејмс.
 
Последно уредено:
Јас НБА гледам од финалето помеѓу Лејкерс и Детроит кога за Лејкерс сеуште играше Џабар, неговата последна сезона. Мислам дека имам изгледано 90% од финалните натпревари. И скоро да сум сигурен дека овој Голден Стејт е најслабата екипа што ќе освои титула. Навистина не можам да се сетам кого би можеле тое да добијат во финале од сите екипи кои ја освоиле титулата. Имам гледано страшни екипи. Чикаго со Џордан, Спарси со вечниот Данкан, Хјустон со Олајџувон, Лејкерс со Коби и Шек...

И тој Детроит кој го спомна е подобра екипа од Голден Стејт. Нив на кош не можеше да им се шутне. А оној Детроит со Ајзеја Томас и Бил Лејмбир, е тие беа касапи.

Солидна екипа е Голден Стејт, ама и факт е дека им се споија коцките. Посебно во финалето, но дури и Кливленд да освоеше титула, и за нив ќе важеше дека се најслабата екипа што освоила прстен, без оглед шро таму е Џејмс.
Нормално дека беше страшна екипа Детроит, пред се дефанзивно, али чисто ко пример наведов, не дека мислам оти не се добри. Океј, можеби ако споредуваш со претходните шампиони, вака на хартија најслаби се, ама на членовите тука друга им е целта со таа изјава, ти текнуе? Мене не ме занима тоа, јас ја сакам кошарката што ја игра ГСВ, ја сакав и кошарката што ја играше Кливленд до пред финалево, ама откако се повредија Кајри и Лав едноставно ништо не играат, само чекаат на Леброн. Затоа и сакам да земат ГСВ.
 
ГСВ доааѓат нешто налик Taiwan на Street Hoop... ги земаш и ја превртуваш со 1 жетон :toe:
 
Штета шо нема да можи кралот да ја крени титулата пред своите туку ќе мора на туѓ терен
 
Стварно штета што кари ќе мора да крене титула на туѓ терен... :( :( :( :(

Ајде за Леброн мора да ги тепа и двата натпревари али Кари и Голден Стејт можат да ризикуваат и да изгубат на гости и после дома да си слават како луѓе.Мислам дека вреди еден натпревар да се даде за публика :D:D (Нормално ниеден паметен не би го одиграл ова али би било интересно за нас неутралната публика да има мајсторка без разлика кај се игра)
 
Голден Стејт е поприлично млада екипа, и од нив допрва треба да очекуваме и подобри резултати. Во првите 2-3 утакмици од финалево ептен беше очигледно дека имаат трема, а сега кога се опуштија, покажаа што знаат. Не знам како можи екипа со 67 победи во регуларна сезона, со убедливо добиени серии, до финалната серија, со две победи над 10 разлика во финалната серија (една 20), да биде најслабата екипа во историјата на НБА која некогаш освоила (ако освојат, сеуште ништо не се знае).
 
Последно уредено:
Што све нема да се каже. Го почитувам Леброн ама од тие како овие што го издизаат до небо ми се кења.
 
11028356_10200705112107666_7704550428434952523_n.jpg

Sixth man: LeBron
 
Steph Curry scored 17 of team-high 37 points in 4th quarter, matching highest 4th quarter output in any Finals game over past 40 years
 
Тука човек што чита да не ти се верува. Значи јас како НБА фан а не на Кавс/Вориос или Леброн можам да кажам дека теоријата дека ова е најслаб тим што ќе освои нба нема блага веза. А што Кавс ако освојат? пак истото ќе важи? Единствени коцки што се склопени нели.. кај Вориорс е што Лав и Ирвинг се повредени ( страшни добро поклопени коцки ) , теориите дека само шутираат 3ки?? па дај не ме .. и ова не е колективна игра?? да да на Леброн е колективна игра? на Кавс? Секоја чест , МВП на финалето е.. најдобар играч у НБА моментално. Но не може сам! Нема никаква поддршка , значи Кавс се тие што немаат колективна игра. Во Вориорс имаш 4-5 играчи со 12+ поени , одлични сетови на акции.. Кер го најде рецептот. Да беа Кавс со фул состав можеби/секако ќе беше друга приказна.. НО, тоа е што е.

Се надевам на 7ма утакмица!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom