NBA Playoffs 2013

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny Tran
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во НБА за 2013


  • Вкупно гласачи
    194
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
lebrondunk1.jpg
Поздрав до фановите на BULLS. :pos::pos::pos:
 
Не се палете Хит фанбојчиња, полека. Може е за џабе муабет ама кажете му едно големо фала на Џејмс што одбра тука да дое. Уствари кај и да отидеше, тимот ке стигнеше до тука...Без него реално Хит немаше ни у плејоф да влезат
 
Не се палете Хит фанбојчиња, полека. Може е за џабе муабет ама кажете му едно големо фала на Џејмс што одбра тука да дое. Уствари кај и да отидеше, тимот ке стигнеше до тука...Без него реално Хит немаше ни у плејоф да влезат
И која ти е поентата на постов? Па и Лејкерс без Коби ќе беа ништо, и Њу Јорк без Мело и Чикаго без Џордан. Работава е, и баба ми да имаше муда ќе беше дедо.
 
Не се палете Хит фанбојчиња, полека. Може е за џабе муабет ама кажете му едно големо фала на Џејмс што одбра тука да дое. Уствари кај и да отидеше, тимот ке стигнеше до тука...Без него реално Хит немаше ни у плејоф да влезат
Ако не дојдеше Џејмс, немаше да дојде ни Бош, а со тоа многу слободен простор во селари капот, и шанса за доведување на барем уште една ѕвезда. Кој гарантира дека немаше да влезат во плејоф?

Како што кажа кобе над мене
Да је баба била мушко, звала би се Душко :icon_lol:
 
Клеј Томпсон ѕвериште, 8/9 за три поени, ги дупна Спарси. Браво за момциве, ги растурија Спарси и заслужено им земаа една од двете утакмици иако можеше комотно да водат и со 2-0, да беа малце поприсебни во финишот на првата текма.
 
најјак коментар шо прочитав од вчерашната утакмица помеѓу Мајами и Чикаго
so...chicago lost their virginity tonight, right?
:pos:
 
со помал жар во играта?? за булси збориш ако некои играч имаат жар во играта тоа се булс...не само во плеј оф туку цела сезона... Тибс не знае со ѕвезди да менаџира? забораваш дека беше помошник на Док Риверс во период кого бостон беа шампиони... Пирс, Гарнет, Ален се беа ѕвезди и има нешто научено и од таму...а и башка Булси не е тим без ѕвезди....Роуз го забораваш...па и Ноа е ѕвезда последниве неколку сезони па и Денг....не се сеа од калибарот на Леброн али ипак...А за Леброн што игра крилен центар...па мајами нема асален Центар и бош игра на таа позиција и пошто нема кој да игра крилен Леброн ќе игра таму...не е дека го натерал...туку мора да игра таму...за коби што збориш...кажи ми кога имале Лејкерс Асален Плеј па за коби да игра така? Неш не го спомнувај пошо е во години а и поврден беше поголем дел од сезонава...Тибс совршено може на кој било тим да биде тренер ќе има успех...може нема да е моментален али ќе си го направи тимот по свој Мерак...Рачунај штом успеа од 30ти пик на драфтот да го направи да игра како да е меѓу првите 3 пика (зборам за Батлер) што може да напраи со други играчи...

Логикава ти е... :pos:

1. Noah и Deng се меѓу ретките звезди кои играат со жар во секоја средба било регуларен дел, било плејоф, дури и во олстарот. Како што кажав погоре, таков тип на играчи му одговараат на Тибодо и само такви може да тренира. Со поопуштени звезди, како што се овие на Мајами на пример, а во нив спаѓаат поголемиот дел од звездите во НБА, Тибодо играчите ќе го избркаат за многу краток период бидејќи нема да трпат таков напорен тренер. Јас не зборувам дали е Тибодо тактичи спремен или не. Не е битно тоа во случајов. Тој, барем со моменталното негово однесување (а тоа тешко се менува на старост) не може да тренира поинаков тип на играчи. На англиски има убав термин за играчите кои му одговараат - blue collar. А инаку пример за други звезди кои мислам дека Тибодо може да ги тренира се: Garnett, Iguodala, можеби Коби.

2. Тибодо беше помошник на Док Риверс. Тоа е клучниот збор, бидејќи како помошник битни беа пред се неговите техничко-тактички познавања (кои јас апсолутно не ги оспорувам) и така Риверс и го користеше. А Док самиот ги менаџираше карактерите на неговите звезди - тоа впрочем и го направи одличен тренер инаку никогаш не бил којзнае колку добар на техничко-тактички план.

3. Мислиш дека Тибодо добро изменаџира со Роуз? Истиот Роуз кој сега му е страв да заигра за да не се повреди? Истиот Роуз кој играше преголема минутажа во изминатите сезони заради што и му се случија сите тие повреди (не е само скинатите лигаменти имаше и други повреди тој)? Истиот Роуз кој се повреди на 2 минути пред крајот кога беше непотребно на теренот во добиена утакмица? Тибодо можеби е меѓу најзаслужните за MVP титулата на Роуз но истовремено е и главен виновник за неговите повреди, кој може да се случи да му ја уништат кариерата.

4. Лејкерс немаа подобар плеј бидејќи не им беше толку потребен (инаку во секој момент можеа да ги трејдаат Гасол или Бајнам за екстра плеј). Ако знаеш како функциора "triangle" напад под кој играа под Фил Џексон, ќе знаеш дека со оглед дека Коби беше бекот кој учествуваше во акциите, другиот бек (плејот) практично требаше да биде шутер од место. Да не должам не беше Коби темата на мојот пост и онака, само го искористив за пример.

Тибодо е добар тренер тоа не е спорно, но има многу опасни слабости, заради кои нема да бидам изненаден ако никогаш не освои титула. И дефинитивно не е многу подобар од Сполстра како што многумина од вас очигледно мислат.
--- надополнето: 9 мај 2013 во 16:39 ---
А за вчерашните натпревари...

Каде се сега сите што се залетуваа дека Чикаго може го збрише Мајами? Сосема очекуван расплет во втората утакмица после шокот од првата средба. Ова не е реален одраз на разликата во квалитет, но во најмала рака Мајами полека сега ќе ја преземе контролата во серијата.

А за Голден Стејт навистина немам зборови. Продолжуват пријатно да ме изненадуваат и признавам дека сериозно ги имав потценето. Не верувам дека ќе издржат со Сан Антонио но имаат шанси.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom