NBA 2023/24

Koи тимови ке изборат плеј оф? (покрај фаворитите за титула)


  • Вкупно гласачи
    68

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.345
Поени од реакции
5.462
Колку ми е мило за лиглето Ембид, ем шуто ем боде треба да се прекрсти.

У плеј оф глумење за фаули не поминува, бар Харден е пример за тоа.

Ај што глуми туку е и психо, сто пати проба да ги повреди Њу Јорк намерно.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.232
Поени од реакции
108.114
Ембид кога влезе во НБА ми беше еден од посимпатичните ликови, не ќутеше на некои приватни глупаци како на пример Драмонд, ликчиња што ништо не напраиле у кариера а се чаталат, на таквите им рокаше по 40+ поени и им се смееше у фаца. Али последниве две сезони ми стана преодвратен, прво ради она флертувањето за играњето за репка, прво потврди дека ќе игра за Франција, па после се испичи и отиде за УСА да игра, класично путе. Второ, ради константното лигавење на и вон терен, ептен тешка примадона и софтбој стана.
Трето, препрљав играч на терен, оди да повреди противници што е жално и за греота, толкава битанга да се служи со такви подли работи...

Така да ако им е за ова што им се деси, а и редно е малце Њу Јорк да мрднат од мртва точка.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.537
Поени од реакции
9.545
@Генерал Ајде честито друже, па да се гледаме во финалето на конференцијата. :love:

Траст д процес го прогласувам за умрено, и баш ми е мило, барем до октомври ќе одмориме глава од лиглето, фала Никси.
Фала брате, за Селтикси си? Најверојатно ќе имаат тешка серија со Кливленд (пошто мислам дека Кливленд ќе тепа уште една и оди понатаму - ех шо Њујорк не си го има Мобли, зборав и лани за него кога игравме едни против други со Кливленд, радо би му дал шо сака за да дојди во екипа) ама од друга страна Њујорк ќе има тешка серија со Индијана пошто Халибуртон душа ќе им извади со пресечени топки и асистенции.

Шо да кажам за сношти/сабајлево, на нозе ја догледав пошто мораше веднаш од ко заврши да тргнам за на работа.

На двата тренери им текна (конечно) да користат играчи како Бади Хилд и Донте ДиВиченцо и видовме кој беше бенефитот.
То шо некој посалам тренер ќе го забележи кај Никси и ќе го искористи е следното:

1. Некаде при резултат 102-97 или 101-97 *(тука некаде беше, не ме држите за збор) топката се движи и иди до Брансон, инсистираше на 2 пати да креира шут за три и два пати беше одлично покриван, а ако направеше при првиот контакт чекор внатре кон кошот ќе имаше сигурни 2 поени. Едноставно не смееш да коцкаш мала предност, ако немаш шут за 3 тогаш оди за 2 шутни и зголеми предност.

2. Во следниот напад, одат Фила преку спомнатиот Тобијас Харис. Е овај ако не го раниш цела утакмица со топки и шутеви па да му тргни тогаш не го барај на крај.
ЗНАЕШ дека нема ефикасност никаква цела утакмица, го оставаш да шутни од полудистанца (паметно) АМА не го градиш рекетот пошто големи се шансите да промаши па да ја собериш топката во клучен момент за натпреварот и иди Убре си скока помеѓу тројца играчи на Никси, ја фаќа и куца топката.

КАКО БЕ не знајте или треба некој да ви објаснува и нацрта дека во такви ситуации чекаш овај ајванот да љуфни и мора да имаш дефанзивен скок?

3. Следен напад, мислам Донте беше се најде во иста ситуација ко Брансон погоре и пошто Донте е паметен и има искуство колку толку од вакви натпревари (плус со Стеф играл, тренирал, учел секако) наместо шут за три си ојде батето на сигурно и си ја положи за 2 поени.
БАГАТЕЛА во таков дел од натпреварот.ѐ

Брансон, иако е веќе МВП играч, сепак има грешни одлуки во вакво опкружување и дел од натпревариот. Не е безгрешен, не е робот. Минаиот пат ја продај топката ко пробваше да шутка или подава кон Хартештајн (само тој си знај), сега овој натпревар овие грешки од погоре + многу зема индивидуални шутеви и влезови кога ќе одмори после тајмаут, наместо тоа треба да разигрува играчи.

На крај, главната препрека ќе биди Тибодо. Никаков сенс за тајмаути, никаков сенс за да смени играчи (ДиВиченцо го чуваше на клупа прошлата утакмица), играта не ја прати мисли дека доста е од дома да иди „со домашно“, некоја акција и некоја одбрана нацртани и чао, завршена работа.

Клиперси ќе испаднат ваљда, штешта до Тајрон Лу не можиме да се добериме, а ко мелем на рана ќе ни дојди. Само ова магарето никој нема да го истера од тимот.

Со Индијана можи и потешки утакмици да се и прашање е дали ќе се победува на ваков начин и со ваква игра.
 
Последно уредено:
Член од
17 јуни 2022
Мислења
96
Поени од реакции
318
Фала брате, за Селтикси си? Најверојатно ќе имаат тешка серија со Кливленд (пошто мислам дека Кливленд ќе тепа уште една и оди понатаму - ех шо Њујорк не си го има Мобли, зборав и лани за него кога игравме едни против други со Кливленд, радо би му дал шо сака за да дојди во екипа) ама од друга страна Њујорк ќе има тешка серија со Индијана пошто Халибуртон душа ќе им извади со пресечени топки и асистенции.
За Кавси, тешко ќе бидне против Селтикси ќе треба да се активира Мичел и да игра како што знае да игра, оваа серија против Орландо ја игра млако. Среќа за нас е што на Селтикси им се повреди Порзингис, па си дозволувам да си правам екскурзија на мозок. Тука е и желбата за одмазда од минатиот плејоф.

Земај се што сакаш, само не ми ги дирај Твин Таверс, еве на пример за вас добар трејд би бил, Гарланд за Брансон и Харт, вин вин ситуација мислам дека сите би биле среќни и задоволни. :cool:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.416
Поени од реакции
29.932
^^ Лу е едини пролазно добар тренер од набројаните.
Идиотската управа веројатно пак ќе одбере лош тренер. Не знам по кој критериум го одбраа Дарвин Хам. И немаше потреба да чекаат две години, од сам старт се гледаше дека не го бива за ништо.


Клиперси ќе испаднат ваљда, штешта до Тајрон Лу не можиме да се добериме, а ко мелем на рана ќе ни дојди. Само ова магарето никој нема да го истера од тимот.
Не знам зошто би го отпуштиле, не е до него губењето.
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
2.537
Поени од реакции
9.545
За Кавси, тешко ќе бидне против Селтикси ќе треба да се активира Мичел и да игра како што знае да игра, оваа серија против Орландо ја игра млако. Среќа за нас е што на Селтикси им се повреди Порзингис, па си дозволувам да си правам екскурзија на мозок. Тука е и желбата за одмазда од минатиот плејоф.
Јас си реков за Селтикси си ;)
Не спиј на тоа уво дека се непобедливи. Двата тима немаат Бог знае каква клупа, а без Порзингас веќе дебело се во минус под кош. Ако онај дедото Хорфорд ги надскока и надигра Мобили и Ален тогаш овие нека се бесат.
Дури и лани кога ве елиминиравме јас бев целиот зачуден како така лесно помина таа серија, само годинава нема да е лесно против Кливленд, кој и да игра.
Не се цела сезона комплетни ама еве во ПО се здрави, не е екипа за потценување. Практично сега сите на истокот се изедначени по квалитет.
Бостон, по повредата на еднорогот, па Њујорк, Кливленд и на крај Индијана се екипи шо во 7 натпревари можи и така и така да заврши.
Допрва колење ќе има.

Не знам зошто би го отпуштиле, не е до него губењето.
Се мислеше на Тибодо во коментарот дека е магаре, не Лу :D Него да го отпуштат, Лу да го грабниме ама соништа...
Од една страна сакаш тимот да ти просперира и да стигни што подалеку, од друга страна точно на патот на просперитетот стои тренерот кој ќе го сменат само ако нема напредок.
Mixed up feelings.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.416
Поени од реакции
29.932
Те разбрав секако... И не заборавај Тибодо да ни го спакувате, за асистент ќе треба. :)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.232
Поени од реакции
108.114
^^ Лу е едини пролазно добар тренер од набројаните.
Идиотската управа веројатно пак ќе одбере лош тренер. Не знам по кој критериум го одбраа Дарвин Хам. И немаше потреба да чекаат две години, од сам старт се гледаше дека не го бива за ништо.



Не знам зошто би го отпуштиле, не е до него губењето.
Мајк Буденхолзер би го земал уште денес, сместа, каков Лу какви бакрачи.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.416
Поени од реакции
29.932
Лу е подобар тренер од Буденхолзер. И џабе муабетот кога лани летото Ник Нурс беше слободен а овие продолжија со Дарвин ебаниот Хам после дебаклот против Денвер (тогашната метла). Што се мене тиче ако изборот е очаен подобро да го промовираат Фил Ханди од асистент во тренер, барем само за една година може да бидат заебани.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.232
Поени од реакции
108.114
Ај објасни зошто е подобар тренер.
Автоматски споено мислење:

И џабе муабетот кога лани летото Ник Нурс беше слободен
Јакиот па тренер Нурс, видовме со Фила како се посра. Hh
 
Последно уредено:

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.656
Поени од реакции
12.508
И Бад и Лу се сосем солидни тренери, со тоа што на Лу му давам мала предност во хендлање на ега и „супер ѕвезди“. Од друга страна пак, Бад и многу пати има покажано дека може да напраи систем од просеци. Се зависи од тоа во која насока сакаат да одат Лејкерс. Само не ми е јасно, Џеј Џеј Редик аКа Гери Невил од НБА, што кур бара во муабетов.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.127
Поени од реакции
11.518
Добива Меџик денеска.

Незнам дали ќе издржам до 4 за Далас. Малце усул да се имало овие јенкиве.


Овја болесник е.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom