Лејкерс ако успее да го направи она со Казнс ќе заврши огромна работа. Ако добро разбрав три тима ќе бидат вклучени во трејдот, во Орландо ќе иде веројатно Окафор, односно вториот пик што треба Лејкерс да го земе годинава, во Сакраменто ќе оди Вучевич, а во Лејкерс Казнс и шестиот пик на Орландо ако не се лажам, ама не сум сигурен за ова последново. Плус таму Орландо и Сакраменто добиваат некои пикови, поима немам кои, битно ми беше за Лејкерс само.
Ова би бил одличен дил за Лејкерс затоа што ќе добијат одличен играч и доминатор под кошот, а не да го чекаат Окафор да созрее неколку години, а прашање е и дали ќе се деси тоа, пошо јас не сум некако премногу оптимистичен околу овој играч... Да можат некако да го средат овој трејд, плус и Џими Батлер да го потпишат и се ќе биде топ.

Знам дека нема да дојде Џими али да си пофантазирам малце.