- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 40.586
- Поени од реакции
- 119.638
Овој па коа ќе истресе нешто ми иде да го делитнам акаунтов.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Мајами ја добива серијава според мене, али мислам дека не треба да се плука по Индијана, чии играчи стварно душата ја оставаат на терен и имаат огромна желба да ги победат фаворизираните Мајами. Пејсери имаат проблеми со агресивна одбрана, нешто што многу убаво го воочил Сполстра и го практикуваше на последниве две утакмици, особено на вчерашната. Е сеа Мајами многу ги јаде што се дефицитарни под обрачите, Хиберт и Вест доминираат во секој поглед, особено овој првиот. Стварно срце ми се исполнува кога конечно гледам еден добар центар во НБА, кој знае да фрли и хорок, и полухорок, знае да изигра со грб, и е доста добар во одбрана. Нормално Данкан си е стандарден тука, да не го заборавиме.
Да да, и мене ми е ќеф кога ќе видам таков old school центар да речам, макар што неможи баш така да се кажи, ама нема повеќе од тие центри кои играат хорок, полухорок, Хиберт ме враќа 10тина години наназад, незнам зошто ама неодоливо ме потсетува на Шек кога играше во Лејкерс.
Баш сакав да го споредам со Шек али не напишав. Освен Данкан, кој сепак има малку поразлична игра од онаа стандардната за центри, бидејќи шутира и од пост, не е она тежок центар кој игра под кош. Па после Шек да бидам искрен не сум видел некој посебно добар центар што игра со грб, све се или дефанзивно ориентирани или офанзивно осакатени, како Диандре Џордан, или Тајсон Чендлер. Хиберт е право освежување за НБА, во регуларниот дел беше доста слаб ама се разигра кога највеќе требаше. Одлични предиспозиции има, 218 висина, долги раце, доста е подвижен за таа висина, знае со грб да игра, солиден процент има од слободни, едноставно одличен е. Ваквите центри се некако запоставени во НБА, све се сведува на брзина, јачина, куцање, без многу многу основни центарски елементи во играта.
Не не, да не ме сфатиш погрешно, не викам јас дека е најдобар центар во лигата или нешто такво, али конечно да се избаци некој центар со центарска техника и со центарска игра. Од Хауард демек се очекуваше да биде новиот Шек ама ништо, млатење слама у празно е тоа, башка и повредите го скинаа. Иначе у право си, Мајами се дефицитарни на 5ка и затоа вака доминира Хиберт, иначе против Хауард, Бајнам и таквите тешки центри не би можел така лесно да дава кошеви, ипак они се од него физички појаки и ќе го гураат од под кош и нема да му даваат лесно да ја исфрла топката, ќе мора преку рака да шутира што ќе резултира со доста промашени шутеви.
Kako некој шо ги има гледано 90 посто од утакмиците на Инди и на Хиберт,можам да ти кажам дека еднинствено Пачулија и Ал Хорфорд знаеја како многу успешно да го чуваат дебело испод просек. Не дека низ цела сезона играше константно во напад,ама во утакмиците против Атланта беше катастрофа. Цела среќа шо во плејоф не играше Пачулија пошто ќе си имаа големи проблеми. Не можам да се сетам дали беше годинава или лани во Атланта,Хиберт за скоро триесетина минути игра имаше 0 поени и 2 скока
а за плеј оф,и Хиберт и цел тим играат екстра мотивирано,нешто шо не се гледа кај Мајами. Некогаш ми се чини дека едино Леброн игра онака вистински и со желба за победа
ете ти ги чекорите плачко еден,и напиши на гугл basketball rules пошто очигледно не ги знаеш
а за гифот со Стивенсон,да беше Вејд ќе паднеше ко покосен.