Добриот старт на Сакраменто и зошто тоа се деси:
Да почнам со Cousins, помала минутажа (29. 8 минути во игра за разлика од лани 32.4) но поголема прецизност, лани беше 22.7 моментално 24. 2! Оваа сезона троши помалку топки со дури 50% од поле што е импресивно. 15. 7 оваа сезона на упатени удари за разлика од ланската со 16. 8% и шут од поле 49. 7%. Не само он, целиот тим на Кингси шутира одлично слободни, 82% од линијата. Единствено нешо кај Cousins е што има проблем со фаулите, 4. 8% во уткамица но мора да се напомене фактот дека уште ја нема заработено првата техничка што е секако добар знак за неговата зрелост на која што работи. Идеме Дарен Колисон, нешто што им требаше на Кингси одамна, шутинг плеј што не се плаши да иде на влез, нешто што мошне добро го правеше Ајзеа но за разлика во тоа што Дарен игра добро дефанзивно. Томас не играше. Руди Геј е стандарден, може малце преценет во однос на платата но who cares се’ додека игра добро. Единствено нешто што приметив е дека го фаќа мрза на периоди кога тимот води 10+, тоа треба да го смени или народски кажано да не се опушта. Задоволен сум и од Каспи, го ојачале во Хјустон и Кливлент некако по дрзок делува поготово на влезови е сега уште шутот за 3 да му проработи и воала! Го имаме новиот Пеџа. Пејшнс. Ben McLemore, е овој човек ми боде очи. Стварно не знам зошо Мелоун не му дава повеќе минути на Стаускас, знам дека типов е руки али боље да гледам руки како учи него Бен како се мучи.

Единствена ок точка му е одбраната (ми се чини таа дрскост почна после блокадата од Џејмс лани, како да го освести некако) али ипак, Бен не е присутен на теренот, се губи. Нешто шо на шутер не му личи. Бар не на човек со таква физичка спремност. Искрено познавајки го тимов не верувам дека ќе продолжат со овој налет али верувам дека ќе нижат многу повеќе победи од лани па зашто да не и да се изборат за осмо место во дивизија, во претешкиот запад. Али за тоа да се случи не смее тимот да се ослони на Буги и Руди, треба да почнат многу повеќе тимски, нешто што го правеше многу добро онаа 2001/2002 Кингс генерација.