Да дадам мало предвидување за 1/2 финалните мечеви...
ОКС-Клиперс 4-2
Очекувам натпревари со многу кошеви и со екстра брза кошарка. Клиперс не се воопшто слаб и наивен тим али веќе се изјаснив за Оклахома дека се спремни за титула годинава. Барнс ќе биде торпедиран од Дурант, и ќе се нервира ко мало дете, убеден сум у тоа.

Интересни ќе бидат дуелите под кошевите, меѓу Џордан и Блејк од едната и Ибака и Перкинс од другата страна. Сепак, мое мислење е дека Оклахома има подлабока клупа и за нијанса подобар тим и затоа ќе одат понатака.
Спарс-Портланд 4-1 или 4-2
Ова се двата мои омилени тимови за гледање, и баш ми е штета што ќе мора некој да испадне. Портланд е одлична екипа, но и неискусни се и затоа им давам предност на Спарси. Секако, нема да ми биде криво доколку Лилард и дружината се надминат себеси и успеат да ги поминат фаворизираните Сан Антонио. Поповиќ е мајстор за да го убие ритамот на противникот, односно да се прилагоди на играта на истиот. Ако треба да се игра поспоро тогаш ќе игра поспоро, ако треба побрзо тогаш има оружја и за побрзо... А на Портланд најбитно е да не им дозволиш да влезат во серија, тогаш се најопасни. Интересен ќе биде дуелот Олдриџ-Данкан, баш сакам да видам како ќе изигра Ламаркус покрај искусниот Тими.
Индијана-Вашингтон 4-0 или 4-1
Моментално мислам дека многу луѓе ја потценуваат Индијана поради бледите партии против Атланта и поради седумте утакмици во серијата. Атланта е сосема различен тим од Вашингтон, центрите на Вашингот не се шутери и тоа е огромна предност за Пејсерси затоа што под кошевите се можеби и најдоминантната екипа во НБА. Во Атланта 4ка и 5ка играа Милсап и Антиќ, и двајцата играат пик енд поп во голем дел од случаите, и згора на тоа шутираат тројки. Хиберт не е научен својот противник да го чува на 7 метри од кошот, па затоа и имаше толку слаби бројки. Хиберт и Вест против Нене и Гортат, мислам дека Инди имаат огромна предност тука. Плус да го додадеме и фактот што Визардси се тотално неискусна екипа, а од друга страна Пејсерси се меѓу главните фаворити за влез во финалето оваа сезона. На бековските позиции Вашингтон е појак од Индијана ама вкупно гледано, тимски, Индијана е каде каде подобар тим од Вашингтон, и пред се поискусен и очекувам лесно да ја решат оваа серија.
Мајами-Бруклин
Овде искрено не знам што би прогнозирал, 4-0 во регулраниот дел и те како значат нешто, али па од друга страна Мајами знаеме како игра во регуларниот дел а како во плеј офот. Овој дуел мислам дека може да го понесе и епитот најинтересен од сите 4 дуели, заедно со оној меѓу ОКС и Клиперс. Се ме влече накај тоа дека Мајами ќе пројде, иако сакам Бруклин да иде даље. Зборувано е милион пати на оваа тема, Бруклин е екипа која е составена од многу искусни играчи, играчи кои знаат да се снајдат во критични ситуации. Одбраната на Бруклин ќе биде клучниот сегмент во оваа серија, ако успеат да ги задржат Хит на ниски проценти и ако успеат добро да го затворат рекетот тогаш ќе можат да се надеваат на пролаз даље. Секако, многу е полесно да се каже отколку да се оствари во пракса...
П.с. Немојте да ме цитирате ако тотално промашам некоја прогноза, ипак ова се прогнози според некое мое видување и сигурно нема се до точка да погодам. Како и да е само сакам да гледаме кошарка како од првата рунда.
