Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Добро е, сега за сега се оди според планот. 
Not bad.Да дадам мало предвидување за 1/2 финалните мечеви...
ОКС-Клиперс 4-2
Очекувам натпревари со многу кошеви и со екстра брза кошарка. Клиперс не се воопшто слаб и наивен тим али веќе се изјаснив за Оклахома дека се спремни за титула годинава. Барнс ќе биде торпедиран од Дурант, и ќе се нервира ко мало дете, убеден сум у тоа.Интересни ќе бидат дуелите под кошевите, меѓу Џордан и Блејк од едната и Ибака и Перкинс од другата страна. Сепак, мое мислење е дека Оклахома има подлабока клупа и за нијанса подобар тим и затоа ќе одат понатака.
Спарс-Портланд 4-1 или 4-2
Ова се двата мои омилени тимови за гледање, и баш ми е штета што ќе мора некој да испадне. Портланд е одлична екипа, но и неискусни се и затоа им давам предност на Спарси. Секако, нема да ми биде криво доколку Лилард и дружината се надминат себеси и успеат да ги поминат фаворизираните Сан Антонио. Поповиќ е мајстор за да го убие ритамот на противникот, односно да се прилагоди на играта на истиот. Ако треба да се игра поспоро тогаш ќе игра поспоро, ако треба побрзо тогаш има оружја и за побрзо... А на Портланд најбитно е да не им дозволиш да влезат во серија, тогаш се најопасни. Интересен ќе биде дуелот Олдриџ-Данкан, баш сакам да видам како ќе изигра Ламаркус покрај искусниот Тими.
Индијана-Вашингтон 4-0 или 4-1
Моментално мислам дека многу луѓе ја потценуваат Индијана поради бледите партии против Атланта и поради седумте утакмици во серијата. Атланта е сосема различен тим од Вашингтон, центрите на Вашингот не се шутери и тоа е огромна предност за Пејсерси затоа што под кошевите се можеби и најдоминантната екипа во НБА. Во Атланта 4ка и 5ка играа Милсап и Антиќ, и двајцата играат пик енд поп во голем дел од случаите, и згора на тоа шутираат тројки. Хиберт не е научен својот противник да го чува на 7 метри од кошот, па затоа и имаше толку слаби бројки. Хиберт и Вест против Нене и Гортат, мислам дека Инди имаат огромна предност тука. Плус да го додадеме и фактот што Визардси се тотално неискусна екипа, а од друга страна Пејсерси се меѓу главните фаворити за влез во финалето оваа сезона. На бековските позиции Вашингтон е појак од Индијана ама вкупно гледано, тимски, Индијана е каде каде подобар тим од Вашингтон, и пред се поискусен и очекувам лесно да ја решат оваа серија.
Мајами-Бруклин
Овде искрено не знам што би прогнозирал, 4-0 во регулраниот дел и те како значат нешто, али па од друга страна Мајами знаеме како игра во регуларниот дел а како во плеј офот. Овој дуел мислам дека може да го понесе и епитот најинтересен од сите 4 дуели, заедно со оној меѓу ОКС и Клиперс. Се ме влече накај тоа дека Мајами ќе пројде, иако сакам Бруклин да иде даље. Зборувано е милион пати на оваа тема, Бруклин е екипа која е составена од многу искусни играчи, играчи кои знаат да се снајдат во критични ситуации. Одбраната на Бруклин ќе биде клучниот сегмент во оваа серија, ако успеат да ги задржат Хит на ниски проценти и ако успеат добро да го затворат рекетот тогаш ќе можат да се надеваат на пролаз даље. Секако, многу е полесно да се каже отколку да се оствари во пракса...
П.с. Немојте да ме цитирате ако тотално промашам некоја прогноза, ипак ова се прогнози според некое мое видување и сигурно нема се до точка да погодам. Како и да е само сакам да гледаме кошарка како од првата рунда.![]()
[DOUBLEPOST=1400237586][/DOUBLEPOST]
Па пример да не иде Клиперс даље, да не иде Вашингтон...Kој е планот?![]()

Aјде сеа се познаваат мажите како ќе истипуваатNot bad.[DOUBLEPOST=1400237586][/DOUBLEPOST]
Па пример да не иде Клиперс даље, да не иде Вашингтон...![]()

Not bad.![]()
Едино очекував малку поголем отпор од Бруклин. Се друго е точно како што и се очекуваше.Еве и од мене едни прогнози:
Сан Антонио - Портланд 4-1/4-2
Мислам дека толку му е силата на Портланд. Навистина пријатно изненадија и покажуваат дека нивната игра и во плејоф може да пројде, ама Сан Антонио е друга приказна не е Хјустон. Aldridge нема да може да експлодира со 40+ како против T.Jones. Сан Антонио може да му ги ротира и Splitter и Duncan и Diaw на него. Од друга страна Сан Антонио како полека да влегува во форма. Во мајсторката со Далас уште еднаш докажаа за каква машинерија се работи. На домашен терен е јак Портланд така што сигурно ќе дадат солиден отпор, ама не можам да замислам да добијат 4 натпревари против Спарси. Портланд и Далас се слични екипи со таа разлика што според мене Карлајл е подобар тренер од Стотс, а и Сан Антонио посериозно ќе си ја сфатат работата. Една до две победи за Портланд. Од чисто визуелен аспект веројатно ќе биде најубава серија, и Сан Антонио и Портланд играат убава и паметна офанзивна кошарка.
Оклахома Сити - ЛА Клиперс 4-1/4-2
Искрено ЛА Клиперс и пред почетокот на сезоната а и пред плејофот ми делуваа како еден од најсериозните кандидати за титулата. Теоретски имаат се што треба да има еден сериозен тим. Но во плејофот покажаа доста слабости (мораше полесно да го добијат еден Голден Стејт без Богут), се чини и Крис Пол не е во најдобра физичка состојба, а и некои од на хартија квалитетните резерви играа доста лошо во последно време (Dudley, Davis). ОКС од друга страна конечно сфати дека Sefolosha веќе не им е толку потребен и повеќе штета им отколку ќар од него. Butler е подобра опција. На двете клучни позиции во оваа серија имаат добри одбранбени играчи (Westbrook и Ibaka). ОКС мислам дека се малку потценети моментално бидејќи им требаа дури 7 натпревари против Мемфис, но како сите да забораваат дека Мемфис е многу јака екипа која заради сплет на околности беше толку ниско рангирана, но и тоа дека во 7 натпревари, 3 релативно лесно и убедливо ОКС ги доби, а 4 заминаа во продолженија. Клиперси имаат дефинитивно капацитет да го минат ОКС (па дури и да освојат титула), но моја лична претпоставка е дека ова ќе биде полесна серија отколку што навидум изгледа. Многу ќе зависи од играта на Крис Пол.
Индијана - Вашингтон 4-2/4-3
Ова дефинитивно очекувам да биде најфизичкиот дуел од сите 4. Малку поени, јака одбрана, да не ве чуди да има и некоја тепачка. Очекувам слична серија по стил на игра како на Чикаго-Вашингтон, со таа разлика што Индијана има поголем офанзивен капацитет од екстремно лимититраниот Чикаго. Вашингтон на хартија има многу добар и одлично вкомпониран тим, ама прашање е колку мотивирано ќе влезат во оваа серија или ќе се задоволат со минување на една рунда. Под голем знак прашалник е и нивниот тренер, кој според мене е најлош тренер во лигата (после Ty Corbin од Utah ама него веќе го избркаа). Според тоа мислам дека може да реши тренерската предност која ја има Индијана. Претпоставувам дека Вашингтон ќе има многу проблеми во напад и прашање е колку ќе издржат во таква игра. Јас не сум толку сигурен како некои други дека Индијана има предност внатре и Вашингтон има многу добра внатрешна линија, но дефинитивно Нене и Гортат за разлика од центрите на Атланта се тип на играчи против какви одбраната на Индијана предводена од Хиберт е многу јака. Ако сака Вашингтон да победи ќе мора Wall и Beal да ја добијат оваа серија, ама мислам дека се премногу неискусни за такво нешто. Од друга страна, Индијана покажа премногу слабости во последниве 2-3 месеци за било каква сигурност да се има во нив, па затоа веројатно ќе се оддолжи серијата и нема да ме чуди да оди во 6-7 натпревари, ама на крајот некако ќе поминат и ќе се извлечат.
Мајами - Бруклин 4-2/4-3
Е ова е серија која ќе биде интересно да се прати и е на некој начин непредвидива. Може во многу насоки да замине, од метла да добие Бруклин па се до тоа Мајами комплетно да паднат психички и да се изгубат. За дуел Бруклин - Мајами се зборува уште од есента и како стојат работите Бруклин е единствената опасност за Мајами на патот до финалето. Факт е дека по малку Бруклин им се во главата влезени на Мајами, а и факт е дека имаат многу широк и разноврсен ростер кој може да се прилагодува на различни ситуации од натпревар во натпревар. Тука мора да се пофали Џејсон Кид кој во последните месеци разви доста интересен систем на игра и ротации на играчите кој може да биде многу опасен за секого. Postups од бековите (Johnson, Williams, Livingston), шутери за тројка на крилен центар (Pierce, Teletovic), згодни офанзивни role players од клупата (Anderson и Thornton), универзални дефанзивци (Kirilenko) и четири тотално различни центри зависно од потребите и ситуацијата (Garnett, Blatche, Plumlee и Collins). Многу ќе зависи од тоа како Кид ќе го води овој состав бидејќи покажа дека не се плаши да биде креативен и да го изненадува противникот. Од друга страна, за Мајами нема многу што да се зборува, мислам дека веќе нема да се зафркаваат и од оваа серија максимално сериозно ќе си ја сфатат работата. Тоа е практично истиот тим кој ја освојува титулата 2 години со ред, се е познато со нив. Главното прашање е како ќе се справат со нападот на Бруклин бидејќи цела сезона се доста сомнителни во одбрана. Ако дозволат бавна half court игра, ќе имаат многу проблеми, ако успеат да издејствуваат изгубени топки и да одат во транзиција ќе победат. Клуч на серијата ќе бидат изгубените топки според мене. Ако издржат до 12-13 по натпревар Бруклин ќе победат, ако не може Мајами и да се прошетаат. Реално тие 4-0 и не значат до толку многу сами по себе, доста среќни беа сите 4 победи, но факт е дека Пирс и Гарнет особено им се влезени во главата на Мајами. Ова ќе биде ментален дуел на многу искусни екипи/играчи.
Се на се обратно од она што цела сезона се очекува, очекувам на истокот да видиме подолги серии отколку на западот, но на крајот веројатно пак ќе си дојде се до дуелите Сан Антонио - ОКС и Мајами - Индијана т.е. главните фаворити за титулата (едино Клиперс не се тука од фаворитите, ама мора некој да отпадне на западот).
П.С. Се надевам само дека нема некоја серија да биде уништена заради повреди на клучни играчи.
И јас ќе напишам анализи подоцна, да се освестам прво, не сум расонет ко што треба. 
Сум пропуштил драфт лотарија вчера или..?КD bitchesДобро е, сега за сега се оди според планот.
![]()
Ок е, не си интересен, а ни паметен. Не умира кошарката ако Лејкерс не игра плеј оф, без гајле. Или сега и ти нема да гледаш кошарка откако испаднаа Клиперс?Сум пропуштил драфт лотарија вчера или..?
На 1-0Кој сака кладба у аватар дека Тандерси ќе им ја дупнат главата на Клиперси.

На 1-0![]()
Доста тесна беше се на се серијата.