НБА сезона 2014-2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

The Finals:


  • Вкупно гласачи
    49
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
дочекав Марли да го брани ЛеБрон :vozbud:

навивам за Нетс да ги изненадат Хокс..
 
И после пак некој нека ја руга оваа наша југословенска школа. Тука не излегува ниту еден играч без барем пристоен шут, без разлика дали игра на позиција 1 или позиција 5. Во Америка премногу се потпираат на физикалиите, ете на пример Џордан, а тоа што во напад не знае да изигра со грб или да фрли полухорок или хорок е сосем друга работа.

Главниот проблем е што во Америка додека да стигнат до НБА децата играат само против свои врсници. И физички доминантните деца немаат толку мотив да ги развиваат тие софистицирани вештини бидејќи доминираат само врз база на тоа што се "повисоки, побрзи и повисоко скокаат".

За споредба во Европа, тие што се поталентирани и уште како млади покажуваат добри физички предиспозиции, може уште на 14-15 години да ги пуштат да тренираат, па понекогаш и да играат со сениорите и мислам дека тоа ги мотивира да се трудат повеќе да развиваат додатни вештини бидејќи е невозможно да доминираат против старите.
 
Абе каков шут кај центар, се знае кога некој центар вели прво шо му иди на ум на нормален фан на кошарката е... Шек, му подаваш под кош, и го гмечи противникот. А не од полу-дистанца да ми шутира пошто потешко било за одбраната да го чува.

Сабонис е еден од најдобрите европски играчи на сите времиња.. но кога дошло проти Шек да игра, ни дистанца ни полу дистанца ни тројки ни хорок му успевале.. за одбрана да не зборам

http://www.basketball-reference.com/play-index/h2h_finder.cgi?request=1&p1=sabonar01&p2=onealsh01

shaq_sabonis.png





Ако беше подобро за центар да има шут пред физички способности ќе гледавме повеќе европски центри или бели просечни колеџ амери во нба пред ниско интелегентни но физички доминантни центари од типот на токму Џордан, Драмонд па и Хауард..


Играчи како Пекович и Вучевич се успешни пошто играат токму под кош и го отстрануваат шутот од поле.
Марк Гасол е единствена реткост тука пред се поради визијата шо ја има. Буквално плејмејкер-центар е.
 
А Вучевич нема шут од поле сакаш да кажеш? Пекович не шутира добро слободни фрлања? И објасни ми зошто е се поголем приливот на европски играчи во НБА... Кантер исто така одма ми дојде на памет, пред некој ден ги поремети Портланд со шутеви од дистанца. Не е се во силата, верувај.
 
Како може центар што само закуцува,и игра со хорок,да биде покомплетен од центар што има шут од полудистанца,што дава тројки,што има визија за пас,како?
 
Како може центар што само закуцува,и игра со хорок,да биде покомплетен од центар што има шут од полудистанца,што дава тројки,што има визија за пас,како?

Комплетен е различно од подобар. Може некој центар да е покомплетен, ама се на се послаб играч од некој кој има еднодимензионална игра.[DOUBLEPOST=1429370793][/DOUBLEPOST]Ајде на брзина и прогнози од мене за плејофот:

Атланта - Бруклин 4:0
Кливленд
- Бостон 4:0
Чикаго
- Милвоки 4:0
Торонто - Вашингтон 3:4

Голден Стејт - Њу Орлеанс 4:1
Хјустон
- Далас 4:3
Ла Клиперс - Сан Антонио 3:4
Портланд - Мемфис 2:4
 
Ја мислам дека многу тешко Атланта ќе им мавне метла на Бруклин. Ќе изгубат 1 или 2 сигурно според мене. За западот би се сложил, сите прогнози исто би ги напишал.
 
Торонто се choke во тесни ситуации. Еден скок не можеа да фанат во ОТ, плус многу слаба партија од тие што најмногу се очекуваше, Валансиунас и Лаури. Ептен тешко понатака ако не се уозбилат малку.
 
Добро се држат Бакси засега..
И ЊО одлично се покажа, зема 1-2 утакмици сигурно
Добри дуели засега
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom